Навигација

28.07.2010 Апел на МВР
Граѓаните да ги запазат роковите за пререгистрација на возилата со странски регистарски таблички

Со оглед дека остануваат уште два месеци од рокот за пререгистрација на возилата со странски регистарски таблички (рокот истекува на 30.09.2010), Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните кои се сопственици на возила со странски регистарски таблички, да го запазат дадениот рок и да ја извршат потребната пререгистрација на возилата навреме, согласно нормативните одредби.

Притоа, овој рок се однесува на оние возила коишто подолг период беа увезени и се возеа со странски таблички на територијата на Република Македонија.

Веднаш по истекот на дадениот рок ќе се организираат акциски контроли и сите возила кај коишто не се испочитувани законските одредби, односно се управуваат спротивно од Законот ќе бидат одземени и предадено за натамошна царинска постапка.

 

Регулирање на статусот на возилата со странски таблички

 

 

Како да ги пререгистрирате возилата и зошто?

 

 

Почитувани граѓани,

 

Со намалување на давачките за увоз и поедноставување на постапката за царинење на употребуваните патнички возила, Владата на Република Македонија Ви дава единствена можност за пререгистрирање на возилата со странски таблички и регулирање на нивниот престој во земјава. 

 

 

Апелираме до сопствениците на вакви возила

да ја искористат оваа можност што побрэо!

  

Кои се поволностите?

   

Намалена акциза

 Со измените на Законот за акцизи, акцизата сега се пресметува врз основа на вредноста на возилото, со што за возилата со помала вредност е 0% или многу ниска (0 до 3000 евра, 0.5 % до 4000 евра, 1% до 5000 евра, 1.5% до 6000 евра и тн.).

 Намалена царина

 Со измена на Законот за царинска тарифа, царинската стапка за употребувани возила падна од 10 % на 5%, а кај за возила произведени во Европска унија од 2% на 1% (за примена на намалена стапка потребен е доказ за потекло ЕУР-1 или изјава во фактура).

  Можност эа увоз и регистрација на постари возила

 До средината на август 2010 се овозможува увоз на патнички возила со ЕУРО 1 стандард, односно на возила со старост и до 18 години. Потоа нема да имате можност эа увоэ на воэила со ЕУРО 1 стандард! Во следните 6 години е овозможен увоз на возила кои исполнуваат ЕУРО 2 стандард.

  

Можност за царинење без транзитна постапка

 Возилата со странски таблички кои веќе се наоѓаат во Република Македонија и ги управуваат лица со регулиран престој во странство, можат да започнат постапка на царинење без транзитна постапка на граничен премин, односно можат директно да се јават во царинските испостави каде се спроведува постапката на царинење на возила.

 

Продолжен рок за престој на возила со странски регистерски таблички

 

Со цел да се даде дополнителен рок за регулирање на статусот на овие возила, рокот за привремен увоз на возилата кои влегле во Македонија е продолжен до 30.09.2010 година.

 

Напомена: По 30.09.2010, важат многу построги правила кои доследно ќе се спроведуваат од МВР и Царинската Управа: рокот за престој на возилата е ограничен на 6 месеци во последните 12 месеци. Надминување на овој рок претставува прекршок эа кој се предвидени соодветни каэни.

   

Што е потребно за пререгистрирање на возилото?

 

1. Треба да се провери дали возилото ги исполнува хомологациските услови, што може да се направи кај следните овластени тела:

 

-          АМСМ УСЛУГИ ХОМОЛОГАЦИЈА ДОЕЛ Скопје, Инспекциски места „Скопје-Чаир“ „Велес“ и „Битола“

-          МАШИНСКИ ФАКУЛТЕТ од Скопје, Инспекциско место „Индустриска зона Железара“

-          АУТОМАКЕДОНИЈА А.Д. од Скопје, ул. Мито Хаџивасилев; Инспекциско место „Стакларница“

-          КОНФОРМА ДОЕЛ Скопје, бул. Илинден бр. 138 А, Инспекциско местоИМ 1-Велес“ „ИМ 2-Радовиш“ и „ИМ 3 -Прилеп“

-          АСУЦ „Боро Петрушевски“ од Скопје, бул.„Александар Македонски“ 26 б; Инспекциско место АСУЦ „Боро Петрушевски“

 

Царинската постапка се спроведува и давачките се плаќаат пред да се изврши техничкиот преглед. Доколку возилото не ги исполнува овие услови, увозникот нема да може да го регистрира возилото и ќе се соочи со големи непотребни трошоци на враќање на возилото во странство.

  

2. При царинење на возилото, неопходни се следните документи:

 

-          оргинална сообраќајна книшка за возилото;

-          изјава за вредност, доколку возилото подолго време е во сопственост на увозникот, или купопродажен договор, фактура и слично.

 

За да може да се утврди царинската вредност, потребно е да се достават следните податоци за патнички возила:

 

- вид

- марка

- модел

- тип на возило

- погонско гориво

- број на врати

- година на производство

- работна зафатнина на моторот

- силина на моторот (киловати или коњски сили)

- ниво на опрема (на пример, ниво на опрема за ВОЛКСВАГЕН ГОЛФ: comfortline, trendline, highline и.т.н.)

 

3. Царински испостави каде се спроведува постапка на царинење на возила:

 

Царинењето на употребуваните патнички возила се врши по месна надлежност, односно според живеалиштето на увозникот, во следните царински испостави:

-          ЦИ Скопје 1 , ул. „Колекторска“ бб, Скопје;

-          ЦИ Скопје 2,  ул.34  бб, Скопје;

-          ЦИ Скопје 3,  ул. ,,15ти Корпус,, бр.2, Скопје;

-          ЦИ Куманово, магистрален пат М1 делница Табановце-Куманово, 7 км од Табановце;

-          ЦИ Штип, ул. „Брегалничка“ бб Штип;

-          ЦИ Гевгелија, граничен премин Богородица;

-          ЦИ Битола, „Краварски пат“ бб, Битола.

 

 

Почитувани граѓани,

 

Имете иэвонредна можност да ги регистрирате воэилата на сопствено име и еднаш эасекогаш да го решите ова прашање на најповолен начин эа Вас. Не чекајте го последниот рок кога може да искрснат проблеми эаради гужви, дополнително потребна документација и сл.

 

Искористете ја шансата веднаш!

 

Обратете се во најблиската Царинска Испостава!

 

 

 

Назад 

Креиран од lsrazvoj на 28.07.2010
   
Моментално посетители: 1
Вкупно посетители: 5218515