Извадок од дневните настани 01.02.2018

На 31.01.2018 година во 18,50 часот на магистралниот пат Струмица-Радовиш се случила сообраќајна незгода во која учествувале пет возила. Патничко моторно возило “БМВ“ со скопски регистарски ознаки управувано од Т.Г.(48) од Скопје, товарно моторно возило “Ивеко“ со струмички ознаки, сопственост на ДООЕЛ "Жикол" од Струмица управувано од В.В.(54) од село Сушево, струмичко во кое како сопатници биле пет лица, потоа патничко возило “Форд Фокус“ со гевгелиски ознаки управувано од Н.М.(23) од Богданци во кое имало еден сопатник, патничко возило „Фиат Пунто“со гевгелиски ознаки управувано од В.Ј.(53) од село Фурка, дојранско во кое имало еден сопатник и возило „Пежо“ со струмички ознаки управувано од М.М.(32) од Струмица. Во незгодата со телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило „БМВ“ Т.Г., кој со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Медицински центар Струмица каде бил задржан на понатамошно лекување. Исто така, во незгодата, со телесни повреди се здобила и сопатничката во возилото „Форд Фокус“ Е.П.(21) од Богданци. Извршен е увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на настанот.


На 31.01.2018 година  во 21,50 часот било пријавено дека  во с.Јурумлери-скопско во спортска обложувалница непознат сторител со закана со пиштол извршил разбојништво над вработената по што одзел сума на пари од околу 100.000 денари и го напуштил местото на настанот. Се работи на целосно расчистување на случајот.

На 31.01.2018 година во 20,30 часот во Скопје, на ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ од страна на полициски службеници, поради учество во сообраќајна незгода, при обид да извршат легитимирање на И.В.(37) од Скопје, истиот почнал да им се заканува и да им упатува погрдни зборови и пцовки. Потоа се дал во бегство. Од страна на полициските службеници И.В. бил приведен и под идно дејство на алкохол. На местото на настанот сочинет е записник за констатирани прекршоци по чл.13 и чл.6 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

На 31.01.2018 година во времето околу 15,30 чaсот било пријавено дека на крстосницата од улиците “Никола Малешевски“ и “Благоја Паровиќ“, во непосредна близина на објект во изградба, од страна на две лица бил нападнат А.Т.(41) од Скопје. Едно од лицата со  тврд предмет го удрил во пределот на грбот, а другиот со огнено оружје испукал неколку куршуми во пределот на долниот дел од телото. Веднаш потоа, лицата го напуштиле местото на настанот. А.Т. со  возило бил пренесен во Градската општа болница “Свети Наум Охридски“ каде му била укажана лекарска помош од страна на лекар и му биле констатирани и тешки  телесни повреди (две прострелни рани и една скршеница во пределот на потколеницата од левата нога и една прострелна рана од огнено оружје во пределот на надколеницата од десната нога). Поради серозноста на повредите, А.Т. со возило на итна медицинска помош бил пренесен во Комплекс Клинички “Мајка Тереза“. Од страна на увидна екипа од СВР-Скопје извршен е увид и се работи на целосно расчистување на случајот.
                                     
    
На 31.01.2018 година во 14,45 часот во СВР-Скопје, Ј.И. пријавил дека на ул.„Бриселска“ во куќата на неговиот сосед С.С.(92) имало експлозија и притоа бил повреден М.С.(64) кој бил работно ангажиран од сопственикот на куќата и во моментот заварувал. Притоа во куќата избувнал оган кој бил изгаснат од страна на соседите. Повредениот со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Комплексот Клиники “Мајка Тереза“ каде му биле констатирани тешки телесни повреди (здобиени од експлозија од бренер за заварување), и бил во животна опасност. Од страна на полициски службеници излезено е на местото на настанот и извршен е увид.

Во текот на вчерашниот ден (31.01.2018 година), на подрачјето на Сектор за внатрешни работи Скопје се случиле девет сообраќајни незгоди од кои пет со телесни повреди и четири со материјална штета. При сообраќајните незгоди пет лица се здобиле со лесни телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 27 возачи го управувале возилото со брзина по голема од дозволената. Потоа 11 возачи се исклучени од сообраќајот бидејќи го управувале возилото без да се стекнат со право за управување на моторно возило. Четири возила се исклучени од сообраќај бидејќи биле со истечена важност на сообраќајната дозвола. Исто така, двајца возачи се санкционирани бидејќи ја поминале крстосницата на црвено светло додека еден неправилно престигнувал. Во однос на пешаците санкционирани се тројца пешаци кои поминале коловоз надвор од пешачки премин. Во текот на изминатиот ден издадени се 83 мандатни платни налози, додека 78 возила се подигнати со "пајак".  

На 31.01.2018 година во 15,00 часот Р.М.(62) во ПС Бит Пазар пријавил дека на 16-ти овој месец околу 17,00 часот од нивниот дом, во непознат правец, се оддалечил неговиот син И.М.(30). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
На 31.01.2018 година во 18,15 часот, С.М.(19) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 16,00 часот, додека шетала заедно со нејзината другарка низ Градски парк, во близина на дискотеките, во еден момент забележала машко лице, на возраст околу 40 години, кое најпрво им се доближило и ги прашало дали сакаат да се запознаат. Откако го одбиле лицето се доближило зад клупата каде што седеле, по што пријавителката и нејзината пријателка го забележале како се самозадоволува. С.М. и нејзината другарка станале и се упатиле кон дискотеките, но лицето се движело кон нив, по што веднаш се јавиле во 192 , а по кратко време лицето си заминало. Се преземаат мерки за расчистување на настанот и пронаоѓање на сторителот.
Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против З.Н.(39) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “насилство“. На 22.12.2017 година околу 18,00 часот во Куманово на улица „15-ти Мај“,  пријавениот, додека И.К. од Куманово била во нејзиниот  дом,  влегол во дворот и со секира искршил два прозорци, при што и упатил закани дека ќе ја запали куќата, а потоа си заминал.
  
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Ш.Ф.(33) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „тешка телесна повреда“ и „телесна повреда“. На 30.12.2017 година во Струга, пријавениот, по предходна вербална расправија, со нож, ги нападнал Џ.Д.(23) и С.Д.(18), двајцата од Струга, при што  Џ.Д. го прободел во  пределот на стомакот, додека на С.Д. му нанел расекотини на двете раце.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против  М.С.(36)  од Скопје, управител на правно лице од Струга и против правно лице од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Во текот на 2017 година во Струга, во населбата Езерски Лозја,  првопријавената,  како  управител на правното лице и инвеститор започнала со изградба на објект за домување, без одобрение за градење. При инспекциски надзор, од градежен инспектор при Општина Струга, било констатирано дека градбата била без одобрение, по што било донесено решение за отстранување  на градбата.

Секторот за внатрешни работи Велес поднесе кривична пријава против Ј.М. (44) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. Пријавената во Кавадарци во периодот додека престојувала во куќата на Е.В. со кого живее во вонбрачна заедница, од паричникот на Е.А. мајката на Е.В. со којашто живеат во заедница, ја зела нејзината банкарска картичка и на 04.01.2018 година во Кавадарци од банкомат на банка, неовластено подигнала 18.000 денари, по што картичката ја вратила во паричникот.