Извадок од дневните настани 16.10.2017

На 16.10.2017 година во 05.50 часот на магистралниот пат А-3 Кочани-Штип на 0,7км од крстосница од с.Крупиште се случила сообраќајна незгода во која Автобус Евро Бус со беровски регистарски ознаки управувано од М.П.(48) од с.Смојмирово, Берово удрил во пешак Д.М.(43) од Ѓаковица, Косово со стан во Скопје. По незгодата пешакот со возило на Брза помош бил пренесен во Јавна здравствена установа Клиничка Болница Штип каде од здобиените тешки телесни повреди починал. Увид на лице место по овластување на јавен обвинител е извршен од увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Штип.


На 15.10.2017 година околу 17.40 часот на патот Ресен-Стење, поточно на влезот во с.Царев Двор кај црквата „Св.Никола“, се случила сообраќајна незгода во која В.К.(28) од с.Царев Двор, управувајќи патничко моторно возило „Голф 4“  изгубил контрола над истото, при што излетал надвор од патот и удрил во железна ограда. Возачот се здобил со тешки телесни повреди и е пренесен во Клиничка Болница Битола во коматозна состојба. Увид на лице место извршила екипа од ПС-Ресен.


На 16.10.2017 година околу 02.30 часот на ул.„Димитар Влахов“ во Кочани после бензинската на Лук Оил, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Мазда“ управувано од Д.Г.(38) од с.Уларци и патничко моторно возило „Поло“ управувано од З.Л. (46) од с.Спанчево. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот З.Л., кој по укажаната помош во Јавна здравствена установа Кочани е пренесен во Клинички центар Скопје, а со телесни повреди се здобил возачот Г.Д. кој по укажаната помош е пренесен во Клинички центар Штип. Увид  на лице место извршила екипа од ПС-Кочани, при што од возачите земена  е крв за анализа, а возилата задржани за технички преглед.


На 15.10.2017 година во 08,05 часот на излез од паркинг простор Жичара лоциран на Средно Водно и локалниот пат Милениумски Крст-Скопје, се случила сообраќајна незгода во која М.М.(49) од Скопје, управувајќи патничко моторно возило „Опел Инсигниа“ со скопски регистарски ознаки, удрил во пешакот К.Ф.(43) од Скопје. Пешакот К.Ф.  се здобил со тешки телесни повреди.     

                                    
На 15.10.2017 година во 20.15 часот во Скопје на ул.„Тале Христов“ во спортска облoжувалница „Златна Копачка“, од страна на непознато машко лице, маскирано со фантомка на главата, со закана со пиштол извршено е разбојништво над вработената, при што и се одземени засега неутврдена сума на пари. Секторот за внатрешни работи Скопје превзема мерки за пронаоѓање на сторителот.
На 15.10.2017 година во 21.55 часот во Скопје на ул.„Лондонска“ во спортска облажувалница „Спорт Лајф“, од страна на две непознати маскирани лица, од кои едниот вооружен со пиштол, извршено е разбојништво над вработениот при што е одземена засега неутврдена сума на пари. Секторот за внатрешни работи Скопје превзема мерки за пронаоѓање на сторителот.


На 15.10.2017 година околу 15,00 часот во с.Љуботен-Скопје, додека Д.И.(40) работел во дворот од семејната куќа заедно со неговиот брат Ф.И. и неговиот сосед А.Ќ. дошол С. Ќ., при што започнал расправија со Д.И. затоа што го земал неговиот брат да работи кај него, а веднаш потоа од појасот извадил пиштол и го вперил кон Д.И. упатувајќи му закани. Д.И. почнал да го брка С.Ќ. и тој  влегол во патничко моторно возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки и избегал во непознат правец. Секторот за внатрешни работи Скопје превзема мерки за расчистување на случајот.


На 15.10.2017 година во 18,30 часот во Полициска станица Пробиштип, 40 годишен жител на село во Пробиштип, пријавил дека во мобилиот телефон на наговата 11 годишна ќерка пронашол фотографија од неа со компромитирачка содржина. Во разговор со истата, дознал дека фотографијата ја направило машко лице и истиот ја уценувал ќерка му, да излезе со него бидејќи ќе ја објавил фотографијата на Фејсбук. Во ПС-Пробиштип е извршен разговор со девојчето во присуство на нејзиниот татко и со стручен тим од Центарот за социјални работи -Пробиштип, а по наредба на дежурниот јавен обвинител, во Клиничка Болница Штип е извршен гинеколошки преглед над неа. Од страна на Надворешната канцеларија за криминалистички работи е одземен лап-топ марка „Тошиба“ од станот на осомничениот како материјален доказ во присуство на неговиот татко. ПС-Пробиштип превзема мерки за расчистување на случајот.


