Извадок на дел од дневни настани 16.02.2018

 На 16.02.2018 година во 01,00 часот во СВР-Скопје, Г.М. (37) пријавил дека на 15.02.2018 година околу 23,20 часот во спортска обложувалница лоцирана на бул.„Јане Сандански“ непознато лице изреволтирано бидејќи му била побарана лична карта  за исплата на добитен тикет (согласно законските прописи за исплата на добивка) почнало да му се заканува на вработениот (пријавителот) и во еден момент со кутија полна со пенкала фрлило кон него и го погодило во лицето. Потоа сторителот излегол надвор и земал канта за отпадоци и почнал да удира по влезната врата од објектот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 15.02.2018 година околу 16,30 часот било пријавено дека во Скопје на „Зелен Пазар“,од засега непознати причини избувнал пожар, при што биле опожарени четири тезги од кои една целосно и три биле делумно опожарени. При гаснење на пожарот со повреда се здобил Е. Х. (53) (изгореници на двете дланки на рацете). Е.Х. бил пренесен во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ каде му била  укажана лекарска помош и бил пуштен на домашно лекување. Пожарот бил изгаснат од страна на екипа на Бригадата за противпожарна заштита. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР-Скопје.

 

На 16.02.2018 година во 05,20 часот во Полициско одделение Теарце, С.И. (53)  од с. Лешок пријавила дека  додека се движела пеш по локалниот пат во с. Лешок кон регионалниот пат Тетово-Јажинце била касната од две кучиња, при што се здобила со телесни повреди. Истата побарала лекарска помош во Медицинскиот центар во Тетово.

           

Во текот на вчерашниот ден (16.02.2018 година), на подрачјето на Сектор за внатрешни работи Скопје се случиле девет сообраќајни незгоди од кои две со тешки телесни повреди, шест со телесни повреди и една со материјална штета. При сообраќајните незгоди две лица се здобиле со тешки телесни повреди а 10 - со лесни телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 25 возачи управувале возила со брзина поголема  од дозволената. Исто така од сообраќај се исклучени и 22 возачи - 18 го управува возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило, додека четири лица возеле под дејство на алкохол. Поради истечена важност на сообраќајната дозвола од сообраќај се исклучени 12 возила, а две биле технички неисправни. Тројца возачи се санкциониран бидејќи поминале крстосница на црвено светло, пет возачи неправилно се престроиле, додека тројца неправилно престигнувале. Во однос на пешаците санкциониран е еден пешак кој поминале коловоз надвор од пешачки премин. Покрај ова, во текот на изминатиот ден издадени се 112 мандатни платни налози и  92 возила се подигнати со "Пајак".

 На 15.02.2018 година околу 09.20 часот, на ул. „2“ во с.Инџиково- скопско, патничко возило „Мерцедес“ со скопки регистарски ознаки, управувано од Р.А. (35) од с.Сингелиќ-скопско, удрило во пешакот С.Б. (73) с.Инџиково. Од ударот, С.Б. се здобил со повреди, по што бил пренесен во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“, каде му била укажана лекарска помош и му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје и се работи на целосно расчистување на случајот.
 
На 15.02.2018 година во 15.20 часот, на крстосницата од улиците „Маџари“ и .„Финска“ во Скопје, патничко возило „Ауди А4“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Н. (41) од с.Сингелиќ-скопско, удрило во пешак, 15-годишно девојче од Скопје. По ударот, девојчето со возило на Итна медицинска помош било пренесено во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ каде и била укажана лекарска помош и и биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје и се работи на целосно расчистување на случајот.
 
На 15.02.2018 година Л.Л. (40) од Гостивар пријавила дека непознат сторител ги злоупотребил нејзините лични податоци на тој начин што креирал лажен профил на социјална мрежа. На лажниот профил била поставена фотографија од нејзината сестра, биле преземани и објавувани повеќе фотографии од нивното семејство, како и фотографии со недолични содржини. Се преземаат мерки за откривање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.
 
