Извадок од дневните настани 02.02.2018

На 01.02.2018 година околу 19.35 часот во Единицата за информации и команда Скопје, возач во Јавното сообраќајно претпријатие Скопје пријавил дека на ул. „Алија Авдовиќ“ имало тепачка помеѓу две групи малолетници. Притоа, едната група го каменувала автобусот со број 65-б, кој сообраќал на релација Транспортен центар-Брњарци, од што биле искршени четири стакла од вториот кат на автобусот. Еден камен го пробил стаклото и удрил 15-годишник од с.Стајковци, скопско. Во врска со настанот, во полициската станица Гази Баба биле приведени 20 лица од двете групи. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

На 01.02.2018 година околу 19.30 часот во Единицата за информации и команда Скопје, Д.С. пријавила дека од страна на обезбедувањето на трговски центар во Скопје, во тоалетите на приземје од објектот, било пронајдено починато женско лице. Смрт била констатирана од екипа на Итна медицинска помош. Се работи за лицето А.М. (30) од Скопје. По наредба на јавен обвинител, телото на починатата било предадено за обдукција.

На 01.02.2018 година околу 07.00 часот во Струмица, во кругот на поранешната фабрика „Треска“, К.П. (30), осуденик од затворот во Струмица кој бил пуштен на домашно отсуство, во обид да одземе електрични кабли кај трафостаницата се здобил со струен удар и починал  на лице место. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Струмица.

На 01.02.2018 година во 12.30 часот во Полициската станица Драчево, И.Р. (26) од с.Батинци, скоспко, пријавил дека истиот ден околу 01.30 часот од дома во непознат правец се оддалечила неговата сопруга З.Р. (24). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
    
Во врска со настан „исчезнато лице“ даден во билтен на 30/31.01.2018 година, на 01.02.2018 година во 13.00 часот во Полициската станица Тетово, Р.С. (70) од Тетово пријавил дека неговиот брат Н.С. (75) од с.Пирок, кој на 29.01.2018 година го пријавил како исчезнат, се вратил дома. Тој бил во Приштина, Косово, во здравствена установа за пружање на лекарска помош.
    
На 31.01.2018 година во периодот од 16.30 до 17.30 часот полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Тетово на три различни локации во атарот на с. Горно Орашје, тетовско, пронашле вкупно 20 кубни метри огревно дрво (даб и габер), кои биле бесправно исечени. На 01.02.2018 бил извршен увид, а пронајдените дрва биле предадени на Шумската полиција за понатамошна постапка. Во врска со настанот, во полициска станица биле приведени А.Р.(63), Р.С.(42) и А.А. (50) од Горно Орашје. Од Р.С. била одземена моторна пила. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.   

На 01.02.2018 година околу 10.00 часот на ул. „Македонско Косовска Бригада“ во Скопје непознат маскиран сторител извршил разбојништво над А.Ф. (47) од Скопје, вработен како поштар во АД „Македонски пошти“. Сторителот со закана со пиштол од А.Ф. одзел чанта во која имало од 15.000-20.000 денари, по што побегнал во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

На 01.02.2018 година во 20.15 часот во Единицата за информаци и команда Скопје, вработен во маркет на  на ул. „Ѓорче Петров“ пријавил дека околу 19.55 часот бил физички нападнат од непознато лице кое стоело пред маркетот и чекало друго лице кое вршело кражба во маркетот.  Имено, додека едно од лицата извршувало кражба од маркетот, другото лице чекало пред влезната врата. Откако бил забележан од еден од вработените, тргнал кон него и физички го нападнал, удирајќи го со тупаници. После тоа, непознатите лица побегнале во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.                                           

Во текот на вчерашниот ден (01.02.2018 година), на подрачјето на Сектор за внатрешни работи Скопје се случиле 10 сообраќајни незгоди од кои една со тешки телесни повреди, шест со телесни повреди и три со материјална штета. При сообраќајните незгоди едно лице се здобило со тешки телесни повреди а осум со лесни телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 16 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената, а 17 возачи се исклучени од сообраќајот бидејќи го управувале возилото без да се стекнат со право за управување на моторно возило. Поради истечена важност на сообраќајната дозвола од сообраќај се исклучени девет возила. Исто така санкционирани се четворица возачи кои ја поминале крстосницата на црвено светло како и еден возач којшто не дал првенство на минување. Во текот на изминатиот ден издадени се 66 мандатни платни налози,  додека 74 возила се подигнати со "Пајак".

