Навигација

18.07.2010 Петчлена организирана група "празнела" банкомати
Од 180 странци украле над 1,6 милиони денари и избегале во Италија

Единицата за борба против Компјутерски криминал при Одделот за организиран криминал при МВР на РМ до ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против  организирана криминална група составена од пет македонски државјани поради сторени кривични дела “Злосторничко здружување“ член 394, “Оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“ член 251 ст.5 вв ст.2, 3 и 7, и “Компјутерски фалсификат“ член 379-а ст.2 и 3 предвидени и казниви според Кривичниот Законик на Република Македонија.

Кривично се пријавени членовите на криминалната група – В.Д.(34), неговиот брат Т.Д.(40), П.С.(27), тројцата од Кочани, Л.Ј.(32) од с.Таринци – Штип[1], и С.Г.(37) од Скопје.

Во периодот од Април - Јуни 2009 година, криминалната група на банкомати на две домашни банки, во повеќе градови во Р.Македонија (Скопје, Велес, Штип, Радовиш, Струмица, М.Каменица, Кичево и Тетово) извршила вкупно 138 успешни нелегални трансакции со што се стекнала со противправна имотна корист во износ од 1.603.000 денари. Покрај успешните нелегални трансакции членовите на криминалната група извршиле и 401 неуспешни нелегални трансакции. За вршење на нелегалните трансакции членовите на криминалната група користеле фалсификувани платежни картички на кои на магнетниот дел биле вметнати податоци на повеќе од 180 странски државјани, кои податоци претходно биле обезбедени нелегално. Инаку, криминалната група била организирана и предводена од страна на В.Д., кој  се договорил со пријавените Т.Д., Л.Ј. и П.С. кои заедно со него легално престојувале во Р.Италија, да дојдат во Р.Македонија со цел вршење нелегални трансакции со фалсификувани картички. Од примената на посебни мерки и останатите преземени мерки и активности е утврдено дека непосредно по нивното доаѓање во Р.Македонија во април 2009 година започнале со вршење на нелегалните трансакции на банкомати во повеќе градови во Р.Македонија, а кон групата подоцна се приклучил и С.Г.. Истите користеле повеќе патнички моторни возила (во најголем број случаи нивни, со италијански регистарски ознаки) со кои заедно оделе во различни градови во Р.Македонија каде на банкомати ги вршеле нелегалните трансакции.  Притоа членовите на групата во повеќе наврати користеле исти фалсификувани платежни картички, односно утврдено е дека меѓу себе си ги разменувале фалсификуваните платежни картички и во различно време и на различни локации ги вршеле нелегални трансакции. Исто така, од анализата на видео записите од банкоматите е утврдено дека членовите на криминалната група нелегалните трансакции ги вршеле на банкомати наизменично еден по друг. Покрај тоа, утврдено е дека сите парични средства прибавени од страна на членовите на криминалната група со нелегалните трансакции со фалсификувани платежни картички се уплатувани на банкарската сметка на организаторот на криминалната група – В.Д.. Членовите на криминалната група, (освен Л.Ј.) во моментов се недостапни за органите на прогонот и според оперативни сознанија се наоѓаат во Р.Италија.



[1] Кривично пријавен на 26.06.2010 година од страна на ООК-ЕБПКК како член на меѓународна криминална група која делувала на подрачјето на повеќе градови во Р.Македонија, а во моментот во притвор во затворот во Прилеп

Назад 

Креиран од lsrazvoj на 18.07.2010
   
Моментално посетители: 113
Вкупно посетители: 5218412