Извадок од дневните настани 29.01.2018

На 28.01.2018 година во 12,00 часот во Скопје на ул.„Кузман Шапкарев“ возило „Волксваген Кеди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.С.(20) од Скопје, удрило во пешакот А.Ј.(71) од Скопје. Пешакот А.Ј. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“  каде му биле констатирани тешки телесни повреди (фрактура на десно рамо и лева нога и ресекотини и набиеници во пределот на главата), но не бил во животна опасност. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 29.01.2018 година во 04,10 часот А.А. пријавил дека околу 03,40 часот во Скопје во бензинска пумпа на ул.„Александар Урдаревски“ две маскирани лица извршиле разбојништво при што одзеле околу 100 евра и заминале во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.

На 28.01.2018 година во 10,45 часот Т.А.(50) од Скопје пријавил дека во периодот од 18,00 часот на 26.01.2018 година до 10,45 часот на 28.01.2017 година, непознат сторител насилно влегол во неговиот стан и одзел пиштол „ЦЗ“ калибар 7,62мм, 830 евра и разновиден златен накит. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

На 27.01.2017 година во 22,30 часот во Полициска станица Гази Баба Д.С.(61) од Скопје, пријавил дека на 24.01.2018 година околу 10,00 часот од дома се оддалечил неговиот син В.С.(36) од Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Во текот на изминатиот викенд (26, 27, и 28.01.2018 година), на подрачјето на Сектор за внатрешни работи Скопје се случиле 16 сообраќајни незгоди од кои една со тешки телесни повреди, пет  со телесни повреди и 10 со материјална штета. При сообраќајните незгоди едно лице се здобило со тешки телесни повреди додека осум со лесни телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 102 возачи го управувале возилото со по голема брзина од дозволената. 32 возачи се исклучени од сообраќајот и тоа седум бидејќи го управувале своето возило под дејство на алкохол и 25 возачи го управувале возилото без да се стекнат со право за управување на моторно возило. Исто така 24 возила се исклучени од сообраќај, бидејќи дел од нив биле технички не исправни и со истечена важност на сообраќајната дозвола. 12 возачи се санкционирани бидејќи ја поминале крстосницата на црвено светло, двајца не дале првенство на минување, 10 не правилно се престроиле и четворица не правилно престигнувале. Преземени се мерки и против еден пешак кој поминал коловоз надвор од пешачки премин. Во текот на изминатите денови исто така издадени се 153 мандатни платни налози,  додека 149 возила се подигнати со "Пајак".

На 29.01.2018 година во 04,20 часот во Битола на ул.„Девеани“, во куќа сопственост на Т.А.(60) настанал пожар. Екипа на Територијалната противпожарна заштита Битола интервенирала на лице место, а во пожарот животот го загубиле сопугата на сопственикот - Ф.А.(53) и нивниот 17 годишен син. Увид е извршен од страна на јавен обвинител и екипа од Секторот за внатрешни работи Битола. Се преземаат мерки за утврдување на причините кои довеле до опожарување и целосно расчистување на настанот.

Секторот за внатрешни работи Тетово поднесе кривична пријава  против  М.Н.(24) од село Боговиње поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “уцена“. На 11.01.2018 година во маркет во село Боговиње, пријавениот со закани кон малолетникот А.Т. од село Боговиње, кој што бил во продавницата на неговиот татко, успеал да одземе 3.860 денари. На овој начин, пријавениот, во  текот на 2017, во повеќе наврати, од оштетениот одзел околу 80.000 денари.

Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против Т.Г.(41) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “тешка телесна повреда”. На  25.11.2017 година во ресторан во Охрид пријавениот,  го прободел со нож Д.А., во пределот на грбот и  градниот кош.

Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против Д.В.(30) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични, психотропни супстанци и прекурсори“. На  10.05.2017 година во Охрид на улица „Никола Карев“, при преглед, од полициски службеници, кај пријавениот биле пронајдени 53,57 грама марихуана  и дигитална вага.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Ресен  поднесе кривична пријава против Т.Р.(27) од Шекерас, Р. Албанија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. При претрес во Ресен, во куќата на Д.Н., во собата во којашто престојувал пријавениот, биле пронајдени 38 куршуми со калибар 9 милиметри и 30 куршуми со калибар 7.62 х 25 милиметри. 


Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против О.Ц.(55) од село Каратманово, Лозово за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Во временскиот период од 01.09.2015 година до 29.03.2017 година,  пријавениот,  како градоначалник на општина Лозово, во пет постапки за утврдување на правен статус на бесправни објекти, и покрај тоа што знаел дека објектите не претставуваат градежна и функционална целина, донел пет решенија за утврдување на правен статус на бесправен објект со што им овозможил на сопствениците на објектите, да се стекнат со правен основ за запишување на правото на сопственост на објектите  во Агенцијата за катастар на недвижности Свети Николе, односно во јавната книга за запишување на правата на недвижностите.


Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против С.Д. од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“. Пријавениот, како реонски инструктор во „Тутунски Комбинат“ АД Прилеп, изготвувал фиктивни  испратници за распределба  и задолжување на репроматеријали, поради што на кооперантите им биле пресметани и задржани парични средства повеќе од реално примените. На овој начин, пријавениот на штета на кооперантите се стекнал со противправна имотна корист од 36.287 денари, од коишто, потоа им вратил 28.683 денари.


Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против П.П.(37) од село Сушево, Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на исправа“. На 04.05.2005 година во Скопје,  во Министерство за одбрана, пријавениот, при склучување на Договор за работа, како професионален војник во Армијата на РМ, употребил фалсификувана Диплома за завршено средно образование од  СУГС „Браќа Миладиновци“ во Скопје,  која што потоа ја употребил во уште четири наврати.


На 28.01.2018 година околу 04,15 часот од Бригада за противпожарна заштита Скопје пријавено е дека на ул.„Милан Марковиќ“ интервенирале на опожарено возило „Шкода Кодијак“ со скопски регистарски ознаки сопственост на Ј.А. од Скопје и делумно опожарено возило „Опел Астра“ со гевгелиски регистарски ознаки, сопственост на Т.О. од с.Богданци. Од страна на Бригадата за противпожарна заштита, пожарот е целосно изгаснат. Се преземаат мерки за утврдување на причините кои довеле до опожарување и целосно расчистување на настанот.