Навигација

17.07.2010 Неуспеал да ја пренесе марихуаната од Охрид за Скопје
Приведен 29 годишен скопјанец со кеса марихуана

На 16.07.2010 година Одделението за недозволена трговија при СВР – Скопје до надлежното ОЈО – Скопје, поднесе кривична пријава против Ѓ.Л. викан „ЖУЧ„(29) од Скопје, поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело “Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори„ по чл. 215 од КЗ на РМ. При реализацијата на случајот пронајдена е и одземено 1 (едно) пакување облепено со кафеава селотејп лента со вкупно  830 грама марихуана.

Имено, на автопатот Тетово – Скопје, при  сообраќајна рутинска контрола од страна на полициски службеници од ПС за БПС „Автопат Тетово„ била издадена наредба за запирање на ПМВ „Голф„ со скопски регистерски ознаки, сопственост и управувано од осомничениот. Истиот се оглушил на наредбата за застанување кај клучката „Групчин“, прололжил и при подолго движење бил сопрен кај бензинската пумпа „7-Браќа“, а од таму приведен во ПС „Ѓорче Петров“ заедно со неговите другари – браќата Д.Д. и Д.Б. од Скопје (како сопатници во возилото). Во возилото меѓу возачкото и совозачкото седиште е пронајдена 1 (една) рачна кеса со натпис „ВИП“, а во која се наоѓало 1 (едно) пакување облепено со кафеава селотејп лента со наркотична дрога марихуана.

По превземањето на Ѓ.Л. и двајцата браќа од страна на  полициски службеници од СВР – Скопје – ЕКР – ОНТ, со истите  во службените простории е извршен службен разговор и дознаено дека Ѓ.Л. ја купил марихуаната од лице со прекар „Лошко“ од Охрид за цена од 500 евра за 1 (еден) килограм.

Ѓ.Л. е познат извршител на кривични дела од овој вид, како и на кривични дела од областа на имотните деликти.

 

Назад 

Креиран од lsrazvoj на 17.07.2010
   
Моментално посетители: 1
Вкупно посетители: 5205465