Извадок од дневните настани 05.10.2017

На 04.10.2017 година во 17,30 часот во Полициска станица Гази Баба, Б.Н.(26) од с.Арачиново, пријавил дека на 03.10.2017 година во 21,00 часот движејќи се во Парк шумата во Гази Баба, од страна на четири непознати маскирани лица му било извршено разбојништво на тој начин што го застанале и едно од лицата го удрило со боксирач во пределот на главата додека другото лице го фатило за ременот и почнало да го влече по земја по што паднал во безсознание. По некое време откако дошол при свест, лицата ги немало и забележал дека од џебот од фармерките му го нема паричникот во кој имало 600 евра и 3.000 денари. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.

На 04.10.2017 година во 07,15 часот во Полициска станица Неготино, пријавено е оштетување на штаб на ПП „СДСМ“ лоциран во с.Криволак, при што се испишани графити со навредлива содржина. Исто така, околу 09,00 часот е пријавено дека на куќа сопственост на М.Ј.(70) од с.Криволак од страна на непознато лице е испишан и заокружен бројот 13 и натпис „ВМРО“.

На 04.10.2017 година во 13,00 часот во Полициска станица Кавадарци, С.Н.(41) од Кавадарци вработена како Претседател на испитен центар во „Здружение на возачи“-Велес, и Ц.П.(34) од Неготино вработен како контролор за полагање на возачки испит при испитниот центар, пријавиле дека околу 12,00 часот во службените простории на испитниот центар лоциран на ул.„Тиквешко Востание“-Кавадарци, додека извршувале работни задачи, неповикано дошол Ј.К. (полициски службеник во Полициска станица Кавадарци во цивилна облека) и почнал да упатува закани кон С.Н., поради тоа што неговата ќерка не го положила возачкиот испит. Ј.К. пред да излезе од канцеларијата упатил сериозни закани кон С.Н. и Ц.П., дека ќе ги убиел со пиштол нив и останатите од комисијата, доколку неговата ќерка не го положи возачкиот испит, по што излегол од канцеларијата. За кратко време повторно влегол внатре и физички ги нападнал С.Н. и Ц.П.  но истите заедно со нивната колешка М.И. успеале да го отргнат и изнесат Ј.К. во ходникот, каде истиот почнал да упатува закани дека ќе оди да го земе пиштолот со кој ќе ги убие. По превземени мерки од Ј.К. со потврда за привремено одземени предмети одземено му е службеното оружје и муниција. Против истиот ќе биде поднесена пријава за сторено кривично дело "насилство" по чл.386 став 3 од КЗ на РМ. За настанот запознает e Одделот за внатрешна контрола, криминалистички работи и професионални стандарди кои преземаат соодветни мерки.

На 04.10.2017 година околу 18,30 часот од страна на Итна медицинска помош е пријавено е дека околу 14.00 часот над манастирот во с.Виниче-Скопје на м.в.„Стајков вир“, М.П.(52) од с.Стајковци-Скопје, управувајќи трактор ИМТ изгубил контрола и паднал во дупка длабока 30 метри по што удрил во дрво здобивајќи се со тешки телесни повреди (фрактура на рбетен столб) и во животна опасност бил пренесен во Ургентен центар Скопје-КАРИЛ  каде е задржан на лекување.  Увид е извршен од екипа на СВР Скопје.

На 05.10.2017 година во 02,23 часот Д.Ј. пријавил дека на ул.„Адам Мицкиевиќ“, во Скопје, од страна на неколку непознати лица кои биле со качулки на главите, со претходно запалено шише, опожарено е во предниот дел патничко моторно возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на неговиот син А.Ј.(30), којшт успеал сам да го изгаси огинот, а лицата го напуштиле местото на настанот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.

На 04.10.2017 година во 19,30 часот во Полициска станица Прилеп, А.Ј. од Прилеп пријавил дека неговата 14 годишна ќерка истиот ден околу 16,00 часот избегала од дома и отишла вонбрачно да живее со лице од Прилеп. Од страна на полициски службеници извршени се проверки на посочената адреса но девојчето не е пронајдено.  Се преземаат мерки за пронаоѓање на малолетичката.

На 04.10.2017 година во Полициска станица Чаир вработена во Домот за згрижување деца без родители „25-ти Мај“ во Скопје,  пријавила дека на 03.10.2017 година во времето од 12,30 до 13,30  часот, од домот во непознат правец се оддалечиле две деца на возраст од 15 и 12 години. Се преземаат мерки за пронаоѓање на децата.


