Извадок на дел од дневни настани 06.03.2018

На 05.03.2018 година, околу 18,00 часот, на регионалниот пат Велес-Градско, непознато лице управувајќи патничко моторно возило непозната марка удрило во пешакот Д.В.(33) од село Аџиматово, велешко, по што лицето со возилото го напуштило местото на настанот. Д.В. со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Општа болница Велес, каде починал. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција.

На 05.03.2018 година, околу 14,30 часот, во Полициската станица Аеродром е пријавен физички напад врз Б.С.(71) од Скопје, кој што физички бил нападнат пред својот дом од страна на две лица. Повредениот со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Комплексот клиники "Мајка Тереза". Полициски службеници веднаш излегле на место на настанот и се работи на целосно рачистување на случајот.

На 05.03.2018 година во 21,30 часот на Граничен премин "Блато", на излез од Република Македонија се пријавил Х.Ф.(46) од Република Албанија, со албанска патна исправа. При проверка констатирано е дека истиот евидира во казнена евиденција за сторено кривично дело. На 06.03.2018 година лицето е донесено и задржано во Полициска станица Кисела Вода за понатамошна постапка.
                                         
На 05.03.2018 година во 22,00 часот У.Б.(56) од село Делогожда, струшко  пријавил дека истиот ден околу 17,00 часот во Скопје на булевар „Крсте Мисирков“ додека бил застанат со неговото патничко моторно возило „Пасат“ во кое што биле тројца негови роднини, им се приближиле неколку лица, при што физички го нападнале У.Б. и истиот се здобил со скршеница на левата рака и носот. Според пријавата, напаѓачите го нападнале и неговиот брат и син, по што истите се дале во бегство. Оштетените се упатиле во Градска општа болница „Св. Наум Охридски“ каде им е укажана лекарска помош. Причина за настанот, според пријавата, е претходна расправија.  Имено, околу 14,00 часот во Комплексот клиники "Мајка Тереза" Скопје, У.Б. имал сообраќајна незгода со братот на еден од напаѓачите,. Се работи на целосно расчистување на случајот.

На 05.03.2018 година во 11,00 часот во Полициска станица Гостивар, Л.Б.(54) од Гостивар пријавил дека на 04.03.2018 година околу 06,00 часот од дома во непознат правец се оддалечил неговиот брат Л.З.(52) од Гостивар. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.


Во текот на вчерашниот ден (05.03.2018), на подрачјето на Сектор за внатрешни работи Скопје се случиле девет сообраќајни незгоди од кои шест со телесни повреди и три со материјална штета. Во сообраќајните незгоди 11 лица се здобиле со лесни телесни повреди. Санкционирани се 19 возачи заради возење со поголема брзина од дозволената. Од сообраќај се исклучени 12 возачи, од кои 10 од нив управувале возила пред да се стекнат со право за управување на моторно возило, а двајца биле возачи почетници. Исто така, исклучени од сообраќај се 12 возила од кои 10 биле со истечена важност на сообраќајната дозвола, додека две возила биле технички неисправни. Тројца возачи се санкционирани бидејќи поминале крстосница на црвено светло. Во однос на пешаците, санкциониран се 14 пешаци кои го поминале коловозот надвор од пешачки премин. Во текот на изминатиот ден издадени се 95 мандатни платни налози, додека 82 возила се подигнати со "Пајак".

На 05.03.2018 година во 09.00 часот на крстосницата од улиците “Димитар Влахов“ и “Кресненско востание“ во Велес,  товарно возило „Форд транзит“ со велешки реигстарски ознаки, управувано од И.М.(25) во Велес удрило во  пешакот Д.М.(84) од Велес. И.М., движејќи го возилото наназад, го удрил пешакот, кој се здобил со тешки телесни повреди,  по што бил пренесен и задржан во Медицински центар Велес.  Извршен е увид на местото на настанот.

 

На 05.03.2018 година Т.Н.(30) од Скопје пријавила дека на 04.03.2018 година околу 13.00 часот, додека се движела на улица „Партение Зографски“, била нападната и касната од куче, при што се здобила со повреда на десната нога.

