Извадок од дневните настани 15.10.2017

 

На 14.10.2017 година околу 22.00 часот во Скопје на ул. “Христо Татарчев“  во спортската обложувалница “Златна копачка“, засега непознато машко лице со закана со пиштол од вработениот одзел околу 100.000 денари, по што го напуштил местото на настанот. Извршен е увид на местото на настанот и се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 14.10.2017 година околу 12,50 часот во Тетово на ул.„Илинденска“, во објект на АД-Македонски пошти, Н.Ќ.(57) од с.Нераште-Тетово, започнал расправија со Ф. А.(31) од Тетово вработена на шалтер во поштата, при што се обидел да ја фати со раката под шалтерското стакло, а со другата рака со тупаница го скршил стаклото и се упатил кон излезот. Откако ја слушнал расправијата, дошол С.И.(57) од с.Камењане, (контролор во поштата), и откако му се обратил на Н.Ќ., истиот извадил нож и го повредил С.И. на левата страна на лицето, по што оштетениот тргнал кон излезот, а Н.Ќ. се упатил по него. Контролорот на улица забележал полициски службеници, на кои им го пријавил случајот, а Н.Ќ. се упатил кон такси возило, управувано од А.М.(60) од Тетово, кој одбил да го услужи, поради што Н.Ќ. со нож му нанел три убодни рани во пределот на десната рака (подлактица). Од страна на полициски службеници од Секторот за внатрешни работи -Тетово, Н.Ќ. е приведен во Полициската станица -Тетово, а притоа еден полициски службеник се здобил со повреда на левата рака од удар со врата од такси возилото. По настанот, на повредените им е укажана лекарска помош во Медицински центар -Тетово. Увид на местото на настанот извршила екипа од Сектор за внатрешни работи Тетово и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

На 14.10.2017 година во 15.30 часот во кругот на Казнено поправната установа -Идризово, поточно во затворската амбуланта, дошло до расправија помеѓу осудениците М.Д. и С.М., при што М.Д. го удрил со тупаница во пределот на лицето С.М. кој со амбулантно возило бил пренесен во Ургентен Центар, каде му се констатирани тешки телесни повреди, по што е вратен назад во Казнено поправната установа. Се преземаат мерки  за расчистување на случајот.

Во врска со приведениот странски државјанин на граничниот премин „Богородица“ (објавен во Билтен на 14.10.2017 година), на 14.10.2017 година од страна на инспекторите од oдделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија деташирани во Гевгелија, поднесена е кривична пријава против  А.И.(62) од Р.Грција, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. Кривичната пријава како итен предмет е доставена до Основното јавно обвинителство Гевгелија, а пријавениот е изведен пред судија за претходна постапка од Основен суд Гевгелија и изречена му е мерка условна казна затвор една година. со период на проверка за две години и споредна мерка „протерување на странец од земјата“ во траење од  две години.

На 14.10.2017 година во 21.20 часот во Скопје А.Н. (43) пријавил дека пред својот дом на ул.„Миладин Поповиќ“ бил физички нападнат од страна на неговиот сосед З.З.(30) кој при нападот имал нож во раката, Откако соседите се обиделе да го оттргнат од нападот на З.З. му паднал ножот, а го кренала сопругата на А.Н. При обидот З.З. да и го одземе си нанел расекотина на раката, меѓутоа не успеал во намерата. Причина за нападот е тоа што пријател на А.Н., кој бил кај него на гости, го паркирал своето возило на уличката по која требало да помине З.З. и изреволтиран од тоа што требало да го почека пријателот на А.Н. да излезе и да го препаркира возилото, го нападнал оштетениот. Извршен е увид и ножот е одземен за вештачење. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 14.10.2017 година во 22.50 часот во Полициска станица Радовиш, Ѓ.К.(47) од Радовиш пријавил дека околу 22.10 часот на бензинската пумпа ,,Лукоил“ во Радовиш, бил физички нападнат од И.К.(27) од с.Раклиш. Исто така, во 23,00 часот на ул.„Ленинова“, Ј.С.(27) од Радовиш бил физички нападнат од И.К. Полициската станица -Радовиш презема мерки за расчистување на случаите.

