Извадок од дневните настани 06.10.2017

 На 05.10.2017 година во 14,10 часот било пријавено дека на бул.„Св.Кирил и Методиј“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Мерцедес“ со скопски регистерски таблици управувано од Г.С.(46) и моторцикл „Пијаџо“ со скопски регистерски таблици, управуван од Е.С. (41), и двајцата од Скопје. Со тешки телесни повреди се здобил Е.С. по што со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентен Центар-Скопје. Од страна на увидна екипа од СВР-Скопје бил извршен увид и се работи на целосно расчистување на случајот.

 

На 05.10.2017 година околу 20,00 часот, било пријавено дека на автопатот Куманово–Скопје, во с.Дељадровци, С.Ј.(58) и неговата сопруга Б.М.(43) додека се движеле со патнико возило “Рено Клио“ биле пресретнати и насилно застанати од друго возило во кое биле четири непознати, маскирани, лица вооружени со огнено оружје. Непознатите лица насилно ги извадиле од нивното возило С.Ј. и Б.М., по што им го одзеле “рено клио-то“ и заминале во правец кон Скопје. Според кажување на оштетените во возилото имало околу 4000 евра. Во 23,00 часот во ПС-Ѓорче Петров била добиена пријава од граѓанин дека на влез за с.Орман, скопско во нива имало пожар. На местото на настанот пристигнала екипа од Бригадата за противпожарна заштита-Скопје и полициски службеници од ПС Ѓорче Петров и било затекнато возилото “Рено Клио“, целосно опожарено. Увид извршила увидна екипа од СВР-Скопје. Се превземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно расчистување на случајот.

 

На 05.10.2017 година во 22,05 часот било пријавено дека на ул.„Дрезденска“ во Скопје во спортска обложувалница две непознати лица со закана со оружје извршиле разбојништво, односно од вработениот го одзеле дневниот промет. Се превземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно расчистување на случајот.

 

На 05.10.2017 година во Скопје било пријавено дека во времето од 10,00 до 12,15 часот на ул. “Волгоградска“ во стан кој како деловен простор го користел правен субјект од Скопје, сопственост на О.П.(47), непознат сторител извршил тешка кражба. При тоа одземен е еден пиштол марка „Глок 9 мм“, кој О.П. го поседувал со дозвола. Од страна на увидна екипа од СВР-Скопје бил извршен увид. Се превземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на кривичното дело.

 

На 04.10.2017 година во Скопје било пријавено дека во времето од 18,30 до 19,45 часот на бул.„Јане Сандански“ во стан сопственост на С.М. (47), од страна на непознат сторител била извршена тешка кражба, при што бил одземен еден пиштол марка „ХС 2000“ калибар 9мм, со една рамка со 10 куршуми, 12.000 денари и еден женски часовник. Од страна на увидна екипа од СВР-Скопје бил извршен увид. Се превземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на кривичното дело.

                                         

На 05.10.2017 година во Скопје во 15,20 часот било пријавено дека на ул.„Коце Металец“ по кратка расправија во двор од куќа, Н.С. (41) од с.Вражале-скопско физички ги нападнал Л.Б. (41) и нејзината ќерка Б.Б. (19) и двете од Свети Николе. Притоа Л.Б. била удрена со тврд предмет во пределот на главата, а Б.Б. со нога во пределот на стомакот. Со возило на Итна медицинска помош Л.Б. била пренесена во Градската општа болница „8-ми Септември“. Н.С. сам се пријавил во ПС-Гази Баба. Се работи на целосно расчистување на случајот.

                                         

На 05.10.2017 година во 12,40 часот било пријавено дека на ул.„Вуковарска“ во Скопје во два одделни контејнери биле пронајдени навлака од ракетен фрлач и граната од рачен фрлач, кои најверојатно биле школски. Во врска со пронајдените предмети приведен бил  М.Ѓ. (68) од Скопје  Увид на местото на настанот извршиле увидна екипа од СВР-Скопје, Одделот за Антитероризам и Единицата за недозволена трговија. Се работи на целосно расчистување на случајот.

 

На 05.10.2017 година во 10,05 часот во Охрид било пријавено дека во хотелска соба била пронајдена почината В.Т.М.(72) од Амстредам-Холандија. Од страна на екипа на Итна медицинска помош констатирана била смрт без траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото ќе биде предадено во Судска медицина-Битола за обдукција.Увид извршила увидна екипа од СВР-Охрид.

 

На 05.10.2017 година околу 19,45 часот во СВР-Скопје било пријавено дека истиот ден околу 19,00 часот во ПС-Центар дошол Б.Б. (36) од с.Љубин-скопско, (кандидат за градоначалник на општина Сарај од политичката партија“Беса“) и пријавил дека во текот на денот добил СМС порака на неговиот телефон со заканувачка содржина. Бидејќи Б.Б. требало да одржи ненајавен митинг во с.Сарај на м.в. „Дервен“ со почеток во 20,00 часот, и му се брзало рекол дека се откажува од пријавата. Во 19,50  часот Б.Б. се јавил на телефонската линија 192 и го пријавил настанот (митингот), барајќи да биде обезбедуван од страна на полициски службеници. Митингот бил одржан и завршен без проблеми, а на Б.Б телефонски му е укажано да дојде во Полициското одделение Сарај и да го пријави настанот околу телефонската закана.

