Во текот на изминатата недела по спроведена дисциплинска постапка, донесени се шест решенија против шест вработени во Министерството поради сторени повреди во работењето, согласно одредбите по член 134 став 1 точка 4 и 7 од Колективниот договор на МВР.
На пет вработени изречена им е мерка парична казна, а еден вработен е писмено предупреден заради пречекорување на службените овластувања согласно одредбите по член 134 став 1 точка 4 и 7 од Колективниот договор, а се работи за:
М.С. полициски службеник во полициска станица од општа надлежност Кочани, изречена му е парична казна во износ од 10% од месечната плата во наредните три месеци (употребувал и бил под дејство на алкохол за време на работа);
А.С. полициски службеник во полициска станица од општа надлежност Кочани, изречена му е парична казна во износ од 10% од месечната плата во траење од три месеци (употребувал и бил под дејство на алкохол за време на работа);
Д.А. полициски службеник во полициска станица од општа надлежност Берово, изречена му е парична казна во износ од 10% од месечната плата во траење од три месеци (употребувал и бил под дејство на алкохол за време на работа);
П.Ц. полициски службеник во полициска станица од општа надлежност Прилеп, изречена му е парична казна во износ од 10% од месечната плата во наредните два месеци (не изготвил записник за сторен прекршок);
С.С. полициски службеник за превенција во СВР Струмица, изречена и е мерка писмено предупредување (не доставила писмено известување дека ќе користи боледување);
С.М. командир на одделение во единицата за брзо распоредување, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во траење од еден месец (заспал на работно место); |