Извадок од дневните настани 03.02.2018

На 02.02.2018 година во 08,30 часот, во Скопје на раскрсницата од ул.„Црногорска“ со ул.„4-ти Јули“, патничко моторно возило „Пежо 208“ со скопски регистерски таблици управувано од О.К.(41) од Скопје удрило во велосипедист Р.М. (51) од Тетово. Истата била пренесена во Градската општа болница „8-ми Септември“ каде и биле констатирани тешки телесни повреди (скршеница на лева рака во пределот на зглобот). Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Скопје и се работи на целосно расчистување на случајот.

На 02.02.2018 година било пријавено дека истиот ден во времето од 22,00 до 23,00 часот во Тетово, на ул.„Гоце Делчев“, во црквата „Свети Кирил и Методиј“, непознат сторител насилно ја отворил влезната врата и одзел 5.000 денари. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Тетово. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

На 02.02.2018 година во 22,45 часот во близина на с.Милетково-гевгелиско,  од страна на патрола од Полициска станица за Граничен премин и граничен надзор Богородица било сопрено товарно моторно возило „Фиат-Дукато“ со бугарски национални ознаки управувано од М.Д.(28) од Струмица. Од страна на полициските службеници бил извршен  преглед на возилото при што се пронајдени 15 мигранти (од кои осум сириски, пет пакистански и двајца ирачки државјани) кои биле приведени. За настанот бил известен  Јавен обвинител. М.Д. бил лишен од слобода и предаден во Полициска станица Гевгелија, а мигрантите се задржани во Полициската станица за Граничен премин и граничен надзор Богородица, за понатамошна постапка.

На 02.02.2018 година во 07,40 часот за влез во Р.Македонија се пријавило товарно моторно возило “Ивеко“ со кумановски регистерски таблици и приклучно возило марка „Шмитз“ со кумановски регистерски таблици управувано од А.К.(37) од Кратово. При мерење на вагата покажало поголема оптовареност од вкупната тежина, поради што било задржано на Граничниот премин за вонреден претрес. Околу 11,40 часот од страна на полициски службеници од Граничниот премин Стар Дојран биле забележани непознати лица како излегуваат од приклучното возило и се упатуваат кон Р.Грција, при што истите биле приведени. Притоа утврдено е дека се работи за две возрасни лица и три малолетни лица на возраст од 12, 14 и 16 години сите од Авганистан, како и едно полнолетно лице од Бангладеш. Според нивно кажување во возилото се качиле во Р.Турција. Извршен бил увид на местото на настанот, а од полициски службеници од Регионалниот центар-Југ-Гевгелија и од Привремениот транзитен центар Гевгелија извршиле разговор со мигрантите и со возачот. Мигрантите се предадени во Привремениот транзитен центар во Гевгелија. Се работи на целосно расчистување на случајот.

На 02.02.2017 година било пријавено дека на 01/02.02.2018 година во времето од  17.00  до 10.00 часот во Тетово на ул.“108“ во куќата на Н.А.(62), од засега неутврдени причина избувнал пожар. Од пожарот најпрвин се запалиле креветот и тепихот поставени во  ходникот, а делумно била изгорена  и дрвена врата  од  една соба. Пожарот најверојатно сам се изгаснал, а на местото на настанот на подот пронајдени биле три пластични  шишиња, а во едно од нив имало мала  количина на  течност која  мирисала на  гориво - бензин. Сопственикот се сомневал дека  пожарот  бил  подметнат, наводно од страна на неговиот внук Б.А. бидејќи  истиот во неколку  наврати  преноќевал  во  куќата, а двајцата имале меѓусебен спор околу нивниот имот. Увид извршила увидна екипа од СВР-Тетово и се  преземаат  мерки за  целосно  расчистување  на  настанот.

На 02.02.2018 година во 07,55 часот во СВР-Скопје, С.К. пријавил дека на ул.“Среќко Пужалка“ во кругот на детска градинка од засега непознати причини било опожарено товарно моторно возило “Субару Либеро“ со скопски регистерски таблици сопственост на градинката. Возилото подолго време не било во возна состојба и било оставено на наведеното место. Се работи на расчистување на настанот.

На 02.02.2018 година во 21,50 часот било пријавено дека во Трговскиот центар “Сити Мол“ пред сендвичарите на третиот кат бил нарушен јавниот ред и мир со тепачка помеѓу К.М.(22), Ф.Ј.(22), Л.Б.(22) сите од Кичево од една страна и Ј.Р.(29) и М.С.(30) од Скопје од друга страна страна. Причина за нарушувањето на јавниот ред и мир било тоа што трите лица од Кичево со мобилен телефон сликале две другарки на Ј.Р. и М.С. Истите најпрво започнале вербална расправија, а потоа настанала и тепачка. На местото на настанот излезено е од страна на полициски службеници и сочинет е записник за констатиран прекршок по член 11 став 3 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

На 02.02.2018 година вo 14,45 часот во ПС Ѓорче Петров Д.Љ.(57) пријавила дека истиот ден околу 08,10 часот додека се движела по ул.“Лука Геров“ во задниот дел од левата подколеница ја каснало куче скитник. По настанот од страна на нејзиниот син била пренесена во Градската општа болница “8-ми Септември“ за укажување на лекарска помош.

На 02.02.2018 година во 19,30 часот Б.Т.(53) пријавил дека на ул.“Бранко Заревски“ во населбата Драчево, додека тој седел во дневната соба во својот дом во еден момент пукнала плинска боца и потоа избувнал пожар при што била опожарена собата. Пожарот бил локализиран од страна на Бригадата за противпожарна заштита-Драчево.