На 04.10.2017 година во 11:22 часот лицето Р.У.(64) од Скопје, пријавил дека истиот ден околу 09.30 на ул. "Мито Хаџивасилев Јасмин"  во Скопје, поточно во непосредна близина на паркот од страна на непознат сторител извршена му е измама при што е оштетен за сума од 12.000 денари. Измамата сторителот ја извршил на тој начин што додека оштетениот заедно со својата сестра од Струга, се движеле на горенаведената локација, во еден момент им пришло машко лице на возраст од 50-60 години и им кажало дека има сопруга  која била болна и се наоѓала во возило  зад зграда во непосредна близина на паркот. Истовремено го прашал оштетениот дали знае некој странски јазик односно германски, бидејќи со него имало едно машко лице дојден од Кувајт, којшто исто така имал болна жена сместена во болница во Косово  а сега требало да оди во болница во Скопје, каде му било кажано дека за лекување на неговата сопруга требало да даде 5.000 евра. Но бидејќи наводниот кувајтчанец не ги познавал еврата (како валута) ниту имал толкава сум, според натамошното “објаснување“ на измамникот, кувајтчанецот имал златен часовник кој вредел 5.000 евра. Во меѓувреме се појавило и другото машко лице на возраст од 40 години кој се претставил дека е од Кувајт  и  од паричникот извадил  часовник-жолта боја и му го дал во раце на Р.У. притоа му побарал 200 евра за да го увери докторот дека има евра а потоа за половина час ќе се врати за да си го земе часовникот. По ова двете лица заминале во непознат правец, а оштетениот откако минали 30 минути и откако истите не се вратиле сватил дека е измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

    
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Д.К. (32) и Д.М. (26) двајцата од Прилеп, поради основи на сомнение дека извршиле кривични дела “тешка кражба“ и “изработување и набавување оружје и средства наменети за извршување на кривично дело“. На 02.10.2017 год. околу 14.30 часот, во Скопје во населба Аеродром, пријавените со помош на специјален алат влегле во стан од зграда на ул.„Методија Шаторов Шарло“. Тие успеале без оштетувања да ја отклучат и отворат вратата, по што влегле во станот, извршиле претурање и пребарување, и пронашле и украле разни вредни предмети и накит. Непосредно по извршувањето на кривичното дело пријавените се лишени од слобода во ПС и кај истите се пронајдени украдените предмети.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Д.К.(38) поради постоење на основи на сомнение дека сторил кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ На 02.10.2017 година извршен е претрес во домот на прјавениот, при што се пронајдени и одземени  пиштол, марка „CZ92“ кал. 6,35 мм „Browning“ , рамка со два  куршума, 93 ловни патрони, 200 куршуми за малокалибарска пушка, еден оловен куршум, 75 куршуми кал. 7,62мм за карабин пушка; 18 куршуми за малокалибарка пушка; пушка, марка „Remington" 870 EXPRESS magnum; пушка карабин непозната марка. Во куќата се пронајдени и црна пластична кутија во која имало пиштол, марка „GLOK" 17 кал.9 мм, рамка со 13 куршуми кал.9мм, празна рамка; кутија во која има  пиштол, марка „CZ99" кал. 9мм со 2 празни рамки, кои пријавеното лице ги поседувал со дозвола, кои се исто така одземени. Потоа извршен е претрес и во  викенд куќа во м.в.„Вирови“ атар на с.Љубанци, сопственост на пријавениот при што се пронајдени и се одземени осум куршуми кал. 7,62мм за автоматска пушка, 31 куршум долго зрно непознат калибар,четири ловни патрони кал. 16Мм и стара војничка пушка кал.16.

На 03.10.2017 година полициски службеници го лишиле од слобода Д.Т.(29) од Скопје, кој  бил во бегство од Казнено поправна установа „Идризово“ од март годинава. Притоа во периодот од март до август годинава, Д.Т. извршил уште три кривични дела. Првото кривично дело „тешка телесна повреда“, го сторил на 13.05. околу 03,30 часот, пред аптека во непосредна близина на трговскиот центар „Три Бисери“, каде со нож нападнал едно лице при што му нанел четири убодни рани во пределот на нозете по што се дал во бегство. Второто кривично дело „предизвикување општа опасност“, го сторил на 15.05.2017 година, околу 23,45 часот пред угостителскиот објект на булевар „АСНОМ" каде заедно со уште две лица, со употреба на отворен оган опожариле две паркирани возила, по што Д.Т. и уште едно непознато лице се дале во бегство, а третото лице било лишено од слобода од полициски службеник. Третото кривично дело „разбојништво“, го извршил на 14.08.2017 година, околу 19,35 часот во Тобако „Корнер“,  на булевар „Кочо Рацин“, каде со употреба на пиштол и закана по животот на вработената, од неа одзел 8.500 денари. На 03.10.2017 година, по претходно сознание за локација на движење на лицето,  пронајден е во паркот зад Трговскиот ценат „Зебра“  при што истиот е лишен е од слобода. При извршениот преглед, во чантата што ја носел со себе пронајдени се пиштол калибар 7,65 со рамка со три куршуми, две таблети со лого „R“, полиетенска кесичка со непозната растителна материја, фантомка, три мобилни телефони, ракавици, очила и ризли по што е предаден во Полициска станица „Гази Баба“.