Извадок од дневните настани 08.02.2018

 

 

 

На 07.02.2018 година околу 15,00 часот  во Скопје, на крстосницата на улица "Московска" со улица "Женевска" такси-возило “Фиат Линеа“ со скопски регистраски ознаки управувано од В.Б.(57) од Скопје, удрило во 15 годишно лице од Скопје. Од незгодата малолетничката се здобила со тешки телесни повреди, по што била пренесена  во Градска општа болница “8-ми Септември“, каде по укажаната лекарска помош, е задржана на понатамошно лекување.

На 07.02.2018 година околу 21,00 часот било пријавено дека во Скопје на ул.„Борис Сарафов“ во колонијална продавница четири непознати лица извршиле разбојништво врз вработената, при што i нанеле телесна повреда (со удар во лицето) одземајќи неутврдена сум пари од дневниот промет. Од страна на екипа од Итна медицинска помош вработената била пренесена во Градската општа болница“8-ми Септември“, за укажување лекарска помош. Од страна на СВР-Скопје бил извршен увид и се работи на целосно расчистување на случајот.

На 08.02.2018 година околу 03,00 часот било пријавено дека во Скопје на бул.„Борис Трајковски“ во бензинска пумпа, од страна на две непознати маскирани лица со закана со автоматска пушка било извршено разбојништво над двајца вработени при што им била одземена сума пари на од дневниот промет. Од страна на СВР-Скопје бил извршен увид и се работи на целосно расчистување на случајот.

На 08.02.2018 година околу 00,00 часот било пријавено дека во Скопје во Трговскиот центар-Беверли Хилс, во угостителски објект при крај на работното време, сопственикот З.В. (50) се обидел да ја изгасне музиката, по што група гости, кои дошле малку подоцна, негодувале на одлуката на сопственикот и започнале вербална расправија со него. По расправијата Д.А. физички го нападнал сопственикот З.В., а за да не дојде до нарушување од поголем обем, И.С. (41) гостин во угостителскиот објект, застанал помеѓу лицата и сопственикот. Тогаш настанала турканица, и за кратко време од страна на групата гости биле фрлени неколку шишиња кон шанкот, по што го напуштиле угостителскиот објект. Околу 02,30 часот, И.С. заминал во друг угостителски објект и физички бил нападнат од страна на десетина лица, меѓу кои и лица кои учествувале во нарушувањето во предходниот угостителски објект при што му се нанесени телесни повреди. Во мешаницата со неколку удари во главата бил нападнат и менаџерот на угостителскиот објект С.С. (25). После нарушувањето, напаѓачите избегале од местото на настанот. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

На 07.02.2018 година околу 18,10 часот во с.Боговиње-тетовско, полициски службеници од Полициско одделение Камењане дале знак за да застане патничко моторно возило “БМВ“ со скопски регистерски таблици. Истото застанало и кога полицискиот службеник се доближил, возачот во возилото го стартувал истото и се обидел да го удри полицискиот службеник а потоа удрил во полициското возило како и во други паркирани возила. При обидот за бегство, едно од лицата кое било сопатник во возилото испукало два куршуми од пиштол во воздух. Поради предупредување, полициските службеници испукале неколку куршуми во воздух . Лицата се дале во бегство заедно со уште две возила - “Ауди“ со штипски регистерски таблици и “Шаран“ со непознати регистерски таблици напуштајќи го местото на настанот. Околу 20,50 часот на влез во Скопје, од страна на полициски службеници од единицата Алфи, било сопрено возило “БМВ“ управувано од 17 годишен малолетник од Куманово. Подоцна, во населбата Ѓорче Петров, од страна на полициски службеници од единицата Алфи, било сопрено и возилото “Ауди“ со штипски регистерски таблици управувано од И.С. (29) од Куманово. Лицата се приведени во ПС-Ѓорче Петров, а возилата се пренесени во кругот на полициската станица за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 08.02.2018 година во 04.00 часот на Граничен премин Аеродром “Александар Велики“-Скопје, од страна на обезбедувањето на аеродромот, во тоалетот, бил пронајден В.M.(52) од Велика Британија, кој недавал знаци на живот. Смртта била констатирана од страна на доктор од екипата за Итна медицинска помош. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е дадено за обдукција.
На 07.02.2018 година во Сектор за внатрешни работи Охрид, Н.С.(57) од Охрид, пријавила дека околу 03,40 часот исчезнал нејзиниот сопруг Д.С.(60). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 07.02.2018 година околу 12,00 часот во комплекс „Ловец“ во Тетово од страна на Полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово, приведен е Р.И.(42) од село Слатино, тетовско. Истиот се барал за издржување затворска казна во времетраење од три години и шест месеци за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. Р.И. е преден во Казнено поправна установа "Идризово" Скопје.

