Извадок од дневните настани 31.01.2018

На 30.01.2018 околу 22.00 ч. на магистралниот пат Штип-Кочани, во атарот на село Тркање, патничко моторно возило „Форд фокус“ со кочански регистерски ознаки управувано од Д.А.(34) од село Бели, кочанско излетало надвор од коловозот. Од здобиените повреди Д.А. починал на местото на настанот.

На 30.01.2018 во 19.20 часот на улица „Антон Попов“ во Скопје патничко моторно возило "БМВ" со скопски регистарски ознаки управувано од Д.С.(54) удрило во пешакот Е.Ц.(21). Е.Ц. е пренесена во Градска општа болница „Св. Наум Охридски“ каде и се констатирани телесни повреди, по што е пуштена на домашно лекување.

На 30.01.2018 година во 20.40 часот, В.Н.(42) пријавила дека во продавница во скопската населба Радишани, три  непознати машки лица и одзеле околу 26.000 денари, по што со патничко моторно возило го напуштиле местото на настанот. Се преземаатмерки за пронаоѓање на лицата.

На 30.01.2018 година околу 14,30 часот во Скопје, на улица „Максут Садик“ од засега непознати причини настанал пожар во куќа сопственост на Љ.И.(42), при што опожарен бил горниот кат. Од страна на Противпожарна единица пожарот е изгаснат. Во пожарот повредена е Н.И.(36) која со возило на Итна медицинска помош е пренесна во Комплекс клиники "Мајка Тереза" на клиниката за токсикологија, каде од страна на доктор констатирано е дека има труење од чад и е задржана на понатамошно лекување.  

На 29.01.2018 година во 22,30 часот во Полициска станица Тетово, Р.С. пријавил дека истиот ден околу 07,30 часот од дома во непознат правец се оддалечил неговиот брат Н.С (76) од с.Пирок, тетовско. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
                                          
На 30.01.2018 година во 04.50  часот на Граничен премин аеродром „Александар Велики“ Скопје, на излез од Република Македонија, по извршена пасошка контрола поради сомнение за „фалсификување“ на италијанска лична карта приведен е Д.Б.(33) од Драч – Албанија. Се работи на расчистување на случајот.

Во текот на вчерашниот ден (30.01.), на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле 12 сообраќајни незгоди од кои две со тешки телесни повреди, две сообраќајни незгоди со телесни повреди и осум со материјална штета. При сообраќајните незгоди две лица се здобиле со тешки телесни повреди и две со телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 23 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената, едно лице управувало моторно возило под дејство на алкохол, а 24 возачи се исклучени од сообраќајот бидејќи го управувале возилото без да се стекнат со право за управување на моторно возило. Поради технички неисправни возила од сообраќајот исклучени се две возила и 13 возила поради истечена важност на сообраќајната дозвола. Во текот на изминатиот ден издадени се 98 мандатни платни налози, додека 53 возила се подигнати со "пајак". Во однос на пешаците, санкционирани се девет пешаци кои поминале на коловоз надвор од пешачки премин, тројца возачи се санкционирани бидејќи поминале на крстосница на црвено светло,  и по еден возач бидејќи не дале првенство на минување односно поради неправилно престројување.

