Извадок од дневните настани 10.02.2018

На 09.02.2018 година во 14,30 часот во с. Горна Бањица, гостиварско, во неговата куќа бил пронајден починат М.Ш. (83). Од страна на лекар од Итна медицинска помош била  констатирана смрт. Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Гостивар. Од извршениот увид било утврдено дека во собата избувнал пожар при што бил опожарен дел од мебелот, а телото и дневната соба биле покриени со чад-црнило. По наредба на Јавен обвинител телото е предадено за обдукција.

На 09.02.2018 година околу 20.10 часот во Единицата за информации и команда Скопје, Е.Р. пријавил дека во с.Батинци, скопско, во куќа на ул. „1“ имало непознато лице. Полициски службеници извршиле преглед и во куќата било пронајдено едно непознато лице. Во тој момент пред куќата почнале да се собираат жители на селото, кои сакале да го фатат сторителот. Полициските службеници го извадиле надвор од куќата и во моментот додека се обидувале да го стават лицето во службеното возило, од позади грб се доближило непознато лице кое сакало да го удри приведениот, но го промашил и со тврд предмет удрил еден од полициските службеници во левата нога. Полицискиот службеник бил пренесен во градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде му била укажана лекарска помош и му биле констатирани телесни повреди. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

На 09.02.2018 година во 20.45 часот во аптека на ул. „Влатко Миленкоски“ во Битола непознат сторител извршил разбојништво. Сторителот со закана со пиштол од вработените ги одзел парите од дневниот промет во вкупен износ од 38.500 денари и два мобилни телефони, по што побегнал во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

На 09.02.2018 година во 19.10 часот во Единицата за информации и команда Скопје, З.О. (21) од с.Батинци, скопско, пријавил дека истиот ден околу 18.50 часот пет непознати лица (три машки и две женски) физички го нападнале и му извршиле разбојништво. Додека се возел во автобус бр.70 на Јавното сообраќајно претпријатие, на автобуската постојка кај „Веро Џамбо“ во автобусот се качиле лицата кои зборувале на висок тон. Тој побарал од нив да престанат и во тој момент едно од лицата од позади грб го удрил со тупаница, а потоа и другите лица физички го нападнале удирајќи го со тупаници. Возачот ги отворил вратите, по што лицата излегле и го земале куферот на З.О. Тој, исто така, избегал кон Меѓуградската автобуска станица. На семафорите пред Железничка станица едно од лицата го фатил за рака и му го одзел рачниот часовник, а друго од лицата со тупаница го удрил во пределот на градите. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата и за целосно рачистување на случајот.

На 10.02.2018 година околу 10,40 часот на регионалниот пат Кавадарци - Прилеп, на  околу двестотини метри од тунелот во близина на с. Росоман, се случила сообраќајна незгода меѓу патнико моторно возило “Рено мастер“ со скопски регистарски таблички управувано од М.М. (52) од Скопје и патничко моторно возило “Голф 3“ со битолски регистарски таблички управувано од М.Ј. (34) од Битола. По незгодата со возило на итната медицинска помош во Прилепската болница е пренесен М.Ј. Увидот е во тек.

Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „измама“ и „фалсификување пари“, Полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против А.Р.(69) од Грузија. Пријавениот, казнените дела ги сторил на седми ноември минатата година во една  менувачница на улицата „Маршал Тито“ во Струга. Тој, на вработениот во менувачницата му побарал да размени пари во вкупен износ од  60.000 евра. При размената на парите, пријавениот искористил прилика и на вработениот му вратил, во плик, фалсификувани евра (во износ од по 500 евра) а потоа си заминал. Во моментот на размената на пликоата со пари, вработениот не ја забележал измамата но по извесно време тој ги проверил парите и притоа утврдил дека  се фалсификат.