Навигација

13.07.2010 Злоупотреба во РЕК Битола
Кривични пријави за 12 одговорни лица во комбинатот

СВР Битола до надлежното Основно јавно обвинителство поднесе кривични пријави против лицата Б.Р. (56), Т.П. (48), З.К.(57), Т.П. (53), О.З. (47), М.С. (53), П.П. (55), Б.М. (40), С.М. (53), З.Б. (41), Н.Ј. (49), Б.Ѓ. (49) сите на одговорни функции во ПЕ Термоелектрани при АД во државна сопственост ЕЛЕМ, Подружница РЕК Битола и во РЕК Битола, а поради постоење основано сомнение дека сториле кривично дело – “злоупотреба на службената положба и овластувања“.

Имено, дванаестмината пријавени во текот на 2008 година користејќи ги своите тогашни одговорни функции на различни позиции при Рударско енергетскиот-комбинат спротивно проектираните вредности за услуги од работна рака за ремонт на постројки во термоелектрани Битола, како и спротивно на интерните акти, односно двете известувања што РЕК Битола кои ги доставиле на 08.01.2008 и на 26.06.2008 година за број на извршители и број на работни часови, потпишувале фактури за надворешни правни лица со кои исплатените финасиски средства ги надминале проектираните.

Така, првопријавениот во својство на директор ПЕ Термоелектрани при АД во државна сопственост ЕЛЕМ, Подружница РЕК Битола - Новаци и второ пријавениот, во својство на поранешен технички директор во истата организација во текот на 2008 година заедно потпишале вкупно 72 фактури од различни правни лица во вкупен износ од 442.044.297 денари и покрај тоа што знаеле дека согласно рамковната спогодба од јавна набавка бр. 06-10/2008 проектираната вредност за услуги од работна рака за ремонт на постројки во термоелектрани Битола изнесува само 195.000.000 денари. Исто така, во текот на 2008 година двајцата пријавени во повеќе наврати пречекорувајќи ги границите на нивните службени овластувања заедно и поединечно поптишале 86 фактури од правни лица кои се однесувале на работна рака за услуги од надворешни извршители спротивно на определениот број на извршители и работни часови прецизирани во интерните акти, со што им овозможиле на различни фирми, повеќе од договореното, да бидат исплатени за поголем број работни часови и поголем број работници.

Пријавените З.К. и Т.П. во посочениот период, првиот како помошник директор за комерција при РЕК Битола, а вториот во својство на самостоен референт во комреција при РЕК Битола заедно поптишале вкупно 326 фактури од различни правни лица за работна рака и работни часови за услуги од надворешни извршители, спротивно договорените проекции.

Петто пријавениот М.С. којшто во 2008 година бил на позицијата директор на ПЕ Рудници при АД во државна сопственост ЕЛЕМ, подружница РЕК Битола-Новаци, поединечно со останатите пријавени, тогаш одговорни лица во други организациони единици, пречекорувајќи ги службените овластувања потпишал вкупно 258 фактури од различни фирми по истиот основ, а спротивно на утврдениот број извршители и работни часови што во двете известувања од јануари и јуни 2008 година РЕК Битола им ги доставила на надворешните извршители.

Назад 

Креиран од lsrazvoj на 13.07.2010
   
Моментално посетители: 1
Вкупно посетители: 5218573