Навигација

05.07.2010 Почнува документирањето на пријавата против насилниците к во сообранискиот инцидент
Амнестирањето на насилието е реална опасност за повторување на вандализмот

Службите на Министерството за внатрешни работи започнаа со документирање на пријавата која ќе следи против пратениците кои пред собраниската зграда го попречија полицискиот службеник при вршењето на неговата службена должност и потоа физички и вербално го нападнаа со туркање влечење и закани.

Целокупниот доказен материјал за насилниот инцидент денеска е доставен и до Претседателот на Собранието на РМ, заедно со пропратното писмо чија соджина ја пренесуваме во целост:

Министерството за внатрешни работи целосно го расчисти и документираше инцидентот кој се случи пред и во зградата на Собранието на Р. Македонија вечерта на 01.07.2010 година.

Со нападот, влечењето, туркањето и попречувањето на службеното лице во извршувањето на неговите задачи, бевме сведоци на срамен вандализам од страна на неколку поединци, кој доколку остане несанкциониран ќе го загрози угледот на законодавниот дом.

Од пишаните и видео материјалите јасно се гледа кој влече, кој турка, кој напаѓа, кој навредува и кој попречува извршување на службено дејствие. Нема никаква дилема кој е одговорен и кој се учествува во малтретирањето на службеното лице. Единствената дилема засега се мотивите на иницијаторите на инцидентот.

Сепак во моментов е најважно првин да се справиме со последиците и да им се докаже на насилниците дека таквото однесување е срамно, недолично и неприфатливо дури и на улица. Ако поминат неказнето, реален е стравот да продолжат со насилничко однесување. Реална е опасноста повторно со раце да ја делат сопствената „правда“ и сопствената „демократија“ во законодавниот дом, кога некого нема да препознаат или истиот нема да биде по нивен вкус. Впрочем дел од истите учесници во овој инцидент, во 2007 фрлаа со шишиња и брутално нападнаа три пратенички.

На ваквото насилие мора да му застанеме на пат еднаш за секогаш. Пред се заради граѓаните и угледот на институциите и државата. Министерството за внатрешни работи ви стоело и ќе ви стои на располагање за сите дополнителни информации кои би можеле да ви ги обезбедиме.

Назад 

Креиран од lsrazvoj на 05.07.2010
   
Моментално посетители: 103
Вкупно посетители: 5218429