Извадок на дел од дневните настани 11.10.2017

На 10.10.2017 година околу 10,50 часот на регионалниот пат Р1-103 кај крстосницата 20-ти км-Неготино, пронајден е излетан надвор од патот Т.К.(55) од Радовиш, кој управувал патничко моторно возило „Форд Мондео“, со штипски регистарски ознаки. Смрт е констатирана од страна на лекар од Итна медицинска помош. Увид извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Штип, по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција, а над возилото е извршен преглед од страна на вештак заради утврдување на техничка исправност. При вршење на увидот констатирано е дека сообраќајната незгода се случила на 09.10.2017 година околу 12,30 часот.

На 10.10.2017 година околу 15.30 часот на магистралниот пат А3 Делчево-Македонска Каменица на место викано „Лештаро“, атар на с.Драмче, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило „ТАМ 190“ со штипски регистарски ознаки управувано од П.Г.(56) од  Штип и патничко моторно возило „Фиат Пунто“, со штипски регистарски ознаки управувано од Д.Д.(32) од Делчево. Во незгодата на лице место починале возачот Д.Д. и сопатниците Е.Д.(27) и  двегодишно дете. Увид е извршен од страна на Јавен обвинител и увидна екипа од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево.

На 10.10.2017 година во 15.10 часот во с.Добрево-Пробиштип на ул.„Илија Кузманов“ се случила сообраќајна незгода во која Љ.М.(47) од Пробиштип управувајќи мопед марка „Томос АПН 6“ со винички регистарски ознаки изгубил контрола над истиот и паднал на коловозот. По незгодата, Љ.М. е пренесен во Клиничка болница Штип, каде му се констатирани тешки телесни повреди (фрактура на челна коска и фрактура на десна очна шуплина). Увид на лице место е извршен од страна на екипа од Полициска станица Пробиштип.

На 10.10.2017 година околу 21.45 часот во Скопје на ул.„Коле Неделковски“  непознато лице со закана со нож извршил разбојништво над 14 годишно момче од Скопје при што му го одзел мобилниот телефон. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

На 10.10.2017 година околу 18.05 часот во Скопје на ул.“Јордан Мијалков“ А.Д.(51) од Скопје со секира во рацете им се заканувал на случајни минувачи, а во моментот кога Б.Ч.(40) го паркирал своето возилото, А.Д. со секирата се обидел да го повреди него и неговата сопруга М.Ч.(34) која била со нивното деветгодишно дете. По интервенција на полициски службеници од Полициска станица Центар, А.Д. е совладан и приведен, извршено му е алкотестирање и констатирани се 1,78 промили на алкохол во крвта. Се работи на расчистување на случајот.

На 09.10.2017 година во СВР Струмица, Г.Ј.(59) од Струмица, пријавила дека истиот ден во времето од 18.00 до 20.00 часот, непознат сторител насилно влегол во нејзината куќа, при што од спалната соба одзел пиштол марка „ЦЗ“ 9мм, 300 американски долари, 1.000 денари, златен и сребрен накит и еден мобилен телефон „Ајфон 6С“, а потоа го напуштил местото на настанот. Увид на лице место извршила увидна екипа од СВР Струмица. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

На 10.10.2017 година околу 19,00 часот во Скопје на ул.„Алија Авдовиќ“ во автобус бр.65 кој сообраќал во правец од населба Ченто кон с.Стајковци, поточно на автобуската постојка кај ОУ„25-ти Мај“, група од околу десетина малолетници истуркале од автобусот 17 годишно момче од с.Смиљковци, ученик во 4-та година во АСУЦ, и физички го нападнале удирајќи го со тупаници и клоци во пределот на главата и телото. Во еден момент еден од напаѓачите го удрил со тврд предмет во пределот на главата, по што групата се разбегала.  Со возило на Итна медицинска помош момчето е пренесен во Градска општа болница “Св. Наум Охридски“ каде му е укажана лакарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 10.10.2017 година во 21,00 часот во Скопје на ул. „Индира Ганди“ во населба Шуто Оризари,  на предизборниот митинг на ПП-ВМРО ДПМНЕ, М.К.(17) движејки се низ масата се обидел да се качи на ѕид за да има подобар поглед, при што турнал друго лице со кое настанала расправија, по што и бил физички нападнат од неколку лица кои биле заедно со лицето со кое се расправал. Во Градска општа болница констатирани му се телесни повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 10.10.2017 година во 18,10 часот во Куманово на Плоштад „Нова Југославија“, поточно во ресторанот „Баба Цана“, избувнал пожар во кој целосно изгорела кујната од ресторанот и канцеларија на Министерство за финансии, која се наоѓала над ресторанот. Во 19,55 часот од страна на екипа од Противпожарна единица Куманово пожарот е изгаснат.

На 11.10.2017 година околу 00,10 часот во Прилеп на ул.„Егејска“ од засега непознати причини настанал пожар во куќа сопственост на Д.В.(43), при што истата целосно била опожарена. Пожарот е изгаснат од Противпожарна единица Прилеп. Увид ќе се врши во текот на денешниот ден.

На 10.10.2017 година околу 16.30 часот во Скопје на ул.„Костурска“ на бандера во училишниот двор на СУГС „Арсени Јовков“, непознати лица поставиле  билборд на ПП-Алијанса на Албанците.

На 10.10.2017 година во 20,15 часот во с.Бардовци – Скопје на ул.12 бр.84, од страна на непознато лице фрлен е тврд предмет кон изборен штаб на ПП-ГРОМ, при што е оштетено едно изложно стакло.  Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 10.10.2017 година во 23.00 часот Г.М.(23) од Скопје пријави дека на 10.10.2017 година во 06.00 часот од домот во непознат правец се оддалечил неговиот татко В.М.(54).  Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 10.10.2017 година во Полициска станица Прилеп Д.Н.(33) вработен во Казнено поправна установа Затвор Прилеп пријави дека истиот ден во времето од 19.00 до 19.30 часост додека заедно со двајца негови колеги Д.П. и Р.В. го носеле притворениот Л.П.(39)  да му се изврши преглед во Градска Болница при излез од болницата и при ставање на притвореното лице кое било прописно врзано со лисици во службеното возило, тој го турнал службеникот Д.П. додека Д.Н. го повлекол за службената униформа и се дал во бегство. Настанот е пријавен во Полициска станица од Општа налдежност Прилеп. Околу 22,00 часот лицето било пронајдено и спроведено во Казнено поправна установа Затвор Прилеп.