 

На 05.03.2018 година О.В.(30) од Скопје пријавила дека на 04.03.2018 година околу 13.00 часот, додека се движела на улица „Партение Зографски“, била нападната и касната од куче при што се здобила со повреда на левата нога.

 

На 05.03.2018 година во Полициската станица Бит Пазар, З.Ш.(45) од Скопје  пријавила дека истиот ден во 09.00 часот, нејзината ќерка В.Ш.(19) сама се вратила во домот. Таа била пријавена за исчезната на 28.02.2018 година.

 

Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против Ф.Ф.(26) од Куманово, за сторено кривично дело „точење алкохолни пијалоци на малолетници“.  На 12.01.2018 година, во 00,00 часот, во кафе бар пријавениот иако ја знаел законската забрана во врска со точење алкохолни пијалоци на малолетни лица не се придржувал кон неа и како одговорно лице на угостителски објект овозможил точење и послужување на алкохолен пијалок на шест малолетни лица.

Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против А.Е.(50) од Куманово, М.П.(51) од Струмица-сопственик на АД „ЗИК Скачковце“-с.Скачковце и управител на „РОЈАЛ ОРГАНИК“ ДОО - с.Скачковце, М.Џ. (67) од Куманово- управител на АД „ЗИК Скачковце“ с.Скачковце, АД „ЗИК Скачковце„ увоз-извоз с.Скачковце, Куманово и ДПЗТУ „РОЈАЛ ОРГАНИК“ ДОО увоз-извоз Куманово за сторени продолжени кривични дела „фалсификување или уништување деловни книги“, „оштетување или повластување на доверители“ и „лажен стечај“.  Пријавените како сопственици и управители на АД „ЗИК Скачковце“, во текот на работењето вршеле дејствија со цел создавање на долгови на сметка на правното лице по основ на данок на додадена вредност и данок на добивка, како и нараснати обврски за плаќање. За таа цел, го формирале правното лице ДПЗТУ „РОЈАЛ ОРГАНИК“ ДОО Скопје, на кое му се отстапени на располагање обработливото земјоделско земјиште да го користи под концесија и целокупната механизација, а за возврат истото, да ги исплати сите доспеани обврски кон АД„ЗИК СКАЧКОВЦЕ“. Со намера да придизвикаат лажен стечај на АД„ЗИК СКАЧКОВЦЕ“, издадени се фиктивни фактури, по што донесено е решение за отворање на стечајна постапка. За да го прикријат незаконско работење изготвиле фактури со испратници за наводна продажба на анасон од жетвата 2016 година од магацините на АД „ЗИК Скачковце“. Со ваквите дејствија А.Е. се стекнал со противправна имотна корист од 1.194.316 денари, М.П. се стекнал со противправна имотна корист од 3.095.000 денари, а заедно со М.Џ. предизвикале штета на доверителите на  АД „ЗИК Скачковце“ за вкупен износ од 11.889.516 денари.

 

На 04.03.2018 година во времето од 15,00 до 21,10 часот во село Сенокос, гостиварско, во куќа сопственост на Ф.А.(41), непознат сторител извршил тешка кражба на тој начин што насилно ја отворил балконската врата, влегол внатре и по извршено пребарување одзел поголема количина разновиден златен накит во вредност од околу 1.000.000 денари  и 500 евра. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Ќ.А.(74), од село Бороец, за сторено кривично дело „бесправно градење“. Пријавениот како инвеститор на локација негова сопственост, изградил два објекти за домување без одобрение за градба и без одобрена техничка документација.          

На 05.03.2018 година во 20,35 часот во Полициска станица Струга од страна на Противпожарната единица Струга пријавено е дека на улица „Владо Малески“ околу 19,30 часот од непознати причини настанал пожар во патничко моторно возило „БМВ“ со албански регистарски ознаки сопственост на М.Р.(56) од Р.Албанија при што возилото делумно е опожарено. Извршен е увид на местото на настанот.