Извадок од дневните настани 27.01.2018

На 26.01.2018 година во 17,50 часот на патниот правец Битола-Прилеп, во близина на бензинската пумпа, се случила сообраќајна незгода помеѓу возило „Опел астра“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Г.Б.(61) од Прилеп и товарно возило „Форд транзит конект“ со штипски регистарски ознаки управувано од П.П.(27) од Штип. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Г.Б. кој бил пренесен во Општа Болница Прилеп, каде во 21,30 часот им подлегнал на повредите. Увид извршиле јавен обвинител и увидна екипа од Полициска станица Прилеп.
На 26.01.2018 година во 20.40 часот во Скопје на ул.“Боро Менков“ во колонијал  машко лице маскирано со фантомка на главата, вооружено со пиштол, со закана од вработените го одзел дневниот промет (околу 20.000 денари) и избегал во непознат правец. Се превземаат мерки за пронаоѓање на сторителот. 
На 26.01.2018 година околу 21.50 часот во Скопје на ул.„Михаил Глинка“ избувнал пожар во двоспратна куќа сопственост на Б.Џ.(59). Куќата била целосно опжарена, а пожарот се проширил и на соседна куќа, сопственост на С.А.(46), при што целосно бил опожарен кровот и дел од инвентарот на приземјето. Пожарот е целосно изгаснат во 00.10 часот од Бригада за противпожарна заштита. Се преземаат мерки за утврдување на причините за пожарот. 
На 27.01.2018 година во 01.15 часот во Полициска станица Велес, медицинско лице од Општа болница-Велес пријавило дека бил донесен повреден З.Б.(42) од с.Визбегово, кој имал рана во десната потколеница нанесена од огнено оружје – пиштол. Како итен случај препратен е во Комплекс клиники Мајка Тереза во Скопје.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На  26.01.2018 година во 11:10 часот на паркингот пред Полициско одделение Попова Шапка А.Ќ.(26) од с.Неготино, гостиварско и И.Џ.(22) од Градец, општина Врапчиште нападнале полициски службеник. Двете лица се приведени во Полициско одделение Попова Шапка и преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. 
На 26.01.2018 година во 11.30 часот Б.Н.(20) пријавила дека додека се движела во Градски парк била нападната од 5-6 кучиња скитници, од од кои едното ја гризнало за левата нога.
На 25.01.2018 година во Полициска станица Бит Пазар А.А.(64) пријавил дека на 24.01.околу 21.15 часот од дома во непознат правец се оддалечил неговиот син С.А.(18). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.