Навигација

06.07.2010 Претседател на стечаен совет пријавен за злоупотреба
Како претседател на стечаен совет го оштетил Буџетот за 608.000 евра

На  06.07.2010 година СВР-Штип поднесе кривична пријава  до Основното Јавно Обвинителство во Кочани против В.А.(66) од Кочани поради постоење основано сомневање дека  сторил кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“

Пријавениот во својство на Претседател на Стечајниот совет, по отворена стечајна постапка над стечајниот должник ЗИК „Брегалница“ од Виница во 2004 година, искористувајки ја својата службена положба со пречекорување на границите на своите овластувања  а во содејство со тогашниот стечаен управник  извршил со непосредна спогодба  продажба на имотот на должникот што претставува вишнов насад со површина од 76.63.72. м2.  на правното лице „Давидов И-Компани“ ДООЕЛ с. Лешки-Кочани.

При продажбата не биле испочитувани одредбите од Законот за стечај   кои предвидуваат претходно да се изврши проценка на имотот од вешто лице како и да се објави јавен оглас  за прибирање понуди со јавно наддавање  кое се врши со објавување во најмалку 2 дневни весника. Доколку по две последователни спроведени постапки на јавен оглас за прибирање понуди или на јавно наддавање не се изврши продажбата  на имотот од стечајната маса  тогаш одлуката за продажба со непосредна спогодба ја донесува Стечајниот совет  а по предлог на Стечајниот управник  но по претходно  мислење од Одборот на доверители. 

Во овој случај  одлуката ја донел Стечајниот совет чиј претседател е пријавениот кој го продал имотот за 20.000 евра иако од Министерството за земјоделство, шуми и водостопанство    истиот е проценет на 608.000 евра, за кој износ е оштетен Буџетот на Р.Македонија.

Назад 

Креиран од lsrazvoj на 06.07.2010
   
Моментално посетители: 1
Вкупно посетители: 5218659