Навигација

Сектор за внатрешна контрола и професонални станда
16.05.2010 Неделен билтен на дисциплински постапки
Против 13 полициски службеници изречени дисциплински санкции

 

16.05.2010 Неделен билтен на дисциплински постапки
Против 13 полициски службеници изречени дисциплински санкции
 

Во текот на изминатата недела по спроведена дисциплинска постапка, донесени се 13 решенија против 13 вработени во Министерството поради сторени повреди во работењето, согласно одредбите по член 133 став 1 точка 3 и 134 став 1  точка  4 и 7 од Колективниот договор на МВР и едно решение за запирање на дисциплинска постапка бидејќи нема утврдено повреда во работењето.

 

На 11 вработени изречена им е мерка парична казна,  на еден вработен му е изречена мерка отказ, како и на една вработена и е изречена мерка писмено предупредување, заради пречекорување на службените овластувања согласно одредбите по член 133 став 1 точка 3 и  134 став 1 точка  4 и 7 од Колективниот договор, а се работи за:

 

-          П.П. полициски службеник во полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Гостивар, изречена му е парична казна во износ од 10% од месечната плата во наредните два месеци  (не презел мерки за расчистување на случај);

 

-          А.С. полициски службеник во полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Гостивар, изречена му е парична казна во износ од 10% од месечната плата во наредните два месеци  (не презел мерки за расчистување на случај);

 

-          Ј.И. полициски службеник во полициска станица од општа надлежност Ѓорче Петров, изречена му е парична казна во износ од 10% од месечната плата во наредните четири месеци  (употребувал и бил под дејство на алкохол за време на работа);

 

-          А.Б. полициски службеник во полициска станица за обезбедување на државна граница Рогачево, изречена му е мерка отказ (управувал товарно моторно возило со туѓи регистерски таблици и учествувал во сообраќајна незгода);

 

-          Б.К. инспектор во полициска станица од општа надлежност Кавадарци, изречена и е мерка писмено предупредување (задоцнила на работа );

 

-          Г.Ц. командир на полициско одделение за безбедност на патниот сообраќај Македонски Брод, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната  плата во наредните три месеци (го нарушил јавниот ред и мир);

 

-          З.Ј. полициски службеник за обезбедување на дипломатски конзуларни преставништва, изречена му е парична казна во износ од 10% од месечната  плата во наредните три месеци (употребувал и бил под дејство на алкохол за време на работа);

 

-          Г.Б. полициски службеник во единица за брзо распоредување, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната  плата во траење од еден месец (спиел на работа);

 

-          Р.Т. полициски службеник во единица за брзо распоредување, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната  плата во траење од еден месец (спиел на работа);

 

-          К.М. полициски службеник во единица за брзо распоредување, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната  плата во траење од еден месец (спиел на работа);

 

-          Л.Ф. полициски службеник во полициска станица од општа надлежност Чаир, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во наредните три месеци (се оддалечил од работното место);

 

-          А.Е. полициски службеник во полициска станица од општа надлежност Чаир, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во наредните шест месеци (ослободил приведено лице без притоа да го заведе настанот во службената евиденција);

 

-          И.Н. полициски службеник во посебна мобилна единица на полицијата за борба против криминалот, изречена му е парична казна во износ од 10% од месечната плата во наредните три месеци (одбил да изврши наредба од претпоставен старешина);

Назад 

Креиран од lsrazvoj на 16.05.2010
   
Моментално посетители: 111
Вкупно посетители: 5218544