Извадок од дневните настани 28.01.2018

На 27.01.2017 година во 19,50 часот во Битола, на ул.„Партизанска“ се случила сообраќајна незгода помеѓу возило „Мазда 626“ управувано од Н.И.(32) од Битола и возило „Алфа Ромео 156“ управувано од П.М.(39) од Битола. Во незгодата П.М. се здобил со тешки телесни повреди, по што е пренесен во болница каде му е укажана лекарска помош и е задржан на понатамошно лекување.
На 27.01.2018 година во 21.00 часот во Скопје, вработена пријавила дека во маркет лоциран на ул.Скупи, додека била на една од касите со нејзина колешка, дошле две машки лица вооружени со пиштоли. Тие ги земале парите од дневниот промет и заминале од лице место. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.
На 27.01.2018 година во 17.55 часот во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ со повреди од физички напад донесен бил Н.С.(24) од Скопје. На местото на настанот од страна на полициски службеници било констатирано дека истиот ден околу 17.30 часот на ул.„Вуковарска“, оштетениот бил физички нападнат од страна на Л.К., А.Б. и И.В., по што од удари со клоци и тупаници, Н.С. се здобил со тешки телесни повреди (фрактура на череп). Лицето е задржано на понатамошно лекување на интензивна нега. Се преземаат мерки за  целосно расчистување на случајот.
На 28.01.2018 година околу 00.30 часот во Велес, на ул.„Благој Страчковски“ во својот дом додека З.А.(38) спиел, насилно му влегле Е.Џ., С.Џ., А.Џ. и Р.В. Најпрво Е.Џ. извадил нож и му се заканил дека ќе го убиел оштетениот, а веднаш потоа сторителите го нападнале и го удирале со раце и нозе и цепеници од дрва по целото тело. Откако завршиле со нападот повторно му се заканиле дека ако пријави ќе го убијат. Кога напаѓачите излегле од неговата куќа З.А. се јавил во полиција и се сокрил о куќата на неговиот татко и неговиот брат. Напаѓачите повторно се вратиле и мислејќи дека оштетениот е се уште во куќата, започнале да ги кршат стаклата од прозорците и повторно се заканувале. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
На 27.01.2018 година околу 02,20 ч. во с.Дукатино, стумичко, избувнал пожар во куќа сопственост на З.Р.(34). Од страна на Територијална противпожарна заштита пожарот е изгаснат, а куќата е целосно опожарена. Повредени лица нема. Увид е извршен од страна на екипа од Секторот за внатрешни работи Струмица и од Дирекција за заштита и спасување. Пожарот настанал поради неисправен оџак поставен помеѓу детската и спалната соба. 
На 27.01.2018 година  во 11,30 ч. во ЕИК, Бујар Џемаили пријавил дека на ул.„Пере Тошев“ бр.34 му била опожарена куќата при што е зафатен горниот спрат, кујната и дневната соба. Од страна на БППЗ пожарот е локализиран.Повредени лица нема.   Пријавителот се откажува од увид, бидејќи пожарот е настанат од неисправна електрична инсталација.  
На 28.01.2018 година околу 04,00 часот пред казино во Прилеп ,по претходна расправија од страна на З.П.(54) од Прилеп со остар предмет прободени се К.Р.(25) во пределот на грбот и М.Р.(26) во пределот на стомакот.Повредените се пренесени во Медицински Центар-Прилеп, а З.П. е приведен во Полициска станица Прилеп.
 
На 27.01.2018 година околу 10,00 часот во Вевчани, при местење олуци на викенд куќа, во еден момент од висина од  6 метри паднал Г.Ѓ.(41) од с.Лескоец, Охрид, кој со итна медицинска помош е пренесен во болница „Св.Еразмо“ каде му се констатирани тешки телесни повреди (скршеници во пределот на градите ,бутната коска, рачен зглоб и потрес на мозок) поради што е задржан на лекување. Увид извршила екипа од Надворешна канцеларија за криминалистички работи Струга. 
 
Денеска околу 09.00 часот на автопатот Скопје-Тетово се случила сообраќајна незгода во која И.Р.(22) од Скопје управувајќи возило „Форд Ескорт“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и удрил во карпа, по што возилото се превртело на десната страна. Во незгодата со повреди се здобиле возачот и тројца сопатници на возраст од 22, 24 и 27 години, кои биле префрлени во болница во Тетово. Извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 27.01.2018 година околу 23.50 часот на бул. Видое Смилевски Бато во Тетово се случила сообраќајна незгода во која возило „Голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Е.Р.(21) од с.Желино, излегло од коловозот и удрило во излог на објект на трговско претпријатие „Алузин“. Во незгодата Е.Р. не е повредена, но е причинета значителна материјална штета.

На 27.01.2018 година околу 19,30 часот во Битола, во аптека на ул.„4-ти Ноември“, засега непознат сторител извршил разбојништво над вработената, при што одзел околу 6.000 денари. Се преземаат мерки за  пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на случајот.

На 28.01.2018 година во 00,30 часот на граничен премин „Блато“ на влез во Република Македонија, по извршена пасошка контрола констатирано е дека К.Д.(40) од Република Албанија се бара за кривично дело „разбојништво“. Лицето е приведено и во 03.30 часот е предадено во Полициска станица Дебар за понатамошна постапка.

На 27.01.2018 год во 22,30 часот во Полициска станица Гази Баба Д.С.(61) од Скопје пријавил дека на 24.01. околу 10,00 часот од дома во непознат правец се оддалечил неговиот син В.С.(36). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 27.01.2018 година по претходно добиена поплака од А.К. од Неготино против П.Ц.(22), полициски службеници од Полициска станица Неготино се упатиле во објект на бензинска пумпа „Џед-Оил“, каде се наоѓал П.Ц., кој кога ги видел почнал да упатува закани и во еден момент го фатил едниот полициски службеник за елекот од униформата, го повлекол кон себе и го удрил. П.Ц. е приведен и задржан во Полициска станица и по целосно документирање на настанот ќе следи соодветна пријава.                          

На 27.01.2018 година во Скопје бил нарушен јавниот ред и мир од страна на С.М.(59), кој удрил куче пред влез на зграда на бул. „АСНОМ“, а при обид да го спречат во намерата понатаму да го повредува кучето, Д.Р. и З.Р. биле вербално и физички нападнати од С.М. Имено, С.М. на Д.Р. почнал да и се заканува, а потоа го нападнал и З.Р., односно го фатил за јакната и го турнал. Во еден момент и С.М. и З.Р. поднале на плочникот. Полициски службеници излегле на лице место. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 28.01.2018 година околу 02.30 часот во Скопје, во аптека на ул.„Московска“, непознато машко лице со закана со нож извршил разбојништво над вработениот, при што го одзело дневниот промет. Се преземаат мерки за  пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на случајот.

На 28.01.2018 во 03:50 часот во угостителски објект во Струмица, по претходна меѓусебна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир од страна на З.В. и Р.А.(30). Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

На 27.01.2018 година околу 19.00 часот било пријавено дека истиот ден околу 17.00 часот, во близина на железничката станица Скопје- Север, од страна на засега непознати лица било извршено каменување на патнички воз број 660 кој се движел од Скопје кон Кичево. Од каменувањето било искршено едно прозорско стакло на возот. Нема повредени лица. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.