Извадок од дневните настани 17.02.2018

Денеска (17.02.2018) околу 10,55 часот на патот од Македонски Брод кон Прилеп, во близина на село Ропотово се случила сообраќајна незгода меѓу патничко возило “Лада самара“ со битолски регистарски таблички, управувано од М.В. (46), патничко возило “Мерцедес“ со кумановски регистарски таблички управувано од М.М. (69) од село Лажани и товарно возило “Мерцедес“ со кумановски регистарски таблички управувано од Т.Д. од Куманово. Во несреќата на самото место починале З.В. (66), сопатничка во возилото “Лада самара“, како и возачот на патничкото возило “мерцедес“ М.М. Исто така во несреќата со повреди се здобиле и возачот на “Лада“-та М.В. како и сопатничката во истото возило Л.В. (44) кои што се пренесени во Општата болница Прилеп. Увидот е во тек а сообраќајот на таа делница е во прекин.      

На 16.02.2018 година во 19,00 часот во Неготино, на раскрсница со улиците „Цандо Кожинков“ и „Даме Груев“, патничко моторно возило „Даихатсу Фероза“ со велешки регистарски таблички, управувано од А.К.(49) од Неготино,  удрило во пешакот Д.Ц.(79) од Неготино. Во незгодата Д.Ц. се здобила со тешки телесни повреди, по што е пренесена во Итна медицинска помош Неготино, но поради сериозноста на повредите е префрлена во Комплекс клиники "Мајка Тереза" Скопје. Извршен е увид на местото на настанот.

На 16.02.2018 година во 13,25 часот, на крстосницата од улица "Мајка Тереза" и улица "Ацо Караманов" патничко моторно возило "Ренџ Ровер" со скопски регистарски таблички управувано од А.Б.Ц.Г. (30) од Скопје удрил во пешакот Ѓ.Ѓ.(20) од Скопје. Во  незгода со повреди се задобила Ѓ.Ѓ.  која со возило на брза помош била пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде и биле констатирани тешки телесни повреди.

На 16.02.2018 година во 21,30 часот од страна на униформирани полициски службеници  од Полициска станица Тетово, на улица „Илинденска“ било запрено патничко моторно возило „БМВ“  со тетовски регистарски таблички управувано од Ш.И.(37) од село Желино, а како сопатници во возилото биле Е.Б.(24) и А.Б.(26), двете од Р.Албанија. При извршен преглед на возилото била пронајдена една зипер кеса со марихуана, по што сите лица се приведени во Полициска станица Тетово за понатамошна постапка.

На 16.02.2018 година во 19,20 часот Н.И.(49) од Скопје пријавил дека околу 14,00 часот неговата ќерка Ѓ.И.(28) се одалечила од домот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 16.02.2018 година А.Р.(42) од Скопје пријавила дека во 15,30 часот на улица "Лука Геров"  нејзината мајка В.Р.(70) била касната од куче во пределот на десната подколеница.

На 16.02.2018 година во 20.00 часот Р.В.(58) од Скопје, пријавил дека на 15.02.2018 година околу 16.00 часот додека со моторцикл се движел на булевар "12-та Македонска Бригада"  бил нападнат од куче скитник кое го каснало  под коленото на десната нога.
На 14.02.2018 година во Сектор за внатрешни работи Струмица, О.Д. пријавил дека  истиот ден од дома во непознат правец се оддалечила неговата 14- годишна ќерка.  Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 16.02.2018 година во 22,30 часот пријавено е дека околу 22,15 часот на улица "Јужноморавски бригади" од страна на непознат сторител физички биле нападнати М.С. (16) и М.П. (15). Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 16.02.2018 година околу 13.30 часот на улица "Кеј 13-ти Ноември" во Скопје пронајдени се  15-годишниот Е.А. и 16-годишната Џ.К., кои претходно беа пријавени за исчезнати.

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело - “злоупотреба на службена положба и овластување“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Љ.А.(61) од Охрид. Пријавениот, казненото дело го сторил во периодот од октомври 2012 до јуни 2013 година, во својство на директор на ЈЗУ „Општа болница“ Охрид. Тој, со искористување на својата службена положба и овластување, без утврдена потреба повел иницијатива и дал налог да се спроведе постапка за јавна набавка на медицинска опрема и делови од медицинска опрема-две машини за миење и дезинфекција на инструменти за потребите на ЈЗУ Општа болница Охрид. Тоа го направил без претходно да има добиено такво барање од некое одделение од болницата за набавка на таква опрема и без целосна и конкретна  спецификација за потреба од набавка на истата, и без да наведе дека тие се несоодветни машини кои немаат практична можност за употреба за ваков вид на здравствена установа. Постапка за јавна набавка била спроведена сметано од 22.11.2012 година, а на 21.12.2012 година, пријавениот, во име на ЈЗУ„Општа болница“Охрид, склучил договор со фирмата „ЕВРО Тим“ДООЕЛ Скопје со која ја реализирал набавката на спорните машини за миење и дезинфекција во висина од 703.394 денари. Со тоа Љ.А. го оштетитил буџетот на ЈЗУ „Општа болница“ Охрид во износ од 703.394 денари.