Извадок на дел од дневни настани 21.01.2018

    На 21.01.2018 година во 02,30 часот на магистралниот пат Охрид-Ресен кај с.Опеница, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „Фиат Мареа“ со охридски регистерски таблици управувано од С.М.(21) од с.Оровник-општина Дебарца и патничко моторно возило „Фиат Пунто“ управувано од Т.К.(63) од с.Лескоец-охридско. Во сообраќајната незгода на местото на настанот починал совозачот во возилото „Фиат Пунто“ К.М. (50) од с.Лескоец -Охрид, а со телесни повреди се здобиле возачот Т.К. и уште двајца сопатници од истото возило - М.М.(38) и едно 13 годишно дете. На местото на настанот бил извршен увид од страна на увидна екипа од СВР-Охрид и се работи на целосно расчистување на случајот.

 

На 20.01.2018 година околу 17,00 часот во Скопје на бул.„Александар Македонски“ се случила сообраќајна незгода во која патничко возило „Лада Нива“ со скопски регистерски таблици управувано од Т.А. (70) од Скопје удрило во бетонска жардиниера. Од незгодата со повреди се здобила сопатничката К.С. и била пренесена во Градската општа болница “Свети Наум Охридски“ каде од страна на доктор и биле констатирани тешки телесни повреди и истата е задржана на понатамошно лекување. Од страна на увидна екипа од СВР-Скопје бил извршен увид и се работи на целосно расчистување на случајот.

 

На 20.01.2018  година околу 17,20 часот на крстосница ул.“Димо Хаџи Димов“ со ул.“Божидар Аџија“ патничко моторно возило “Волксваген Поло“ со скопски регистерски таблици управувано од Б.А.(40)  од Скопје удрило во велосипед управуван од Ц.П.(64) од Скопје. Во незгодата со повреди се здобил велосипедистот и тој бил пренесен во Комплекс клиники “Мајка Тереза“, каде му е укажана лекарска помош, а од страна на лекар констатирани му се тешки телесни повреди и бил задржан на понатамошно лекување. Од страна на увидна екипа од СВР-Скопје бил извршен увид и се работи на целосно расчистување на случајот.

 

На 21.01.2018  година околу 01,20  часот на ул.“Ѓорче Петров“ после крстосницата со ул.“Васил Иљоски“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “Мини Купер“ со скопски регистерски таблици управувано од Е.М.(25) од Скопје и патничко моторно возило “Сеат Алтеа“ со скопски регистерски таблици управувано од А.А.(18) од Скопје. По ударот, возилото “Сеат Алтеа“ излетало надвор од коловозот и удрило во  металната канделабра за улично осветлување. Од сообраќајната незгода со тешки телесни повреди се здобила возачот Е.М. која била пренесена во Комплекот клиники “Мајка Тереза“ и истата била задржана за понатамошно лекување, додека пак возачот А.А. се здобил со телесни повреди. Исто така, со телесни повреди се здобиле и сопатникот од возилото “Мини Купер“ Д.С.(25) од Скопје, како и сопатниците од возилото “Сеат Алтеа“ - Б.В.(20), Џ.С..(29) и А.А.(24). Увид на местото на настанот бил извршен од страна на увидна екипа од СВР-Скопје и се работи на целосно расчиатување на случајот.

 

На 20.01.2018 година во  16,25 часот на ул. „Миро Барага“ во близина на излезот од Пробиштип, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Опел Мерива“ со кочански регистерски таблици управувано од Д.Н. (32) од Кочани и патничко моторно возило „Сеад Толедо“ со струшки регистерски таблици управувано од К.Д. (53) од Пробиштип. Од страна на Територијалната противпожарна едниница-Пробиштип било интервенирано и од возилото „Сеад Толедо“ биле извлечени возачот К.Д. кој што заедно со еден од неговите сопатници Г.Д. се здобиле со тешки телесни повреди, а другите двајца сопатници А.Д. и С.Д. се здобиле со телесни повреди. Исто така со телесни повреди се здобил и возачот на “опел-от“ Д.Н. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ПС-Пробиштип и се работи на целосно расчистување на случајот.

                                         

На  21.01.2018 година околу  00,05  часот на патот од Свети Николе кон Овче Поле се случила сообраќајна незгода во која Г.Ј. (43) од Неготино управувајќи патничко моторно возило „Мерцедес“ со неготински регистерски таблици изгубил контрола над возилото, преминал на левата страна од патот и удрил во дрво, по што возилото се превртело. Во незгодата со телесни повреди се здобил возачот кој по укажаната лекарска помош во Клинички центар во Штип бил пуштен на домашно лекување, додека сопатникот во возилото З.К. (55) од Штип се здобил со тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош во Клиничкиот центар во Штип бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ на одделението за хирургија. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на ПС Свети Николе и се работи на целосно расчистување на случајот.

