Во текот на изминатите две недели по спроведена дисциплинска постапка, донесени се 19 решенија против 19 вработени во Министерството поради сторени повреди во работењето, согласно одредбите по член 134 став 1 точка 4 и 7 од Колективниот договор на МВР.
На 16 вработени изречена им е мерка парична казна, а на еден вработен изречена му е мерка отказ заради пречекорување на службените овластувања, додека двајца вработени се писмено предупредени заради пречекорување на службените овластувања согласно одредбите по член 134 став 1 точка 4 и 7 од Колективниот договор, а се работи за:
- И.Р. полициски службеник во единицата за брзо распоредување, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во траење од еден месец (спиел на работа);
- Б.Д. полициски службеник во полициска станица од општа надлежност Гостивар, изречена му е парична казна во износ од 10% од месечната плата во траење од два месеци (употребувал и бил под дејство на алкохол за време на работа);
- Д.С. полициски службеник во полициска станица Пехчево, изречена му е парична казна во износ од 10% од месечната плата во траење од три месеци (спиел на работа);
- Д.А. полициски службеник во полициска станица од општа надлежност Берово, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во траење од шест месеци (одбил да соработува со Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди);
- З.А. полициски службеник во полициска станица од општа надлежност Кочани, изречена му е парична казна во износ од 10% од месечната плата во траење од два месеци ( употребувал и бил под дејство на алкохол за време на работа);
- З.Ѓ. полициски службеник во полициска станица од општа надлежност Центар, изречена му е парична казна во износ од 10% од месечната плата во траење од три месеци (овозможил на лица учесници во реално шоу да се сликаат во службено возило);
- Б.С. полициски службеник во полициска станица од општа надлежност Прилеп, изречена му е парична казна во износ од 10% од месечната плата во наредните три месеци (употребувал и бил под дејство на алкохол за време на работа);
- П.Б. полициски службеник во полициска станица за обезбедување на државна граница Старавина, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во наредните четири месеци (го нарушил јавниот ред и мир);
- В.Ц. полициски службеник во единицата за брзо распоредување, изречена му е мерка – отказ (извршил кражба);
- С.Д. водич во полициска од општа надлежност Демир Хисар, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во наредните шест месеци (испукал неколку куршуми во воздух);
- К.Д. полициски службеник во полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Струмица, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во наредните шест месеци (вршел дополнителна дејност без да прибави согласност од министерот);
- Т.Б. виш инспектор во Секторот за внатрешни работи Струмица, изречена му е парична казна во износ од 10% од месечната плата во траење од еден месец (употребувал и бил под дејство на алкохол за време на работа);
- Д.Е. виш инспектор во Секторот за внатрешни работи Струмица, изречена му е мерка писмено предупредување (влегол во угостителски објект со униформа);
- Б.Г. обработувач на податоци во полициска станица од општа надлежност Чаир, изречена и е мерка писмено предупредување (се однесувала дрско со претпоставениот старешина);
- А.З. полициски службеник во единицата за брзо распоредување, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во траење од еден месец (спиел на работа);
- Г.Ѓ. полициски службеник во единицата за брзо распоредување, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во траење од еден месец (спиел на работа);
- Б.Х. полициски службеник во полициска станица за надворешно физичко обезбедување на објекти, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во траење од еден месец (спиел на работа);
- И.И. полициски службеник во полициска станица за гранична контрола Јажинце, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во наредните два месеци (спиел на работа);
- Б.А. полициски службеник во полициска станица за гранична контрола Tабановце, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во наредните три месеци (го нарушил јавниот ред и мир);
|