Навигација

16.07.2010 Приведени тројца битолчани поради сомненија за неовластено произвоство на марихуана
Со прскалка полевале 203 стебла канабис на земјоделска парцела

Поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“, предвидено и казниво по член 215 од КЗ на РМ, против Д.И.(34), Ц.И.(37) и Т.И.(57), тројцата од Битола.

Според досега документираните сознанија, осомничените во текот на годинава, неовластено одгледувале „Канабис сатива“ во градинарска парцела во местото викано „Градско поле“, во околината на Битола, ја обработувале и ја наводнувале со помош на распрскувачки систем за наводнување.

При работа на нивата бил затекнат Ц.И., а веднаш потоа се приведени и другите двајца осомничени. Тројцата во информативниот разговор во полиција се бранеле со молчење.

Со судски налог е извршен претрес на споменатата парцела на која беа пронајдени и одземени вкупно 203 садници од растението „Канабис сатива“ со висина од 70 до 270 сантиметри. Одземениот материјал, уште синоќа е предаден на вештачење во Одделот за криминалистичка техника при МВР и потврдено е дека се работи за канабис, во различна фаза на развој, од кого со подоцнежна обработка се добиваат наркотични дроги марихуана и хашиш.

Вештачењето, заедно со доказниот материјал, кривичната пријава и осомничените ќе биде предадено на надлежниот Обвинител и Истражен судија.

 

Назад 

Креиран од lsrazvoj на 16.07.2010
   
Моментално посетители: 9
Вкупно посетители: 5218395