 На 01.02.2018 година околу 22.40 часот на крстосницата од улиците  „11-ти Октомври“,  со „Даме Груев“ и ул. „Филип Втори Македонски“ се случила сообраќајната незгода помеѓу патничко возило „Ауди А-6“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Х.Ш.(21) од Скопје и патничко возило „Цитроен Ц3“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.П. (35) од Скопје. Во незгодата со повреди се здобиле двајцата возачи, како и сопатникот од возилото „Цитроен Ц3“ Д.Р. (35). Во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ им била укажана лекарска помош. Кај Х.Ш. и И.П. биле констатирани телесни повреди, а на Д.Р. му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Денеска (02.02.) околу 08,30 часот било пријавено дека во кругот на поранешен “Земјоделско индустриско комбинат-Скопско поле“, лоциран на локалниот пат за с.Арачиново, настанала расправија помеѓу Р.С.(51), Д.С.(23) Ј.С.(24) од една страна и Н.С.(46) и Н.С.(52) од друга страна. Причина за нарушувањето на јавниот ред и мир биле нерасчистени имотно-правни односи помеѓу браќата Р.С. Н.С. и Н.С. По пристигнувањето на полициски службеници на местото на настанот, го затекнале Н.С.(52) во бесознание, по што веднаш била повикана Итна медицинска помош, меѓутоа од страна на лекар била констатирана смрт. Од страна на полициски службеници од СВР-Скопје излезено е на местото на настанот, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот ќе биде предадено за обдукција. Останатите учесници се приведени во ПС Гази Баба. Се работи на целосно расчистување на настанот.

На 02.02.2018 година во 02.00 часот, раководител на контактната мрежа во Македонски Железници пријавил дека во кругот на железничката станица во с.Миладиновци непознат сторител извршил тешка кражба. Сторителот со употреба на сила и погоден алат одзел 13 тегови од 25 килограми од метален столб за затегнување на деловодната мрежа за напојување на електрична енергија. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

 

На 01.02.2018 година од 01.30 часот полициски службеници од Полициската станица Кичево извршиле контрола во два угостителски објекти на подрачјето на Полициското оддление Зајас. Во угостителски објект во с.Зајас, без соодветна дозвола за работа, биле затекнати Е.И. (23) и Е.И. (25) од Лежа-Република Албанија и А.К. (33) од Ѓаково-Косово. Во угостителски објект во с.Мидинци била затекната И.С. (30) од Сараево-Босна и Херцеговина. Сите лица биле приведени и по консултација со ЈО против нив, согласно Законот за странци поднесена е прекршочна пријава, странските државјанки се депортирани, изречена им е парична казна од по 500 евра и забрана за влез во РМ во траење од една година.  

 

На 01.02.2018 година во 17.50 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје О.Б. (46) пријавил дека истиот ден во периодот од 07.40 до 17.50 часот непознат сторител извршил тешка кражба во неговиот стан на ул. “Венјамин Манџуковски“. Сторителот со употреба на погоден клуч ја отворил влезната врата, влегол внатре и одзел лични документи, платежна картичка, машки и женски рачен часовник, девизи (евра, долари и турски лири во вредност од околу 150.000 денари), 40.000 денари, дозвола за пиштол и разновиден златен накит. На тој начин сторителот се стекнал со противправна имотна корист во вредност од 900.000 денари. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот. 

 

На 01.02.2018 година, во периодот од 21.30 до 23.00 часот, во куќата сопственост на Е.Ј. (80) на ул. „Д.Андонов-Папрадишки“ во населба Речани-Велес, непознат сторител извршил разбојништво над неа. Сторителот со употреба на сила влегол внатре и одзел 9.000 денари, по што побегнал во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.   

СВР Охрид  поднесе кривична пријава против  Ј.А. (27) од Охрид и непознато  лице поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “насилство“. На 27.01.2018 година   Д.К.(23) и И.А. (24) со нивното возило го престигнале возилото кое го управувал првопријавениот. Тој потоа им се доближувал, а кога Д.К. и И.А. застанале со возилото, непознатото лице насилно ја извадил Д.К. од возилото, додека првопријавениот со безбол палка започнал да удира по нивното возило, а потоа физички го нападнал И.А.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против  Џ.М. (44) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. На 07.08.2017 година околу 17.15 часот на улица „Констатин Петковиќ“ во Скопје пријавениот со неговото возило го пресретнал возилото коешто го управувал оштетениот, по што извадил пиштол и започнал вербална расправија. Во еден момент тој испукал куршум и го повредил оштетениот во левиот колк.  

 

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 13-годишник од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “тешка телесна повреда”. На 01.01.2018 година во кругот на основното училиште „Братство“ во Охрид пријавениот со нож го нападнал Д.Р. (29), при што му нанел тешка телесна повреда на градниот кош.  

 

СВР Охрид  поднесе кривична пријава против Љ.Ј. (39) од с. Горно Лакочереј, охридско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда при семејно насилство”.  На  25.01.2018 година пријавениот физички ја нападнал  неговата невенчана сопруга Б.Т. (33) при што и нанел телесни повреди.