Навигација

09.07.2010 Интруктивна телеграма во пресрет на утрешната собраниска седница
Обезбедувањето повторно да го задржи нивото и да не возвраќа на евентуални провокации

Во пресрет на утрешната собраниска седница, министерката Гордана Јанкулоска до вработените во Одделот за обезбедување упати инструктивна телеграма во која меѓу другото се вели:

„Инцидентот кој се случи на 01.07.2010 година, кога пред и во зградата на Собранието беше нападнат и попречен во извршувањето на службените задачи наш колега, наложува поголема будност во наредниот период.

На овој начин би сакала уште еднаш да ги предупредам сите вработени во Одделот за обезбедување да не подлегнуваат на потенцијални провокации и да продолжат да се однесуваат професионално согласно законите и правилниците за постапување.

Доколку и се случи некоја провокација, полициските службеници повторно треба да ја задржат присебноста и не смеат да го спуштат нивото и да возвраќаат со сила. Треба да се задржи вербата дека постои институционален начин за лоцирање на одговорноста и санкционирање на виновниците.

Свесна сум дека може да делуваат депримирачки обидите да се избегне и префрли одговорноста во случај кога сите докази јасно покажуваат кој се однесувал недолично, кој влечел, кој туркал и кој попречувал извршување на службени задачи. Свесна сум дека може да делува депримирачки тоа што Секторот за внатрешна контрола при секој пропуст направен од полициски службеник покренува дисциплинска постапка, а во случајов една недела по вандалскиот напад не само што нема одговорност, туку учесниците продолжуваат со неаргументираните обвинувања.

Би сакала да ве уверам дека ќе сториме се што е во рамки на законот инволвираните во инцидентот да сносат соодветна одговорност. Доколку е некаква утеха, треба да знаете дека изминативе денови целата домашна и меѓународна јавност се увери кој се однесувал професионално, а кој се обиде насилнички, со раце, да дели сопствена правда.“

Назад 

Креиран од lsrazvoj на 09.07.2010
   
Моментално посетители: 1
Вкупно посетители: 5218491