На 15.02.2018 година било пријавено дека ноќта 14/15.02.2018 година во Штип, на ул.„Ванчо Прке“ во менувачница сопственост на М.М. (53) непознат сторител откако влегол во менувачницата од пултот одзел околу 30.000 денари. Потоа, од засега непознати причини избувнал пожар, односно почнал да гори двосед во менувачницата, а сторителот го напуштил местото на настанот. Извршен е увид од страна на увидна екипа на СВР-Штип. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
 
На 15.02.2018 година во 10,00 часот во Полициското одделение Сарај,  Е.Б. (46) од с.Љубин-скопско, пријавил дека од страна на неговиот внук Е.Б. (19) му била загрозена сигурноста. Според кажувањето на пријавителот, истиот ден преку вибер,  Е.Б. му испратил пораки со закана дека ќе го убие него и неговото семејство доколку не му ја даде неговата ќерка. Претходно, на 14.02.2018 година околу 23,50 часот му се јавил неговиот братучед А.Б. и го предупредил да внимава затоа што неговиот внук избегал од домот. Тој избегал откако дознал дека пријавителот ја верил неговата ќерка и бил револтиран затоа што бил во љубовна врска со неа. Пријавителот, исто така, појаснил дека внукот Е.Б. на 31.12.2017 година ја зел неговата ќерка и два дена биле заедно во хотел во Тетово без негова дозвола, а бидејќи не знаел каде е ќерка му тој ја пријавил за изчезната во Полициската станица.
 
На 15.02.2018 година во 03,10 часот во Единицата за информации и команда при Секторот за внатрешни работи Скопје В.М. (48) од с.Бујковци-скопско, пријавила дека во семејната куќа во с.Бујковци била физички и психички малтретирана од страна на нејзиниот сопруг В.М. (57), кој што неколку пати ја удрил со раце во пределот на телото и ја навредувал. За време на малтретирањето бил присутен и нивниот син Н.М. (22).  В.М. (57) бил приведен и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. 
 
На 15.02.2018 година во 18.00 часот во Полициската станица Чаир, У.Ф. (47) од Скопје пријавил дека истиот ден, попладнето во непознат правец се оддалечила неговата 16-годишна ќерка. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
 
На 15.02.2018 година во 18,30 часот, М.П. (61) од Скопје пријавила дека на 14.02.2018 година околу 07,15 часот на ул. „Благоја Стефковски“ во Скопје била нападната и касната за двете нозе од две кучиња-скитници.
 
На 15.02.2018 година во 17,45 часот, М.З.(20) од Скопје пријавила дека на 29.01.2018 година околу 09,00 часот, додека се движела на бул. „3-та Македонска  Бригада“, била нападната од куче-скитник кое ја каснало за десната нога. По настанот М.З. отишла на лекарски преглед во Градска општа болница „Свети Наум Охридски“, од каде била препратена на Инфективната клиника при комплексот клиники „Мајка Тереза“. 
 
Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против Ј.К. (38) од село Велгошти-охридско поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела “загрозување на сигурноста” и “насилство”. На 11.02.2018 година во Територијалната противпожарна едница Охрид пријавениот, кој бил на работно место пожарникар, упатил сериозни закани по животот на неговите колеги Д.Г. (49) и Н.Љ. (45), а на 13.02.2018 година Ј.К. кога не бил на должност дошол во просториите на Територијалната противпожарна едница и упатил закани по животот на П.С. (61),  М.Г. (48) и Д.Г. (49) и физички го нападнал Д.Г. по што бил спречен од вработените. Од страна на полициски службеници биле преземени мерки и пријавениот бил лишен  од слобода, а при извршен преглед кај него бил пронајден нож.
 
Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против С.К.(22) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторенo кривично дело “загрозување на сигурноста при семејно насилство”. На 31.01.2018 година во Охрид на улица “Париска Комуна” пријавениот, во неговиот дом, по вербална расправија, физички го нападнал неговиот татко П.К. (53), при што го скршил стаклото од влезната врата и му нанел расекотини на П.К., а потоа со нож им се заканувал на неговите баба и дедо. По интервенција на полициски службеници, пријавениот бил лишен од слобода, додека неговиот татко со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Медицинскиот центар во Охрид.
 
Надворешната канцеларија Прилеп приСекторот за внатрешни работи Битола поднесе кривична пријава против Ќ.С. (23) од село Дебреште-гостиварско и Н.А. (47) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “вонбрачен живот со дете“. Во временскиот период од почетокот на септември 2017 година до 23.01.2018 година, првопријавениот, со согласност на второпријавениот, живеел вонбрачно со 15 годишна малолетничка  од Битола.
Надворешната канцеларија Прилеп приСекторот за внатрешни работи Битола поднесе кривична пријава против Д.К.(30) од Неготино поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. Во временскиот период од 15.12.2017 до 19.12.2017 година, во врска со објавен оглас, дека пријавениот посредува за виза и документација за работа во Германија, К.М.(40) од Прилеп, по претходен телефонски договор за посредување, му уплатила 17.800 денари, по што пријавениот го прекинал контактот со оштетената.