 

На 05.10.2017 година од 20,30 до 22,15 часот во Скопје на плоштадот „Јадран Сквер“, во организација на политичката партија “ВМРО-ДПМНЕ“, се одржал јавен собир. За време на одржување на собирот, во 21,55 часот во ПС-Центар бил приведен Р.Р.(36) од Скопје бидејќи истиот прснал со гасен спреј за заштита во правец на бината, во време кога говорел претседателот на политичката партија “ВМРО ДПМНЕ“. Во 22,15 часот во ПС-Центар, Д.Г.(29) од с.Орешани-скопско кој бил во публиката во непосредна близина на бината, се пријавил како оштетено лице (испрскан од спреј-солзавец) од страна на Р.Р. Против Р.Р ќе бидат поднесени прекршочни пријави по член 4 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир и член 80 од Законот за оружје, наедно издаден му е и платен налог во висина од 500 евра.

 

ПС Крива Паланка поднесе кривична пријава против В.С.(39) и Т.А.(45), двајцата од Крива Паланка, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “насилство“, а против 17 годишен малолетник од Крива Паланка е поднесено известување до ОЈО Куманово, за сторено кривично дело “насилство“. На 30.09.2017 година околу 15,30 часот во Крива Паланка на ул.„Единство“, В.С. кој бил во придружба со малолетникот и со Т.А. му пришол на О.С.(24) од Крива Паланка, кој се движел по улицата со возило “Опел Зафира“ сопственост на М.М. од с. Градец-Крива Паланка, (возилото било целосно брендирано со обележја на политичка партија и на кандидат за градоначалник на Крива Паланка). Притоа му рекол на О.С. да го изгаси разгласот од возилото со кој се најавувал митинг на политичката партија. По ова 17 годишникот започнал да го удира О.С. со тупаници преку прозорецот, а откако ја отвориле вратата од возилото, Т.А. го фатил оштетениот за вратот и заедно со други лица започнале да го удираат него и неговото возило со што му нанеле телесни повреди.

 

СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.М. (30) од с.Никуштак, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “спречување службено лице во вршење службено дејствие“ по чл.382 ст.3 в.в. ст.1 од КЗ на РМ. На 24.09.2017 год во 22,00 часот при рутинска контрола во с.Никуштак над возило “Голф-3“,  управувано од Л.М. (43) од с.Матејче, во возилото на совозачко седиште бил затекнат М.О. (34) од с.Матејче осуден со пресуда од Основен Суд-Куманово по чл 386 ст1 од КЗ. При приведувањето на М.О. пријавениот ги спречувал полициските службеници, односно го турнал полицискиот службеник кој му ставал лисици за врзување на М.О. и во повеќе наврати не давал да се изврши приведување на М.О.

                       

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Т.Н. (28) од Струга,  за сторено кривично дело “тешка телесна повреда при семејно насилство“ по чл. 131 став 2 од КЗ на РМ. На 05.08.2017 година во семејниот дом по нарушени семејни и нерасчистени имотно правни односи, дошла до вербална и физичка расправија помеѓу браќата О.Н. (31) и Т.Н., при што во еден момент Т.Н. со џебен патент нож му нанел повреди во пределот на стомакот на неговиот брат, по што избегал од местото на настанот, додека повредениот бил пренесен на хирушко одделение при Медицинскиот Центар во Струга каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

 

ПС Радовиш поднесе кривична пријава против М.О.(64) од с.Калаузлија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “тешки дела против општата сигурност“ по чл.292 ст.1 од КЗ на РМ. На 11.08.2017 година околу 14,15 часот, пријавениот напасувајќи ги своите крави на м.в.“Мелезо“ атар на с.Штурево со запалка запалил смрека,  оставајќи ја истата запалена и заминал од местото. По извесно време пожарот се проширил зафаќајќи ниско стеблест деградиран насад од даб и габер на површина од два декари, и бил пријавен во Територијалната противпожарна единица-Радовиш и истиот од нивна страна бил локализиран.

ПС Радовиш поднесе кривична пријава против Ш.О. (61) од с.Калаузлија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “тешки дела против општата сигурност“. На 21.09.2017 година, околу 09,50 часот пријавениот напасувајќи го своето стадо овци на м.в.“Мелезар“ атар на с.Штурево со запалка запалил смрека, по што бил затекнат од страна на полициски службеници од ПС Радовиш и Државниот инспектор за шумарство и лов.

На 05.10.2017 година ПС Прилеп до ОЈО Прилеп  поднесе кривична пријава против Б.Г. (36) од Прилеп поради постоење  на основи на сомнение за сторено кривично дело - “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ предвидено и казниво по член 215 од КЗ на РМ. Од страна на судија на претходна постапка на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена. По претходно добиени оперативни сознанија, поткрепени и со судска наредба за претрес на дом и други простории каде што престојува пријавениот, пронајдени се една поголема и помала кеса со кафеава прашкаста материја и една дигитална вага. Понатаму, пронајдена е уште една кеса со шест помали пакувања во неа исто така кафеава прашкаста материја, а во картонска кутија откриени се пари во апоени од 500 и 1.000 денари во вкупен износ од 53.000 денари. Пронајдената прашкаста материја е дадена на вештачење во Одделот за крим-техника при МВР, и констатирано е дека се работи за хероин во вкупна маса од 30,7 грама.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Б.Ф. (21) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години“. Пријавениот, во претпладневните часови  на 19.09.2017 година, во неговата семејна куќа во Куманово, извршил полов напад на 13 годишно девојче.