На 14.10.2017 година во 15,50 часот од страна на патролниот тим во реонот на „Лерински Пат“ бил забележан пожар при што била зафатена сува трева, грмушки, неколку стебла на дрва и напуштен објект на Царинската управа. Во 17.00 часот пожарот е изгаснат од екипи на Територијална противпожарна заштита-Битола.

На 14.10.2017 година во утринските часови во с.Косово-Македонски Брод, ОУ„Климент Охридски“  е надворешно опожарено, при што оштетени се прозорци и влезната врата од училиштето. Во врска со настанот приведен е Д.К.(35) од с.Косово - Македонски Брод,  поради основи на сомнение дека извршил кривично дело ,,предизвикување општа опасност“.

На 14.10.2017 година во 17,05 часот, Б.Х. пријавил дека во „Здружението на глуви“, кое е лоцирано кај „Арапска куќа“, дошле членови од една политичка партија и на членовите од здружението им вршеле притисок дека доколку не гласаат за нивната партија, ќе им ги скратат паричните средства кои се префрлаат на сметката на здружението, а исто така им вршеле други притисоци. Меѓу присутните лица била и Ш.Ш., која е член на здружението на глуви лица.

На 14.10.2017 година во 10.14 часот во Клинички Центар „Мајка Тереза“, поточно на  Клиниката за Неврологија, починало осуденото лице С.С. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција.

На 13/14.10.2017 година во текот на ноќта во Битола на ул.„Браќа Мигови“, поточно во  штаб на политичка партија, од страна на непознат сторител со употреба на тврд предмет скршено е стакло и одземен е телевизор. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

На 13/14.10.2017 година во времето од 22,00 до 07,00 часот во Скопје на ул.„Димитар Туриманџовски“ во Трговскиот Центар „Лисиче“, во штаб на политичка партија, од страна на непознат сторител,  со употреба на тврд предмет скршено е стакло од влезна врата и изложно стакло. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

На 14.10.2017 година во 21.03 часот, Д.К. пријавил дека  околу 15,00 часот во с.Петровец, непознато лице кинело плакати на политичка партија. 

На 14.10.2017 година околу 23,15 часот на магистралниот пат А-3 Велес – Штип кај клучката за с.Каратманово, се случила сообраќајна незгода во која патничко моторно возило „Пежо 406“ со струмички регистарски ознаки, управувано од О.М.(33) од Струмица удрило во пешак Т.Ј.(57) од с.Мамутчево – Велес, при што истиот починал на лице место, а возачот не застанал туку продолжил кон Секторот за внатрешни работи - Велес, каде го пријавил случајот. Увид извршила екипа од Полициската станица - Св.Николе, а по наредба на јавен обвинител над телото на починатиот ќе се врши обдукција. О.М. е приведен во полициска станица, а неговото возило се наоѓа во кругот на Секторот за внатрешни работи-Велес.

На 14.10.2017 година во 06,10 часот на регионалниот пат Р1-206 Гостивар- с.Градец, на самиот Врапчишки надвозник, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Форд Транзит“ со гостиварски регистарски ознаки управувано од Ч.М.(47) од с.Градец и патничко моторно возило „Фолксваген Венто“ исто така со гостиварски регистарски ознаки управувано од малолетник на возраст од 16 години од с.Падалиште-Гостивар. Во незгодата со тешки телесни повреди (фрактура на десна рака) се здобил сопатникот во „Форд Транзит“, Т.И.(32) од с.Зубовце-Гостивар, и по укажаната лекарска помош во Медицински Центар-Гостивар, е префрлен во Клинички центар-Скопје за понатамошно лекување, а додека кај 16 годишната сопатничка во „Венто“ од с.Добридол-Гостивар, се констатирани телесни повреди и истата е задржана на лекување во Ургентен центар-Гостивар. Увид на лице место извршила увидна екипа од Полициската станица-Гостивар.

 

На 14.10.2017 година во 15.00 часот на Арена Филип Втори каде се одигрувал фудбалски натпревар помеѓу екипите на ФК Вардар и ФК Шкендија од страна на Б.М.(18) и К.Х.(19) нарушен е јаниот ред и мир со меѓусебна тепачка на тој начин што истите си задале по неколку удари во пределот на лицето и телото. Од страна на полициски службеник лицата се приведени во полициска станица и направени им се записници за констатиран прекршок по член 3 став 1/7 од Законот за спречување на насилство и недолично однесување на спортски натпревари и издадени им се платни налози.