Во текот на вчерашниот ден (07.02.2018 година), на подрачјето на Сектор за внатрешни работи Скопје се случиле 10 сообраќајни незгоди од кои една со тешки телесни повреди, пет со телесни повреди и четири со материјална штета. При сообраќајните незгоди едно лице се здобило со тешки телесни повреди (пешак) и осум лица се здобиле со лесни телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 20 возачи управувале возила со поголема брзина од дозволената, а 15 возачи се исклучени од сообраќајот и тоа 10 возачи го управувале возилото без да се стекнат со право за управување на моторно возило, тројца - бидејќи биле возачи почетници и две лица управувале возило под дејство на алкохол. Исто така, 11 возила се исклучени од сообраќај бидејќи биле нерегистрирани. Четири возачи се санкционирани бидејќи ја поминале крстосницата на црвено светло, еден недал првенство на минување на возила, двајца - бидејќи неправилно се престроиле и шест возаќи бидејќи непоседувале зимска опрема во возилата. Во однос на пешаците преземени се мерки против тројца пешаци кои поминале коловоз надвор од пешачки премин. Во текот на изминатиот ден исто така издадени се 99 мандатни платни налози,  додека 96 возила се подигнати со "пајак".

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава  против И.Џ. (23) од с. Дебреше поради постоење основи на сомнение за сторени  кривични дела „недозволено држење на оружје или распрскувачки материи“,   четири кривични дела “одземање на моторно возило“ и 11 кривични дела „тешка кражба“. Во периодот од 21.10.2017 година до 21.11.2017 година, И.Џ. со употреба на сила и погоден предмет, влегол во пет куќи и шест продавници на подрачјето на Гостивар и одзел парични средства и златен накит. Исто така, во истиот период, тој одзел и четири моторни возила, коишто ги управувал до други градови, по што ги оставал. На 17.01.2018 година околу 02.30 часот, по преземени мерки, И.Џ. бил лишен од слобода во куќа на ул. „Методија Андоноски“ во Гостивар. Притоа, кај него бил пронајден пиштол марка „Forajas Taurus“ со шест куршуми калибар 9 милиметри. Со извршените кривични дела пријавениот  се стекнал со имотна корист во износ од 1.494.300 денари.

На 08.02.2018 година во 01,00 часот Е.С.(25) пријавила дека на 07.02.2018 година околу 18,30 часот во с.Волково била физички нападната од страна на нејзиното поранешно момче И.А. Имено додека седеле во возилото на И.А. во еден момент тој почнал да ја удира со тупаници во пределот на главата, телото, грбот и рацете, нанесувајќи и видливи повреди по главата и телото, а потоа И.А. почнал да ја допира по телото. Причина за физичкиот напад е тоа што пријавителката не сакала да има сексуален однос со И.А. бидејки ја прекинале врската пред две недели. Настанот е пријавен во Полициска станица Ѓорче Петров и се работи на целосно расчистување на случајот.

На 07.02.2018 година М.Т.(54) од Скопје пријавил дека во времето од 06,30 до 15,00 часот на улица "808" од страна на непознат сторител извршено му е одземање на патничко моторно возило "Југо 55" со скопски регистарски ознаки. Сторителот без да биде забележан го стартувал возилото со клучевите кои биле оставени на воланот и го напуштил местото на настанот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на возилото.

Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против А.Ф.М.(53), германски државјанин со статус на постојано населен странец во Република Македонија, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ предвидено и казниво по чл.396 од КЗ на Р.М. Имено, на 07.02.2018 година Единицата за недозволена трговија по претходно добиени оперативни сознанија, а врз основа на наредба од Основен суд Скопје 1 Скопје, изврши претрес на домот на лицето на ул.“Црногорска“ во Скопје, при што биле пронајдени и одземени еден пиштол „М-57“ калибар 7,62мм со една рамка со осум куршуми. Лицето е задржано во просторииите на Единицата за недозволена трговија. Воедно, против пријавениот на 15.11.2017 година веќе е поднесена претходна кривична пријава за сторено кривично дело исто така по чл.396 од КЗ на РМ од страна на Единицата за недозволена трговија, кога по претходно добиени оперативни сознанија бил извршен претрес во неговиот дом при што се пронајдени 118 куршуми калибар 7,62х25мм и 11 куршуми калибар 6,35мм.

Надворешната канцеларија Прилеп при Секторот за внатрешни работи Битола поднесе кривична пријава против Д.К.(30) од Неготино поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “измама“. Пријавениот под лажно име на веб страницата „Пазар 5“ нудел посредување за вработување во Германија, по што оштетениот Б.Б. контактирал со пријавениот кој му посочил дека доколку сака да  работи во Германија потребно е на неговата трансакциска сметка да изврши уплата на парични средства. Откако оштетениот уплатил 36.550 денари  пријавениот му потврдил дека дозволата за работа во Германија ќе ја добие за некое време. По  подолг период  оштетениот се посомневал дека бил измамен, по што го пријавил случајот.

Надворешната канцеларија Кочани при Секторот за внатрешни работи Штип поднесе кривична пријава  против  К.С. (47) од село Цера, Македонска Каменица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари”. Пријавениот, во септември 2017 година, при исплата на долг кон неговиот брат Б.С. употребил фалсификувана банкнота од 100 евра, што претходно ја набавил од непознато лице. На 07.09.2017 година од страна на сопругата на Б.С. при внесување на паричните средства на девизна сметка, во банката и било укажано дека банкнотата е фалсификат.

Полициската станица Радовиш поднесе кривична пријава против Д.Ј. (56)  од село Коџалија поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела “измама“  во врска со  “бесправно градење“. Во текот на април 2014 година на местото викано „Коџадуз“ во село Коџалија, на парцела сопственост на Р.Македонија, пријавениот без одобрение за  градење започнал со  градба на индивидуална стамбена куќа. На 03.03.2016 година пријавениот и покрај тоа што знаел дека градежниот објект не изграден на парцела во негова сопственост, поднел барање  до Општина Радовиш за утврдување на правен статус на бесправен објект-индивидуален стамбен објект, со што ги довел во заблуда вработените во Секторот за урбанизам при Општина Радовиш. На 24.11.2017 година од страна на полициски службеници и градежната инспекција при Општина Радовиш, било констатирано дека пријавениот имал изградено градежен објект за домување на парцела сопственост на Р.Македонија и не поседувал градежно техничка документација за градење.

На 08.02.2018 година во 01.30 часот во Полициска станица Прилеп, З.М.(54) од Прилеп,  пријавил дека во наведеното време во гаража лоцирана на булевар “Гоце Делчев“, од засега непознати причини настанал пожар на патничко моторно возило “Сузуки Свифт“ со прилепски регистарски ознаки, негова сопственост. Пожарот бил изгаснат од страна на Противпожарна екипа. Известен е Јавен обвинител, извршен е увид на местото на настанот и се работи на расчистување на случајот.

На 08.02.2018 во 12,30 часот СВР Тетово е пријавен пожар во куќа на ул “29 Ноември“ во Тетово. Имено, во поткровниот дел од куќата во која што живеела А.И. (79), во обид да користи грејно тело на плин, дошло до експлозија на плинската боца, при што А.И. се здобила со повреди и изгореници. Од експлозијата настанал пожар во собата каде што било грејното тело. Од страна на Територијалната противпожарна единица огинот е изгаснат а повредената А.И. со возило на итна медицинска пшомош е пренесена во Клиничката болница Тетово каде што и е укажана лекарска помош. Увидот е во тек