Навигација

15.07.2010 Продолжува расчистувањето на криминалот на „Мадам Пепи„
Преку 300000 нелегално заработени евра испрани во Македонија и Италија

Одделот за Организиран до ОЈО за гонење организиран криминал и корупција, поднесе кривична пријава против П.М.(39) од Скопје, поради постоење основано сомнение дека сторила кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“, по член 273 ст.1 и 3 од КЗ на РМ, односно во оптек пуштила 20.849.610,00 денари кои ги стекнала на криминален начин.

Инаку, во февруари месец оваа година против пријавената, од страна на Одделот за организиран криминал при МВР на Р.Македонија, до Основното јавно обвинителство-Скопје поднесени се две кривични пријави поради основи на сомневање дека сторила кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, казниво по член 215 став 1 од КЗ на РМ и „прикривање на стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама“ по член 278-б од КЗ на РМ.   

Паричните средства стекнати со нелегална продажба на криумчарената стока во периодот од 2007 до 2010 година според обезбедените докази пријавената ги пуштила во оптек на следниов начин: 

-во месец Март 2009 год извршила уплата на банкарската сметка на правното лице „Порше Македонија“ ДООЕЛ Скопје за набавка на подвижен имот-патничко моторно возило марка АУДИ А4 во вредност од 1.823.475,00 денари. Уплатата ја извршила со разделување на трансакцијата на три дела за само четири дена, со цел да ја избегне должноста Банката преку која е извршено плаќањето да ја пријави ваквата трансакција до Управата за спречување перење пари и финансирање тероризам согласно Законот за спречување перење пари според кој е задолжително пријавување на секоја готовинска уплата над 15.000 евра, со што е евидентно дека истата постапувала со умисла и во обид да прикрие дека паричните средства потекнуваат од кривични дела;

-друг дел од криминално стекнатите парични средства ги чувала во закупен сеф во „Алфа Банка“ во Скопје во кој е пронајдена сума во износ од 72.800 евра. Сефот истата во повеќе наврати го посетувала еден до два дена пред да замине во Италија за набавка на роба;

-поседува сметка во Комерцијална банка АД Скопје на која во периодот 2007-2010 година имала постојан прилив и одлив на парични средства за коишти не постои доказ дека се легални примања. Во времето кога се преземани мерки и активности од МВР на РМ за проверка на нејзините сметки, односно на 13.04.2010 год. на салдото на девизната УСД сметка имала 13.907 долари, а на девизната ЕУР сметка 3.501 евра;

-најголемиот дел од криминално стекнатите парични средства во периодот од 2007 до 2010 година ги пуштала во оптек надвор од Р.Македонија за купување роба, при што на Италијанската граница пријавувала парични средства за кои Италијанската Царинска служба и издавала Декларации за трансфер на парични средства еднакви или поголеми од 10.000 Евра  на вкупен износ од 221.600 евра.

 

Од извршените проверки утврдено е дека пријавената до Управата за јавни приходи нема поднесено Годишна даночна пријава за персонален данок на доход во изминативе 10 (десет) години, како и тоа дека истата е оснивач и сопственик на две правни лица, од кои едното правно лице не е активно, а во другото е пријавена само како вработена и од таму прима плата во износ од 10.000,00 денари кои се и нејзините единствени легални примања.

 

Вкупниот износ од 20.849.610,00 денари[1] за кои се обезбедени докази, се однесуваат на средствата кои пријавената ги упоребила за купување на моторно возило Ауди А4, кои се пронајдени на банкарските сметки и парите пронајдени во бакарскиот сеф како и девизните средства кои ги пријавувала при влез во Италија.



[1] Според курс од 05.07.2010 1 УСД =50,71 ден. и 1ЕУР = 61,50 ден

Назад 

Креиран од lsrazvoj на 15.07.2010
   
Моментално посетители: 1
Вкупно посетители: 5218592