Навигација

06.07.2010 Реализиран случај на недозволена трговија со марихуана во Струга
При извршениот претрес пронајдени се вкупно 340 стебла марихуана

 

Единица за борба против недозволена трговија со дрога при ООК, во содејство со СВР Охрид - ПС Струга – ОНТДО, реализираа случај на недозволена трговија со марихуана, за што на  06.07.2010 година  ПС Струга до Основно Јавно обвинителство Струга противЗ.А. (39) од с.Заграчани-Струга ќе поднесе кривична пријава, за сторено кривично дело “Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори”.

По претходно добиени оперативни сознанија  дека З.А.  во својот двор во с.Заграчани одгледува насади со марихуана, на ден 05.07.2010 година во 17,00 часот спроведена е координирана акција во содејство со СВР Охрид - ПС Струга – ОНТДО и врз основа на наредба на надлежен истражен судија извршен е претрес во домот на осомничениот.

При извршениот претрес на три локации во дворното место биле пронајдени вкупно 340 стебла марихуана со просечна висина од 1,5 до 2,8 метри, од кои 40 стебла биле засадени во саксии.

Стеблата со марихуана се предадени во Одделот за криминалистичка техника на МВР за понатамошно вештачење

 


Назад 

Креиран од lsrazvoj на 06.07.2010
   
Моментално посетители: 1
Вкупно посетители: 5218541