Извадок од дневните настани 24.01.2018

На 23.01.2018 година околу 07,30 часот во с.Таор, скопско  во една од собите од куќата каде живеел, самоубиство со ловечка пушка извршил И.Б.(26). Извршен е увид на местото на настанот. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на Институтот за судска медицина за обдукција.

На 24.01.2018 година околу 03.30 часот во зграда во Скопје од прозорец се фрлила А.К.(24) од Скопје. Од страна на Итна медицинска помош било излезено на местото на настанот, по што А.К. во неконтактибилна состојба е пренесена и задржана на лекување во Комплект клиники "Мајка Тереза" - Карил. Истата е во животна опасност, со здобиени повеќе фрактури по телото.

На 23.01.2018 година во 14,00 часот од страна на Командир на смена во Казнено поправна установа Идризово е пријавено дека И.М.(39) од Кичево, кој издржувал доживотна казна затвор, во просторијата во која бил сместен се обесил. Истиот со екипа на Итна медицинска помош бил префрлен во Ургентен центар-Скопје, каде во 13.55 часот била констатирана смрт.

На 22.01.2018 година околу 16.30 часот во Сектор за внатрешни работи Штип, И.В.(47) од Штип, го пријавил за исчезнат неговиот син Р.В.(26), кој последен пат бил виден на 08.01.2018 година. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Во текот на вчерашниот ден (23.01.2018 година), на подрачјето на Сектор за внатрешни работи Скопје се случиле шест сообраќајни незгоди од кои една со тешки телесни повреди, четири со телесни повреди и една со материјална штета. При сообраќајните незгоди, едно лице се здобило со тешки телесни повреди и четири лица со лесни телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 25 возачи го управувале возилото со брзина по голема од дозволената. Вкупно 17 возачи се исклучени од сообраќајот од кои двајца поради управување возило под дејство на алкохол, 14 возачи го управувале возилото без да се стекнат со право за управување на моторно возило и еден возач почетник. Исто така 14 не регистрирани возила биле исклучени од сообраќајот. Еден возач е санкциониран бидејќи поминал крстосница на црвено светло, шест возачи кои не дале првенство на минување на пешаци. Исто така еден возач е санкциониран поради неправилно престројување и шест возачи поради неправилно престигнување. Во текот на изминатиот ден издадени се 98 мандатни платни налози, додека 97 возила се подигнати со "пајак".  

На 23.01.2018 година во 14,00 часот на булевар "Партизански одреди" автобус „Јутонг“ со скопски регистарски ознаки управуван од Р.Ќ.(51) од Скопје удрил во пешак Д.С.(82). Од незгодата со  тешки телесни повреди се задобила Д.С. која со возило на Брза помош била пренесена во  Градската општа болница „8-ми Септември“. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Секторот за внатрешни работи Куманово  поднесе кривична пријава против две 17 годишни лица од Куманово за сторено кривично дело „Насилство“. Пријавените,  со уште три непознати сторители, на 25.11.2017 година околу 07,40 часот во Куманово, на улица „3-та Македонска ударна бригада“, пред домот на 16 годишно лице физички го нападнале, по што еден од пријавените, со нож, му нанел убодна рана во пределот  на десниот бут.
Надворешна канцеларија за криминалистички работи Радовиш  поднесе  кривична пријава  против  Д.М.(20)  од  село Горни Липовик, радовишко за сторено кривично дело “Kражба на шума“.  Пријавениот на 23.12.2017 година околу 16,00 часот на местото викано “Било“, атар на село Горни Липовик, исекол и одзел  18,149 метри кубни дабово огревно дрво, со што се стекнал со противправна имотна корист од 127.022 денари. 
На 23.01.2018 година во 23,00 часот О.С.(46) пријавил дека истиот ден во времето од 17,05 до 19,30 часот од вагон на Македонски железници лоциран на опремна станица село Трубарево била извршена тешка кражба при што бил одземен еден распоредник за кочење. Имено сторителот со употреба на физичка сила и погоден алат ги оштрафил трите штрафа кои го држеле распоредникот на вагонот, го одзел и го напуштил местото на настанот, стекнувајќи се со противравна имотна корист од околу 160.000 денари. Се работи на целосно расчистување на случајот.
На 23.01.2018 година во Полициска станица Центар доставена е пријава од правното лице "Апекс МК" ДОО Скопје за извршена тешка кражба на 22.01.2018 година во 17.06 часот во автомат клуб Апекс лоциран на улица "Наум Наумовски Борче". Имено, од страна на непознат сторител одземени биле парични средства во износ од 813.182 денари, на начин што сторителот со обивање на операторскиот сеф, ги одзел парите по што незабележан од никого го напуштил местото на настанот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителот.
На 23.01.2018 година околу 19,50 часот во Скопје на булевар „Партизански одреди“  во подземните гаражи бил пронајден починат Г.С.(48) од Скопје. Од страна на доктор од  Итна медицинска помош  била констатирана смрт. Извршен е увид на местото на настанот, а телото на починатиот е дадено за обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.