На 30.01.2018 година околу 13,10 часот на улица „Ферит Мурати“, се случила сообраќајна незгода помеѓу возило „Сеат Ибица“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.И.(38) и моторцикл „Сузуки 600“ управувано од Б.Л.(20). Од сообраќајната незгода со повреди се задобил возачот на моторциклот, кој со возило на брза помош е пренесен во Градската општа болница „8-ми септември“ каде му се констатирани тешки телесни повреди (фрактура на лева подлактица и повреди на глава) и е задржан на понатамошно лекување. Исто така сопатничка од „Сеат Ибицата“ на возраст од 16 години, била  пренесена во Градската општа болница „8-ми септември“, каде и биле констатирани телесни повреди и била пуштена на домашно лекување. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 30.01.2018 година околу 12,40 часот на крстосница од улица “Лука Геров“, улица Црногорска и улица “Марк Твен“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возили “Пежо 307“ со скопски регистерски ознаки управувано од М.А.(65) од Скопје и товарано моторно возило “Ивеко“ со скопски регистерски ознаки, управувано од З.Љ.(56) од Скопје. Од незгодата со повреди се здобил М.А. кој со возило на брза помош бил пренесен во Градската општа болница “8-ми Септември“ каде од страна на лекар констатирани му биле тешки телесни повреди и истиот бил препратен во Комплекс клиники “Мајка Тереза“, каде бил задржан на понатамошно лекување. З.М. бил пренесен во Градската општа болница “8-ми Септември“ каде од страна на лекар констатирани му биле телесни повреди и истиот бил пуштен на домашно лекување. Извршен е увид на местото на настанот. Се работи на целосно расчистување на случајот.

На 30.01.2018 година околу 20,30 часот во Куманово, во семејниот дом, В.Т. (полициски службеник) кој бил под дејство на алкохол започнал вербална расправија со неговата сопруга Н.Т.(31), а потоа и физички ја нападнал, по што истата паднала во бессознание. В.Т. е лишен од слобода, при што му бил одземен  службениот пиштол, со две рамки и 30 куршуми. Веднаш е известен и Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди.

На 29.01.2018 година во 23.45 часот во Полициската станица Охрид, С.Т. (38) од Охрид пријави дека физички бил нападнат од три лица во пицерија на ул. „Кеј Македонија“. Според пријавата, истиот ден околу 23.30 часот С.Т. отишол во пицеријата откако му се јавило лицето Г.М. од Охрид и седнал на масата каде седел Г.М. со Н.Б. од Охрид и С.А. од Струга. По кратко време, С.А. со рака го удрил С.Т. во пределот на главата. Веднаш потоа и Г.М. го удрил С.Т. со рака во пределот на главата. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид. Во врска со настанот во Полициската станица Струга на разговор било повикано лицето Н.Б. , додека лицата С.А. и Г.М. биле приведени и со нив бил извршен информативен разговор. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. 

На 30.01.2018 година во 22.10 часот во Полициска станица од општа надлежност Гевгелија, доктор од Итна медицинска помош Гевгелија, пријавил дека во семејната куќа на улица „Васил Главинов“ пронајден бил починат И.Т.(79). Извршен е увид на местото на настанот. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено во Институтот за судска медицина во Скопје за обдукција.


На 30.01.2018 година околу 13.30 часот пријавено е дека во реката Вардар, во центарот на Скопје, има лица кои што бараат помош. Полициски службеници излегле на местото на настанот и констатирале дека М.А.(27) скокнала во реката, по што нејзиниот татко М.А.(44) и случаен минувач ја извадиле од водата. Со итна медицинска помош М.А.(27) е пренесена во Градската општа болница „8-ми Септември“ за укажување на лекарска помош.

На 30.01.2018 година околу 13.00 часот Т.Д. (69) од Гостивар пријавил дека истиот ден во населбата Малеарди бил измамен од две непознати лица. Непознатите лица го пресретнале и му се претставиле дека едниот е од Србија, а другиот од Израел. Тие му кажале дека претходно им се случила сообраќајна несреќа и дека во авто-сервис не им ги примале чековите за да го поправат возилото, а морале да ја однесат сопругата на едниот од нив во болница. Притоа, лицето што се претставило како Израелец од кутија извадил „дијамант“ и  му го оставил на Т.Д. како гаранција дека ќе се вратат, доколку им даде 72.000 денари. Т.Д. им  ги дал парите во апоени од по 2.000 денари, но тие не се вратиле. На Т.Д. набргу му станало јасно дека дијамантот е лажен и дека е измамен од двете непознати лица. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

На 31.01.2018 година околу 02.00 часот на бензинска пумпа во село Боговиње, тетовско, од засега непознати причини се запалило патничко возило „Мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано  од  Ф.Д.(36) од с.Мала Речица, тетовско. Возилото се запалило во моментот кога влегло на бензинската пумпа и кога застанало. Веднаш била повикана Територијалната противпожарна единица Тетово, но за кратко време возилото целосно изгорело, иако возачот и вработените на пумпата се обиделе да го изгаснат.
               
