Извадок на дел од дневни настани 03.03.2018

На 02.03.2018 година во 19.35 часот на магистралниот пат Охрид-Кичево, помеѓу с. Мешеишта и с.Требеништа, дошло до судир помеѓу патничко возило „Ауди“ со охридски регистарски ознаки, управувано од И.Б. (36) од с.Мешеишта и патничко возило „Опел Мерива“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.М. (41) од Скопје. Од судирот со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците во возилото „Опел Мерива“, С.М.(61) и А.М. (66). Тие биле пренесени и задржани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Со телесни повреди се здобиле сопатникот во возилото „Опел Мерива“ А.Г.Г. (36) од Скопје, како и возачите на двете  возила. По укажаната помош тие биле пуштени на домашно лекување.  Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид.

На 02.03.2018 година околу 09.00 часот на магистралниот пат Велес-Штип, кај Лозово, дошло до судир помеѓу три возила. Патничко возило „Мерцедес“ со штипски регистарски ознаки, управувано од М.П. (46) од Штип, удрило во патничко возило „Тојота“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Д. (27) од Скопје. После тоа возилото „Тојота“ удрило во патничко возило „Цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Г. (49) од Скопје. Притоа, со повреди се здобил А.Г. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Свети Николе.

На 02.03.2018 година околу 12.00 часот непознат маскиран сторител извршил разбојништво во банка на ул.„Гоце Делчев“  Гостивар. Сторител со закана со пиштол од вработените одзел околу 1.300.000 денари, по што со возило побегнал во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.                                         

На 02.03.2018 година во 09.00 часот во Полициското одделение Мирковци, С.Т. (70) од Скопје пријавил дека на 23.02.2018 година околу 09.00 часот бил пресретнат од група кучиња-скитници, при што едно од кучињата го каснало на десната нога и му нанело видлива повреда.