Извадок од дневните настани 30.01.2018

На 29.01.2018 година во 11.50 часот на автопатот во изградба Штип – Миладиновци - Скопје, на 7,5 км од клучката Штип, при изведување градежни работи, Д.М.(54) од Куманово, управувајќи работна машина „Грејдер“, при враќање наназад, го прегазил Т.Ф. (58) од с.Ранковце, Крива Паланка. Од здобиените повреди (фрактура на череп), Т.Ф. починал на самото место. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител, трудов инспектир и екипа од СВР Штип. По наредба на Јавен обвинител, врз телото на починатиот ќе се врши обдукција.

На 29.01.2018 година во 15.39 часот во Единицата за информации и команда Скопје, Т.А.А. пријавила дека во станот каде што живее на ул. „Методија Андонов Ченто“ во Скопје, без знаци на живот ја пронашла својата тетка Љ.Б. (78) (со којашто заедно живееле). Од страна на лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт без видливи знаци на насилство. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатата било дадено на обдукција. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.    

На 30.01.2018 година околу 04.45 часот на ул. „Павел Шатев“ во Велес, од засега непознати причини избувнал пожар во куќа сопственост на Н.Н. Од страна на екипа од Територијалната противпожарна единица пожарот е изгаснат, а повредени лица нема. Се преземаат мерки за утврдување на причините за настанување на пожарот.

На 29.01.2018 година околу 16.00 часот во Казнено – поправната установа Идризово затвореникот Р.Ѓ. (45) од с.Јурумлери, скопско, бил удрен во пределот на носот од страна на затвореникот А.К. На Р.Ѓ. му била укажана медицинска помош во Ургентен центар при комплексто клиники „Мајка Тереза“ во Скопје и му биле  констатирани тешки телесни повреди. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.                                         

На 29.01.2018 година во 02.30 часот на ул. „Кемал Сејфула“ во Скопје, поради сообраќаен прекршок (поминување на црвено светло на семафор), двајца полициски службеници сопреле патничко возило „Рено“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.С. (25) од Скопје. Додека едниот полициски службеник го пополнувал записникот, Е.С. почнал да ги навредува и омаловажува полициските службеници со непристојни и погрдни зборови. На истиот му биле поднесени пријави по член 44/5,  218/4 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и член 13 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

На 29.01.2018 година во 13.28 часот во Единицата за информации и команда Скопје било  пријавено дека во реката Вардар, во правец на последна автобуска постојка на линијата „5“ кај паркот Лисиче, имало возило кое најверојатно излетало од патот. Полициски службеници од Полициската станица Гази Баба утврдиле дека се работи за патничко возило „Фолксваген Голф“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на К.Н. (54), а кое било пријавено за одземено од пред неговиот дом на ул. „Бриселска“ на 29.01.2018 година во Полициската станица Карпош. Од екипа од Бригадата за противпожарна заштита возилото било извадено.

Во текот на вчерашниот ден (29.01.2018 година), на подрачјето на Сектор за внатрешни работи Скопје се случиле осум сообраќајни незгоди од кои три со телесни повреди и пет со материјална штета. При сообраќајните незгоди пет лица се здобиле со лесни телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 45 возачи го управувале возилото со брзина поголема од дозволената. Од сообраќајот вкупно исклучени се девет возачи и тоа двајца бидејќи го управувале своето возило под дејство на алкохол и седум возачи бидејќи го управувале возилото без да се стекнат со право за управување на моторно возило. Од сообраќајот се исклучени и девет возила со истечена важност на сообраќајна дозвола. Во текот на изминатиот ден биле издадени и 75 мандатни платни налози за не прописно паркирање и 86 возила биле подигнати со „пајак“.  Во текот на вчерашниот ден биле санкционирани и седум пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин. Исто така еден возач е санкциониран поради поминување на крстосница на црвено светно, еден возач поради не давање првенство на минување и еден возач поради неправилно престројување.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава  против М.Џ. (22) од  село Долна Бањица, гостиварско, поради постоење основи на сомение за сторено кривично дело “уцена“. Во периодот од март 2017 година до април 2017 година, пријавениот уценувал 17-годишнa девојка од село Горна Бањица дека доколку не ја продолжи врската со него, ќе објавува нејзини фотографии со недолична и компромитирачка содржина.  Пријавениот испратил фотографии на нејзиното семејство и пријателите, а отворил и профил на „Инстаграм“ на нејзино име, каде што објавил неколку компромитирачки фотографии.