Сектор за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против  Б.Т.(23) за сторени кривични дела  „фалсификување исправа“  и „измама“, против З.Б.(32) за сторено кривично дело „измама“  и А.Ѓ.(32) за сторено кривично дело „фалсификување службена исправа“. На 07.08.2017 година во Скопје, во канцеларијата на Нотар А.Ѓ., при склучување на договор со оштетениот за купопродажба на возило  „Ауди А6“, приложил  фалсификуван договор за купопродажба на возилото помеѓу првопријавениот и правно лице од Скопје, по што третопријавената, го одобрила и потпишала договорот. Откако оштетениот му ги исплатил парите, второпријавениот побарал да му го остави возилото на користење уште неколку дена, но откако поминал договорениот период, второпријавениот не му го предал возилото, ниту пак, одговарал на телефонските повици. Потоа, оштетениот, при обид за  проверка на веродостојноста на купопродажниот договор помеѓу правното лице и првопријавениот, од страна на  третопријавената бил известен дека не постои таков купопродажен договор.

Полициска станица Струга поднесе кривична пријава против  Ш.Ш.(52) од село Лабуништа,  струшко поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. Пријавениот, казненото дело го сторил во текот на август 2016 година, кога на нотар склучил договор за купопродажба на патничко моторно возило сопственост на Н.К.(28) од селото Велешта. Според условите од меѓусебниот договор, пријавениот на оштетениот Н.К. требало, во рок од еден месец да му исплати сума од 430.000 денари. Бидејќи од тогаш, пријавениот Ш.Ш. не му ги исплатил парите, оштетениот, кон крајот на декември минатата година,случајот го пријавил во полициската станица во Струга.

Секторот за внатрешни работи Велес поднесе кривична пријава против В.П.(23) од Неготино за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. На  04.12.2017 година во Кавадарци, во филијалата на Комерцијална банка, од банкомат, со дебитната картичка, сопственост на  лице од Делчево, В.П. извадил 30.000 денари. 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава  против Р.Ѓ.(44) од Свети Николе за сторено кривично дело  “злоупотреба на службената  положба и овластување“, и против ДПТУ „Еуродрво“ ДООЕЛ Скопје, А.П.(54) од Скопје, и С.Д.(55) од Штип,  за сторено  кривично дело  „бесправно градење“. Во 2012 година, првопријавениот,  како градоначалник на општина Свети Николе, без основен проект, без одобрение за градење и промена на Деталниот урбанистички план, донел одлука за Јавна набавка за реконструкција и изградба на горен строј на коловозни површини на две улици во Свети Николе. Потоа, второ и третопријавениот, како одговорно лице во ДПТУ „Еуродрво“ ДООЕЛ Скопје, ја извеле градбата, додека четвртопријавениот, и покрај тоа што знаел дека нема основен проект и одобрение за градба, извршил надзор над градежните работи. На 22.08.2012 година, првопријавениот, спротивно на Законот за јавни набавки, повторно донел одлука за јавна набавка на две позиции кои што биле опфатени во првата јавна набавка, со што ја зголемил првата јавна  набавка  за 35%, додека трето и четвртопријавениот ја изготвиле потребната документација, и ја  доставиле до општина Свети Николе за наплата. На овој начин, Р.Ѓ. го оштетил буџетот на општината и овозможил „Еуродрво“ ДООЕЛ Скопје противправно да се стекне со 8.574.814 денари.