Во текот на изминатата недела по спроведена дисциплинска постапка, донесени се четири решенија против четири вработени во Министерството поради сторени повреди во работењето, согласно одредбите по член 133 став 1 точка 2 и 7 и по член 134 став 1 точка 7 од Колективниот договор на МВР и едно решение за запирање на дисциплинска постапка бидејќи нема повреда во работењето .
На четири вработени изречена им е мерка парична казна заради пречекорување на службените овластувања согласно одредбите по член 133 став 1 точка 2 и 7 и по член 134 став 1 точка 7 од Колективниот договор, а се работи за:
- Д.Т. полициски службеник во полициска станица за обезбедување на државна граница Блаце, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во наредните три месеци (го изгубил службениот пиштол);
- Е.Ф. полициски службеник во полициска станица за надворешно физичко обезбедување на објекти, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во траење од еден месец (се одалечил од работното место)
- Р.Г. полициски службеник во полициска станица за надворешно физичко обезбедување на објекти, изречена му е парична казна во износ од 10% од месечната плата во траење од еден месец (заспал на работното место)
- Ј.М. инспектор во полициска станица Делчево, изречена му е парична казна во износ од 10% од месечната плата во наредните два месеци (навремено не изготвил кривична пријава)
|