 

На 15.10.2017 година во 02.10 часот Г.П.(44) пријавила дека претходниот ден во 23.30 часот на ул.Димитрие Чуповски, поточно на автобуската постојка Рекорд, од страна на непознат сторител бил нарушен јавниот ред и мир со физички напад над незјиниот малолетен син. Сторителот го удрил нејзиниот син со тупаница во пределот на лицето, од што се здобил со видливи повреди во вид на расекотина на горната усна и крварење од носот и устата. Потоа сторителот од џеб извадил мал нож на расклопување и продолжил вербално да му се заканува на оштетениот по што си заминал, но по кратко време дошол со уште неколку лица и продолжил вербално да го навредува. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 14.10.2017 година во 15,00 часот Д.К.(38) пријавил дека околу 12,30 часот додека се наоѓал во с.Огњанци, го затекнал Б.С.(34) од с.Огњанци, како поставува рекламен материјал (плакати) од политичка партија на бандера пред неговата куќа по што Д.К. изреволтиран од настанот бидејќи е предизборен молк, случајот го пријавил на 192. Подоцна Б.С. е пронајден при што е извршен разговор со него, во кој го потврдил настанот.

 

На 15.10.2017 година во 03:00 часот. на ул. Радушка, пред полициска станица Ѓорче Петров, бил нарушен јавниот ред и мир со омаловажување на полициски службеници од страна на А.В.(20) и А.Ц.(20). Откако полициски службеници пристапиле да ги легитимираат лицата, А.В. кој бил во видно алкохолизирана состојба повторно започнал да ги омаловажува полициските службеници и истиот поради давање на активен отпор е приведен во Полициската станица Ѓорче Петров, каде е извршено алкотестирање со апарат Дрегер и утврдено присуство на алкохол во крвта од 1,60 промили.

 

На 14.10.2017 година доставена е писмена пријава дека С.П. од с.Стајковци извршил прекршување на изборниот молк со делење на флаери со навредлива содржина против еден од кандидатите за градоначалник на Општина Гази Баба.

 

На 14.10.2017 година Б.А.(46) од с.Сушево пријави дека се сомнева дека лице од с.Добрашинци попладнето истиот ден извршило поткуп на гласачи односно на две лица од с. Сушево. Како доказ во прилог на пријавата приложени се две фотографии во електронска форма. Извршен е разговор со наведените лица кои потврдиле дека И.Ц. од с.Добрашинци со бело комбе им донел картонска кутија со прехрамбени продукти и вреќа брашно од 25 килограми.

На 14.10.2017 година во 14,50 часот во Полициска станица Пробиштип Т.Т.(46) пријавил дека од страна на еден од кандидатите за градоначалник за време на предизборниот молк во една конфекција бил оставен пропаганден материјал кој потоа бил делен на вработените.

На 14.10.2017 година во 21.00 часот во Секторот за внатрешни работи Битола Г.А.(24) пријавил дека на 14.10.2017 година во 20.00 часот во неговиот дом во с. Мусинци Б.Р. од с. Могила му дал 1000 денари со намера да го придобие како да го врши избирачкото право, односно како да гласа за кандидат за градоначалник. Од страна на полициски службеник лицата се повикани, извршен е разговор и од Г.А. со потврда е одземена една банкнота во апоен од 1000 денари. За настанот е информиран јавен обвинител.

- На 14.10.2017 година во 13:50 часот лицето С.С. член на избирачки одбор, заедно со претседателот Б.Т. и уште еден член, откако завршиле со гласање на стари и изнемоштени лица ја донеле кутијата со гласачки ливчиња во основното училиште „Кирил и Методиј на избирачко место 2546 во с.Стајковци, со цел да се затвори гласањето. Во тој момент дошол Т.Б.-носител на советничка листа во Гази Баба и го повикал С.С. во дворот каде започнал вербално да му се заканува со погрдни зборови, по што се оддалечил во непознат правец.

- На 14.10.2017 година во 08.30 часот од страна на увидна екипа на Полициската станица Прилеп, извршен е увид на ул.“Републиканска“ односно во угостителски дуќан сопственост на Е.Р.(44) с.Житоше при што е утврдено дека во временски период од 22.00 часот на 13.10. до 08.00 часот на 14.10. непознат сторител на столбовите од предната страна на угостителскиот дуќан, со црна мрсна боја напишал текст со недолична содржина, по што незабележан од никого го напуштил местото на настанот.

