Навигација

Сектор за внатрешна контрола и професонални станда
04.07.2010 Решенија по дисциплински постапки
Санкционирани 34 вработени

Во текот на изминатата недела по спроведена дисциплинска постапка, донесени се 34 решенија против 34 вработени во Министерството поради сторени повреди во работењето, согласно одредбите по член 134 став 1  точка  4 и 7  од Колективниот договор на МВР.

На 27 вработени изречена им е мерка парична казна, четворица вработени се предупредени, на двајца вработени им е изречена мерка отказ, додека на еден вработен му е изречена мерка прераспоредување заради пречекорување на службените овластувања согласно одредбите по член 134 став 1 точка 4 и 7 од Колективниот договор, а се работи за:

-          Љ.С. полициски службеник во Единицата за брзо распоредување, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во траење од еден месец (спиел на работа);

 

-          Б.Ѓ. полициски службеник во Единицата за брзо распоредување, изречена му е парична казна од 15% од месечната плата во траење од шест месеци  ( ја поминал наплатната рампа без да плати);

 

-          Б.Х. командир на полициска станица за обезбедување на државна граница Ново село, изречена му е мерка распоредување две места пониско (поднел барање за поведување прекршочна постапка иако не бил констатиран прекршок);

 

-          В.Б. главен оперативен работник во Одделот за обезбедување на лица и внатрешно обезбедување на објекти, изречена му е парична казна во траење од еден месец (непотребно влегол во вербална расправија и не се однесувал пристојно и одмерено)

 

-          С.А. полициски службеник во полициска станица од општа надлежност Гостивар, изречена му е парична казна во износ од 10% од месечната плата во траење од три месеци (извршил претрес без присуство на сведоци);

 

-          М. К. водич на безбедносен реон во полициска станица од општа надлежност Валандово, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во траење од четири месеци (употребувал и бил под дејство на алкохол за време на работа);

 

-          С.М. полициски службеник во полициска станица од општа надлежност Куманово, изречена му е парична казна во износ од 10% од месечната плата во траење од два месеци (спиел на работа);

 

-          Г.Д. полициски службеник во полициска станица од општа надлежност Кичево, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во траење од три месеци (употребувал и бил под дејство на алкохол за време на работа);

 

-          В.Х. полициски службеник во полициска станица од општа надлежност Струга, изречена му е парична казна во износ од 10% од месечната плата во траење од три месеци (го напуштил работното место);

 

-          М.Ѓ. инспектор во Секторот за внатрешни работи Охрид, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во траење од пет месеци (не ги извршил совесно работните задачи);

 

-          С.Ј. полициски службеник во полициска станица од општа надлежност Аеродром, изречена му е мерка писмено предупредување (се однесувал непрофесионално спрема командирот);

 

-          Н.К. водич на безбедносен реон во полициско одделение Матејче, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во траење од пет месеци (не презел соодветни мерки за да спречи нарушување на јавниот ред и мир);

 

-          И.М. советник во надворешна канцеларија за управни работи Неготино, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во траење од еден месец (не ги извршил работните обврски навремено);

 

-          А.Д. полициски службеник во полициска станица од општа надлежност Гостивар, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во траење од три месеци (не презел мерки да не избега приведено лице);

 

-          Х.И. полициски службеник во полициска станица од општа надлежност Гостивар, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во траење од три месеци (не презел мерки да не избега приведено лице);

 

-          Г.И. полициски службеник во полициска станица од општа надлежност Гостивар, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во траење од три месеци (не презел мерки да не избега приведено лице);

 

-          С.Ј. главен аналитичар во полициска станица од општа надлежност Бит Пазар, изречена и е мерка предупредување, (овозможила без редовна постапка да се стекнат со патни исправи);

 

-          Џ.К. полициски службеник во полициска станица од општа надлежност Бит Пазар, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во траење од шест месеци (овозможил без редовна постапка да се стекнат со патни исправи);

 

-          В.Б. полициски службеник во полициска станица од општа надлежност Кисела Вода, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во траење од 10 месеци (се обидел да одземе пишани материјали за сторен прекршок);

 

-          Б.Ч. помошник командир во полициска станица за гранична контрола Ќафасан, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во траење од пет месеци (возел возило со неуредна документација);

 

-          Ф.А. помошник командир во полициска станица од општа надлежност Драчево, изречена му е мерка-писмено предупредување (се јавил на приватен мобилен телефон на полицаец кој вршел служба);

 

-          Л.Б. командир во полициска станица Франгово, изречена му е е парична казна во износ од 15% од месечната плата во траење од пет месеци (одбил наредба);

 

-          Д.Л. полициски службеник во полициска станица од општа надлежност Гази Баба, изречена му е парична казна во износ од 10% од месечната плата во траење од три месеци (употребувал и бил под дејство на алкохол за време на работа);

 

-          И.Т. полициски службеник во полициска станица од општа надлежност Куманово, изречена му е парична казна во износ од 10% од месечната плата во траење од два месеци (спиел на работа);

 

-          З.З. полициски службеник во Единица за надворешно обезбедување на објекти, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во траење од три месеци (спиел на работа);

 

-          С.Н. полициски службеник во Единица за надворешно обезбедување на објекти, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во траење од два месеци (употребувал и бил под дејство на алкохол за време на работа);

 

-          Д.А. полициски службеник во Единица за надворешно обезбедување на објекти, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во траење од три месеци (спиел на работа);

 

-          И.Б. полициски службеник во Единица за надворешно обезбедување на објекти, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во траење од четири месеци (спиел на работа);

 

-          Б.А. полициски службеник во полициска станица за обезбедување на државна граница Ново Село, изречена му мерка-отказ (не дошол на работа три последователни дена);

 

-          С.И. полициски службеник за гранична контрола Волково, изречена му е мерка-писмено предупредување (пропуштил лице без соодветни документи);

 

-          Г.А. полициски службеник во полициска станица за обезбедување на државна граница Маздрача, изречена му е мерка-отказ (извршил убиство);

 

-          Б.Б. полициски службеник во полициска станица од општа надлежност Струмица, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во траење од три месеци (го напуштил патролниот реон);

 

-          Ж.С. полициски службеник во полициска станица од општа надлежност Струмица, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во траење од три месеци (го напуштил патролниот реон);

 

-          Г.Б. помошник директор во Центар за обука, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во траење од шест месеци (не водел уредна евиденција за возилата во Центарот за обука, потпишал наредба за работа подолга од работното време за работник и за истиот период на работникот му била исплатена дневница);

Назад 

Креиран од lsrazvoj на 04.07.2010
   
Моментално посетители: 106
Вкупно посетители: 5218548