Навигација

20.07.2010 Кривична пријава за извршител и адвокат од Скопје
Оштетиле должник кон АД за осигурување “Вардар“ за 150.000 денари

 

Единица за борба против корупција при ООК до ОЈО Скопје, поднесе кривична пријава против Ј.А.(52)-извршител и В.С.(51)-адвокат, двете од Скопје, поради постоење на основано сомнение дека Ј.А. сторила кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“, а В.С. за „помагање„ по истото дело.

Првопријавената во својство на службено лице – Извршител,  по претходен договор и помогната од второпријавената, сега адвокат, поранешен раководител на правна служба во А.Д. за Осигурување „ВАРДАР„ – Скопје, кое Друштво е во својство на доверител во извршни предмети, кои ги водела Ј.А. во текот на 2009 и 2010 год. во неколку наврати го прекинала извршувањето на налозите за деблокирање на личните сметки на оштетениот, неговата сопруга и нивниот жирант, кои претходно биле блокирани со налози за извршување  за долг кон А.Д.„ВАРДАР“, за што пријавената В.С. „за овие услуги„ со намера да се стекнат со противправна имотна корист, од оштетениот З.Ф. побарала и примила парични средства во вкупен износ од 150.000,00 ден.

Имено, оштетениот и неговата сопруга во текот на 2002 и 2003 год. користеле кредити од Силекс Банка АД-Скопје којашто своите кредитни пласмани ги имала осигурено кај АД„ВАРДАР“, а заради неисплаќање на обврските по Договорите за кредит, Силекс Банка своите побарувања од должниците ги наплатила од АД„ВАРДАР“, кој пак во својство на доверител во периодот 2005-2007 год. повел судски постапки за наплата на долг, врз основа на кои донесени се три правосилни и извршни судски пресуди. Со нив вкупниот долг (главен долг, камата и трошоци на извршување) од страна на пријавената Ј.А. бил утврден на вкупен износ од 2.235.575,00 ден.

На 06.05.2009 год. В.С. во својство на Директор на Секторот за правни, кадрови и општи работи, а во име  на АД „ВАРДАР“ до Извршителот доставила Барање за извршување врз основа на кое таа изготвила три Налози за извршување и ги доставила до должниците З.Ф., неговата сопруга и нивниот жирант, а од страна на извршителот биле доставени налози за извршување во Стопанска и Тутунска Банка каде се водат нивните сметки, по што сметките биле блокирани. За да ги одблокира сметките, З.Ф. контактирал со извршителот и и предочил дека е во фаза на преговори со  доверителот АД„ВАРДАР“ за репрограмирање и преземање на долгот од страна на неговата фирма „Бизнис Колеџ – АТЦ“ ДОО –Скопје и од страна на В.С. (која тогаш била Директор на Секторот за правни, кадрови и општи работи), му било предложено да се направи вонсудска спогодба, но во меѓувреме, неговиот предмет „да го држи настрана“. Пријавената В.С. за извршување на услугата во неколку наврати, на З.Ф. му побарала парични средства и тоа:

-        Во јули 2009 год, му побарала и примила 500 евра кои требало да ги даде на извршителот за деблокирање на сметките по што, од страна на В.С. е поднесено Барање за времено одлагање на извршување до Извршителот, од чија страна до Тутунска и Стопанска Банка (каде се водат сметките на должниците) биле поднесени писмени Барања за запирање со извршување.

-        Во септември 2009 год, бидејќи повторно биле доставени барања за извршување од АД„ВАРДАР“ до извршителот, повторно биле блокирани сметките, а пријавената В.С., повторно побарала 500 евра од З.Ф. за да му бидат деблокирани сметките.

-        Во април 2010 год, по трет пат биле доставени  налози за извршување врз сметките на З.Ф., неговата сопруга и жирантот, а пријавената В.С. сега во својство на адвокат (и престанал работниот однос во АД„ВАРДАР“), му ветила дека ќе му помогне и му изготвила Договор за преземање на долг склучен помеѓу „Бизнис  Колеџ–АТЦ“, како превземач на долгот, од една страна и оштетениот, неговата сопруга, жирантот и уште две други лица, од друга страна, како отстапувачи на долгот и истиот го завериле на нотар, за која услуга му биле побарани 1.000 евра бидејќи извршителот во овој случај имала поголема одговорност, а Ј.А. за возврат требало да изготви изјава за деблокирање на сметките. Согласно договорот, З.Ф. на В.С. и дал 60.000,00, по што, од страна на извршителот без знаење на доверителот АД„Вардар“, била одблокирана само сметката на жирантот, додека останатите сметки останале блокирани. Пријавената В.С. за да бидат деблокирани и останатите сметки му побарала уште дополнителни 500 евра. Револтиран од ваквото однесување на пријавените, оштетениот случајот го пријавил во МВР.

Заради обезбедување на потребните докази, применети се ПИ мерки, при што е документирано дека на 16.07.2010 по претходен телефонски договор остварена е средба  помеѓу В.С. и З.Ф. во кафе бар во Центарот на Скопје, каде оштетениот и дал парични средства во износ од 500 евра и тоа пет банкноти во апоени од по 100 евра, претходно технички обработени. По ова, В.С. во текот на денот ги пушта во оптек примените парични средства за плаќање на обврски и ги разменила во менувачница. При извршениот претрес кај неа е пронајдена една банкнота од 100 евра, претходно технички обработена, а исто така обезбедени се уште три банкноти по 100 евра, технички обработени, кои со потврда се одземени, а претходно биле пуштени во оптек.

Од страна на надлежен Истражен судија на В.С. и е одредена мерка притвор во  траење од 8 дена

 

Назад 

Креиран од lsrazvoj на 20.07.2010
   
Моментално посетители: 1
Вкупно посетители: 5218474