На 14.10.2017 година во 13,55 часот во Полициско одделение Новаци Ј.С.(54) од с.Новаци, шеф на изборен штеб пријави дека добиле сознанија за с.Далбеговци дека има прекршувања на изборниот молк и од страна на непознати лица со градежна механизација се извршувало тампонирање на улици низ селото. На лице место е излезено од полициски службеници и е констатирано дека од страна на фирма „Стентон градба се извршуваат градежни работи тампонирање на улица во селото при што се затекнати повеќе работници. Извршен е разговор со шефот на групата градежен техничар Т.В.(61) од Битола, при што истиот изјавил дека од страна на неговите претпоставени од Стентон градба добил налог за продолжување на градежните работи во с.Далбеговци. Во консултација со Секторот за внатрешни работи Битола и по инструкции на јавен обвинител работните активности биле прекинати и на одговорниот му беше укажано да не продолжуваат со работа. Увид извршен од увидна група од СВР Битола.

На ден 15.10.2017 година во 01.30 часот при обиколка на избирачки места од страна на полициски службеници од СВР Битола на фасада на избирачко место бр.155 во основно училиште „Крсте Петков Мисирков во с.Канино е забележано испишување на реден број на политичка партија во два наврати со растителна материја со зелена боја и еднаш со цврст предмет. За настанот еизвестен јавен обвинител и извршен е увид.

На 14.10.2017 година во 13,00 часот М.М.(31) од Струмица, вработена во Општина Струмица пријавила дека на 14.10.2017 околу 03,00 часот на ул. Мануш Турновски , Маршал Тито, Илинденска и Ленинова во с.Ново Село вршено е делење на пропагандни изборни флаери со негативна содржина за еден од кандидатите за градоначалник на с. Ново Село, од страна на активист на политичка партија.

Т.К.(32) од Богданци, пријави повреда на избирачко право на гласачкото место број 0376/1 во Богданци. При гласање на лицето М.Џ.(84) од Богданци која била пријавена за гласање како болно лице, изјавила дека не знаела кој ја пријавил за гласање како болно лице.

На 13.10.2017 година во времето од 01.30 до 02.15 часот од страна на непознато лице е оштетено стаклото од објект, информативен центар на кандитат за градоначалник на Кавадарци. Скршено е предното стакло од објектот-излог на кој имало залепено реклама и пред објектот е расфрлан пропагаден материјал на кандидатот. со што е причинета материјална штета од 5.000 денари.

На 15.10.2017 година, околу 01,00 часот, З.А.(35) од Тетово, пријавила кражба, која се случила во 00,30 часот на крстосницата на улиците „Благоја Тоска“ и „ЈНА“ во Тетово, каде непознатото лице и се доближило, почнало да ја влече и од левата рака и го одзело паричникот, во кој имала 500 евра и 600 денари, а потоа избегало кон улицата „29 Ноември“. Се превземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на случајот.

На 14.10.2017 година околу 23,30 часот, четиринаесетгодишно лице од Тетово, заедно со неговиот татко З.Д.(44), пријавиле физички напад, кој претходниот ден околу 21,30 часот на улица „Благоја Тоска“ во Тетово го извршиле тројца малолетници на возраст од 15 и 16 години. По кусата вербална расправија со него, тие почнале да го удираат со тупаници и клоци по главата и телото, но истиот успеал да им избега, да се јави на татко му и да побара лекарска помош во тетовската клиничка болница. Тројцата напаѓачи и во текот на вчерашниот ден повторно го сретнале и му се заканувале дека ќе го нападнат. Се работи на расчистување на случајот.

На 14.10.2017 година околу 19,30 часот, на автопатот Тетово-Гостивар, во непосредна близина на надпатникот за Долно Палчиште, излетало патничко возило „Форд фузион“ со тетовски регистерски ознаки, управувано од Ш.А.С.(53) од Боговиње. Возилото се превртело, а  возачот и сопатникот И.А.(57) се задобиле со телесни повреди и со медицинско возило пренесени се во тетовската клиничка болница и по укажаната помош, пуштени се на домашно лекување.