 

На 20.01.2018 година во 22,50 часот во СВР-Скопје, било пријавено дека во куќа на ул. „Дижонска“ М.Ш.(33) од Скопје со нож ја прободел во пределот на стомакот Ж.К. (41) од Тетово, со која биле во роднински врски, откако претходна таа  го нападнала со стап. Во 23,13 часот, на пат кон Комплексот клиники “Мајка Тереза“ Ж.К. починала во возило на Итна медицинска помош, додека М.Ш. е пренесен во Ургентниот центар при Комплексот клиники “Мајка Тереза“, а по укажаната лекарска помош е приведен во полициска станица. Извршен е увид од страна на  Јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Скопје. Се работи на целосно расчистување на случајот.  

 
 

На 20.01.2018 година  во 19,30 часот било пријавено дека во Скопје на ул.„Рузвелтова“ во трговски дуќан неколку непознати маскирани лица со закана од вработената одзеле околу 30.000 денари, по што го напуштиле местото на настанот. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

На 21.01.2018 година во 05,40 часот било пријавено  дека во казино лоцирано во центарот на Струга, непознато маскирано лице со закана со пиштол од вработените одзело околу 600.000 денари, по што го напуштило местотото на настанот. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

         
 

На 20.01.2018 година околу 21,20 часот во СВР-Скопје, М.В.(59) пријавил дека истиот ден околу 20,30 часот во угостителски објект во Дебар Маало, кој бил негова сопственост, дошлe Љ.С.(33) и Д.С.(23) и физички го нападнале удирајќи го со тупаници во пределот на главата и телото, а потоа почналe да му упатуваат закани. Во еден момент  Д.С. почнал да го удира со електро шок и да му пушта струја, нанесувајќи му видливи повреди во вид на црвенило во пределот на целото  тело. Истовремено, според пријавата, напаѓачите почнале да кршат чаши и шишиња како и дел од инвентарот во локалот во присуство на гости. Причина за физичкиот напад било несогласување околу плаќање на сметка во локалот. Се работи на расчистување на случајот. Поврзано со ова, во исто време, Љ.С.(33) пријавил во СВР Скопје дека истиот ден околу 20,45 часот пред угостителскиот објект во Дебар Маало бил физички нападнат од страна на Р.М.(29) и А.А.(35), кои што го удирале со клоци и тупаници во пределот на главата. Причина за физичкиот напад бил претходниот настан што се случил во локалот помеѓу Љ.С. и М.В. Се работи на расчистување на случајот.

        

На 20.01.2018 година во времето од 00,00  часот до 01,00 часот, од страна на полициски службеници од СВР Тетово при извршена акциска контрола во угостителски објект лоциран во Тетово на ул.„Коле Неделковски“ биле затекнати три албански и четири српски државјанки кои што илегално работеле и престојувале во објектот. Се преземаат мерки за целсно расчистување на случајот.

 

На 20.01.2018 година во 18,30 часот на Граничниот Премин-Табановце на влез во Р.Македонија, при извршена контрола на патничко моторно возило“Опел вектра“ со грчки национални ознаки управувано од  И.Д. (55) од Прокупље-Р.Србија било утврдено дека возилото е предмет на потрага во АСФ базата на ИНТЕРПОЛ на украдени возила. Возилото било одземено и предадено на  полициски служебеници од СВР-Куманово за понатамошна постапка.

 

На 21.01.2018 год. во 01,40 часот С.С.(19) пријавил дека истиот ден околу 01,00 часот на ул.„Венјамин Мачуковски“ во Скопје на паркинг пред угостителски објект откако излегол од објектот со двајцата негови пријатели, бил пресретнат од група на повеќе лица при што едно од лицата физички го нападнал удирајќи го со едно стаклено шише во пределот на главата, а потоа и со еден удар со нога повторно го удрил по главата. Се работи на целосно расчистување на случајот.

 

На 20.01.2018 година околу 12,00 часот било пријавено дека на планината Плачковица при испукување од ловџиска пушка М.К. (68) се самоповредил во шаката и прстите од левата рака. По укажаната лекарска помош во Јавната здравствена установа-Кочани истиот бил препратен во Комплекс клиники “Мајка Тереза“ на Клиниката за пластична хирургија.   

 

На 21.01.2018 година  околу 03,00 часот било пријавено дека Д.Д. (23) од Куманово додека бил заедно со негови другари во ноќен клуб во Куманово, М.С. (23) од с.Умин Дол– кумановско започнал вербална расправија со него и почнал да му се заканува. Потоа М.С. го фатил за вратот и со тупаница го удрил во пределот на лицето, а потоа уште неколку лица се нафрлиле врз Д.Д., при што во еден момент Д.Д. почувствувал болка и крварење во пределот на десниот колк. Д.Д. бил пренесен во Општата болница во Куманово каде му е укажана лекарска помош. Извршен бил увид од страна на увидна екипа од СВР-Куманово. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.