СВР Битола поднесе кривична пријава против А.В. (17) и Ѓ.Д. (18), двајцата од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „расна и друга дискриминација“. На 18.01.2018 година околу 02.30 часот на фасада од зграда на улица “Широк Сокак“ во Битола пријавените испишале графит со недолична содржина на македонски  и  албански јазик.

На 29.01.2018 година околу 13.00 часот во автобус бр.67, кој се движел на релација Зелениково-Транспортен Центар, на влез на с.Драчево, С.Н. (53), вработен како контролор во Јавното сообраќајно претпријатие, бил физички нападнат од страна на лицата С.М.(22) и И.М.(26). Причина за физичкиот напад било претходна расправија за неплаќање на карти за превоз. Физичкиот напад е расчистен и против лицата ќе биде поднесена прекршочна пријава од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

На 29.01.2018 година околу 22.00 часот во колонијална продавница во нас. Ново Село во Скопје три непознати маскирани лица извршиле разбојништво над вработениот. Сторителите со закана со нож и палки одзеле засега неутврдена сума пари од дневниот промет и побегнале во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.                                          

На 29.01.2018 година во 17.15 часот, на дел од пругата помеѓу стојалиште Сарај  и стојалиште Сулари, поточно на влез во с.Кондово, скопско, патничкиот воз кој сообраќа на релација Скопје - Кичево наишол и удрил во камења поставени на пругата од непознато лице. Од ударот била предизвикана материјална штета (оштетување на моторот и карданот), а возот застанал во стојалиштето Радуша. Повредени патници и персонал нема. Железничкиот сообраќај на тој дел од пругата бил во прекин до 22.30 часот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
        
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против Д.З. (29) од Прилеп  поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела  “спречување на службено лице во вршење службено дејствие“ и “загрозување на сигурноста“. На 13.01.2018 година околу 03.10 часот во казино на улица „Кузман Јосифоски-Питу“ во Прилеп, откако пријавениот од обезбедувањето и други лица присутни во казиното бил отстранет од објектот, со штрафцигер нападнал едно од лицата.  

На 30.01.2018 година околу 03.15 часот, чувар во угостителски објект во населбата Карпош во Скопје во Единицата за информации и команда Скопје пријавил дека забележал дека била запалена влезната врата од објектот и со противпожарен апарат го изгаснал огнот. Се преземаат мерки за утврдување на причините за настанување на пожарот.

СВР Битола поднесе кривична пријава против Љ.Т. (55) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“, против В.Б. (56) од Гостивар и Трговско друштво за транспорт и услуги “Гостивар Експрес“ ДООЕЛ  увоз-извоз, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „употреба на исправа со невистинита содржина“  и  „перење пари и други придонеси од казниво дело“, како и против лицето В.Ј. (37) од Скопје за сторено кривично дело “злоупотреба на службена положба и овластување“. Имено, Љ.Т. до Бирото за метеорологија при Министерството за економија, поднел барање со невистинита содржина за издавање потврда за идентификација на автобус, со што тој и В.Б. се стекнале со потребната документација за регистрација на автобусот. Потоа, В.Б. го продал автобусот, и покрај тоа што знаел дека е предмет на кривично дело. Третопријавениот – правно лице извршил пренос на подвижен имот, што го прибавил со казниво дело. Додека пак, четвртопријавениот издал согласност за регистрација на автобусот, која што подоцна била употребена  за регистрација на автобусот.

.