Извадок од дневните настани 12.10.2017

На 11.10.2017 година во 16,30 часот во ПС-Тетово, А.С. (29), пријавил дека на 10.10.2017 година околу 20,15 часот на ул.„Љуботенска“ во Тетово, застанало возило во кое биле лицата Џ.С., Б.И. и С.Н од Тетово. Притоа, Џ.С. почнал да му упатува разни пцовки кон него, по што излегол од возилото и физички го нападнал удирајќи го А.С. со глава во пределот на носот, по што тој. паднал на плочникот. Во тој момент и Б.И. и С.Н. физички го нападнале удирајќи го со нозе во пределот на главата и телото. А.С од нападот се здобил со видлива повреда во пределот на лицето. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.


На 12.10.2017 година во 03,00 часот С.К.(41), пријавил дека на 11.10.2017 година околу 21,30 часот на ул.“101“ во с. Волково, физички бил нападнат неговиот 15 годишен син од страна на десеттина лица на возраст од околу 13 до 17 години. Имено додека малолетниот се движел по улица заедно со неговата девојка лицата му пришле од позади и физички го нападнале удирајќи го со боксови и клоци, во пределот на главата и телото, при што се здобил со телесни повреди, констатирани од страна на лекар во Ургентен Центар Мајка Тереза – Скопје. СВР-Скопје превзема мерки за целосно расчистување на случајот.


На 11.10.2017 година околу 19,00 часот во Кичево на ул.„11 Октомври“ било пријавено дека во неговиот дом бил пронајден починат И.П.(42). Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт а на телото биле забележани видливи повреди во вид на модринки и црвенило во пределот на подбрадокот и вратот. Увид на местото на настанот бил извршен од страна на Јавен обвинител и увидна екипа од ПС-Кичево, а по наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција.

На 11.10.2017 година околу 23,50 часот во Прилеп било пријавено дека на паркинг простор во населбата Точила во патничко моторно возило “Нисан Микра“ со грчки национални ознаки, на предното седиште бил пронајден починат В.М.(49) од Р.Грција. Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт без знаци на насилство. Увид на местото на настанот бил извршен од страна на Јавен обвинител и увидна екипа од ПС-Прилеп. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција.

СВР Куманово поднесе кривична пријава  против О.М.(39) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривичното дело “разбојништво”. Пријавениот на 27.09.2017 година околу 19,00 часот влегол во продавница на улица „405“ во населбата “Иго Тричковиќ“ во Куманово, каде после сериозна закана, од појасот извадил пиштол којшто го репетирал и вперил во вработената, по што зел штека цигари “Малборо” и 15.190 денари од касата. На излегување од продавницата, пријавениот ја удрил вработената со пиштолот во пределот на  главата и побегнал.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Б.С. (46), Р.С. (44) и Н.С.(22), сите од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “насилство“. На 21.08.2017 година околу 00,45 часот пред кафе бар на улица „Октомвриска Револуција“, по претходна вербална расправија пријавените, со тупаници и електро - шокови по телото и главата, физички го нападнале А.А.(41)  од с.Љубодраг при што му нанеле повреди на лицето и главата.

ПС ОН Струмица  поднесе кривична  пријава против К.Ѓ. (23) и И.Ѓ.(19), двајцата од с.Баница-струмичко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“ и „симнување и оштетување на службен печат и знак“. Од 10.05.2017 до 23.05.2017 година пријавените заедно со уште еден малолетник преку необезбеден простор влегле во кругот на АД “Струмица Табак“  во с.Баница, чиј доверител е Управата за јавни приходи, насилно ги отвориле катанците од влезните врати од каде влегле во магацините при што одзеле кабли за електрична енергија, талпи и дигитални ваги, а извршиле и оштетување на поставените пломби од страна на УЈП Струмица.

НК за КР Делчево поднесе кривична пријава против М.Ј.(59) од Делчево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда”. Пријавениот на 30.08.2017 година во 16,30 часот во м.в Бановец атар на с.Бигла,-делчевско со употреба на физичка сила и дрвен стап, му нанел тешка телесна повреда на  лицето  П.А.(59)  од с.Бигла-делчевско.
                                    
СВР Куманово поднесе кривична пријава  против Р.А. (27) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење на работи на безбедноста“. Пријавениот на 19.09.2017 година околу 01,00 часот,  во казино на ул.“Гоце Делчев“ во Куманово, им се заканувал на присутните во казиното при што интервенирал и З.Б. службеното лице за обезбедување од Куманово, а пријавениот после вербална расправија и упатени навреди кон истиот излегол од казиното. По кратко време, пријавениот, се вратил и физички го нападнал З.Б. со што му нанел телесни повреди во пределот на телото и главата.   


СВР Тетово  поднесе кривична пријава  против  Љ.Ц. (33) од с. Мала Речица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На  25.03.2017 година при  претрес во домот на пријавениот на улица “Љуботенска“ биле пронајдени 48,38 грама марихуана, 131 таблета екстази и дигитална вага со остатоци растението марихуана.

НК КР   Кочани    поднесе  кривична  пријава против Т.Б. (36) од с.Чешиново,  поради постоење основи на сомнение за сторени  кривични дела “злоупотреба на службена положба и овластување“  и  “фалсификување на деловни книги“ и против  Е.С. (50) од с. Чешиново, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. Првопријавениот во својство на директор на ООУ „Страшо Пинџур“ во с.Соколарци и покрај тоа што знаел дека второпријавениот од 28.12.2016 до  03.01.2017 година не бил на работа, односно бил во  Р.Италија, не презел мерки за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност против второпријавениот, заради кршење на работниот ред и дисциплина. Иако Е.С. неоправдано изостанал од работа три последователни работни дена, односно пет работни дена  во текот на една година,  за да му овозможи да го продолжи својот работен однос, Т.Б. евидентните листови за присуство на работа  на вработените за учебната 2016/2017 година ги уништил, додека второпријавениот за деновите  28.12,  29.12. и  30.12. 2016 година во Дневниците за работа ги евидентирал часовите како одржани.

СВР Битола поднесе кривична пријава против Б.М.(32) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “измама“. Пријавениот, преку посредување на А.П. од Охрид, на почетокот на јануари 2016 година го довел во заблуда  Е.Б. од Битола и договорил да купи од него возило  „БМВ“ за цена од 28.000 евра и истите да му ги исплати на две рати. На 13.01.2016 година по претходен договор на мобилен телефон пријавениот дошол во Битола и заедно со Е.Б. се упатиле кај нотар во Битола, кадешто пријавениот со Т.Н. од Битола направиле купопродажен договор. Потоа пријавениот заедно со Е.Б. се упатиле во Станица за технички преглед Битола кадешто ги одјавиле таблиците и пријавениот со возилото си заминал за Охрид, а парите за возилото до денес му ги нема исплатено.

На 11.10.2017 година во 10,43 часот во СВР-Скопје, било пријавено дека на ул. „Жифко Фирфов“ во населбата Драчево, во штабот на политичката партија “Обединети за Македонија“, од страна на непознат сторител било искршено едно излогно стакло. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.