Навигација

15.07.2010 По иницијатива на белгиското претседателство со ЕУ
Првиот човек на МВР, м-р Гордана Јанкулоска на министерски состанок во Брисел

Министерката за внатрешни работи м-р Гордана Јанкулоска од денес (15.07) и во наредните два дена во Бирсел (Белгија) ќе учествува на дводневната работна средба на министрите за внатрешни работи и за правда на земјите членки на ЕУ и земјите кандидати за членство во Унијата, којашто се одржува во организација на Белгиското претседавање со Советот на ЕУ.

Во текот на дводевниот состанок поделен на неколку пленарни сесии во доменот на внатрешните работи и безбедност, шефовите на овие ресори ќе дискутираат на темите: “Како да се воспостави заеднички европски систем за азил до 2012 година“ и за “Превенцијата од криминал“. Според предвидената агенда на белгиското претседателство, по однос на воспоставувањето на заедничкиот европски систем за азил до 2012 година, министрите ќе дискутираат околу досегашните постигнувања на полето на легислативната хармонизација на проблематиката на азилот во рамките на земјите на Унијата, и за натамошните чекори во интензивирање на истата со цел до 2012 да профункционира во пракса европскиот регулаторен систем за азилот. Исто така, министрите за внатрешни работи на земјите членки на ЕУ и земјите кандидати за членство ќе дискутираат и околу европската стратегија за т.н. “внатрешна безбедност“, односно за системот мерки за квалитативно подобрување на превенцијата од криминалот. Во тој контекст намерата на белгиското претседателство со ЕУ е токму во насока на натамошно консолидирање и зајакнување на соработката меѓу надлежните институции. Притоа на состанокот особено внимание ќе се посвети на зајакнување на превентивните капацитети во однос на проблематиката со прекуграничниот криминал за што токму Стокхолмската програма дава јасни насоки дека од клучно значење во сузбивањето на овој облик на криминалитет претставува превенцијата. 

Инаку, предвидено е министерката Јанкулоска на маргините од пленарните сесии да оствари билатерални контакти со своите европски колеги.

Назад 

Креиран од lsrazvoj на 15.07.2010
   
Моментално посетители: 113
Вкупно посетители: 5218422