Во текот на изминатата недела по спроведена дисциплинска постапка, донесени се шест решенија против шест вработени во Министерството поради сторени повреди во работењето, согласно одредбите по член 134 став 1 точка 4 и 7 од Колективниот договор на МВР.
На пет вработени изречена им е мерка парична казна, додека еден вработен е писмено предупреден заради пречекорување на службените овластувања согласно одредбите по член 134 став 1 точка 4 и 7 од Колективниот договор, а се работи за:
- Д.С. полициски службеник во полициска станица за надворешно физичко обезбедување на објекти, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во траење од шест месеци (заспал на работното место);
- З.З.полициски службеник во полициска станица за надворешно физичко обезбедување на објекти, изречена му е парична казна во износ од 10% од месечната плата во траење од шест месеци (употребувал и бил под дејство на алкохол за време на работа);
- Н.Б. полициски службеник во полициско одделение Богданци, изречена му е мерка писмено предупредување (употребувал и бил под дејство на алкохол за време на работа);
- Ж.А. полициски службеник во полициско одделение Чегране, изречена му е парична казна во износ од 10% од месечната плата во траење од два месеци (употребувал и бил под дејство на алкохол за време на работа);
- Б.С. полициски службеник за прихфат – сменоводител во полициска станица од општа надлежност Кочани, изречена му е парична казна во износ од 10% од месечната плата во траење од три месеци (не презел соодветни мерки за расчистување на случај);
- Г.П. полициски службеник во полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Штип, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во траење од шест месеци (учествувал во сообраќајна незгода);
|