На 15.10.2017 година околу 12,30 часот во с.Градско Балдовци-Струмица Т.Ј.(61) пријавил дека додека се возел во патничко моторно возило “БМВ“ со струмички регистарски ознаки сопственост на неговиот брат С.Ј., забележал дека едно возило го следи. Истиот застанал да праша зошто го следат, а од другото возило излегол А.М, и му се обратил. Т.Ј. си заминал дома, а после 15 минути дошле пет возила од кои излегле околу 20 лица, од кои само Л.К. од Струмица викал гласно и дрско се однесувал кон пријавителот и го навредувал со погрдни зборови. Секторот за внатрешни работи Струмица превзема мерки за расчистување на случајот.


На 15.10.2017 година околу 12,30 часот во Прилеп на ул.„Бистра Планина“, од засега непознати причини избувнал пожар во куќата сопственост на Ш.Б.(35), при што целосно е опожарена собата на приземјето каде бил сместен неговиот татко Ш.Б., кој е неподвижен, но бил изваден од страна на неговиот син низ прозорецот од истата соба. На првиот кат од куќата изгорена е целосно целата покуќнина, осум сандаци со мед, табла од електрично броило и осигурачи, комплет немонтирана нова санитарија за купатило и стиропор. Во пожарот е зафатена и кровната конструкција од стариот дел од куќата во која живее неговиот брат Ш.Т.     Од пожа-рот е причинета материјална штета од околу 500.000,00 денари. Од страна на екипи на територијална противпожарна заштита, пожарот е изгаснат. Увид на лице место извршила екипа од Полициска станица Прилеп.


На 15.10.2017 година во 14,29 часот, Ј.Ј. пријавила дека на ул.„Брсјачка Буна“, нејзиниот сопруг Н.М. ја полеал нивната куќа со бензин и истата ја запалил, по што куќата целосно е опожарена. Од страна на екипи на Територијална противпожарна заштита, пожарот е изгаснат. Увид на лице место ќе се изврши во текот на 16.10.2017 година.


На 15.10.2017 година во 12,30 часот во ПО-Арачиново, М.Н. пријавил дека околу 09,45 часот на ул.„7“ во с.Арачиново, додека бил кај негови роднини, лицето А.А. вработен во агенција за обезбедување, застанал со патничко моторно возило „БМВ“, излегол од возилото и му вперил пиштол, заканувајќи му се, а потоа со возилото го напуштил местото. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.


На 15.10.2017 година во 22.25 часот во Скопје на ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ пријавено е дека патничко моторно возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, застанало пред Штабот на „ГРОМ“ каде имало собрано околу 100 граѓани, и од возилото излегол С.Р., кој извадил нож и лисици, по што им упатувал закани на присутните граѓани, а потоа заминал со возилото. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.


На 14.10.2017 година во 15,15 часот во ПО-Новаци, пријавено е дека дошло до несреќен случај во кој Ј.П.(69) од с.Живојно, при вршење земјоделски работи со трактор „Тафе 42“, на кој била приклучена сеалка, во еден момент се симнал од тракторот со цел да изврши дотур на семенски материјал, но поради стрмен терен тракторот почнал сам да се движи. Ј.П. се обидел да го сопре, но не успеал, по што паднал и најверојатно тркалото од тракторот или сеалката поминало врз него. Ј.П. во свесна состојба преку мобилен телефон повикал помош, по што е однесен во Клиничка болница Битола, каде му се констатирани тешки телесни повреди. Истиот ден во 21,45 часот, од здобиените повреди Ј.П. починал. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција.


На 16.10.2017 година околу 02.50 часот во Скопје на ул.“Тодор Чангов“ опожарено е патничко моторно возило “Ланчиа“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на С. Н.(40). Причините за пожарот не се познати. Пожарот е локализиран околу 03.30 часот од страна на Бригада за протипожарна заштита.


На 15.10.2017 година во Прилеп на ул.„Свети Наум Охридски“, непознат сторител со непозната запалива течност запалил паркирано патничко моторно возило „Лада Нива“ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на С.Д.(58). Од пламенот се опожарени четирите гуми од тркалата на возилото, хаубата, моторот и дел од внатрешноста на возилото. Опожареното возило е изгаснато од страна на дежурната служба на Територијална противпожарна заштита -Прилеп. Увид на лице место извршила екипа од Полициска станица Прилеп.


На 15.10.2017 година во 08,30 часот на ГП-Аеродром „Александар Велики“-Скопје, на влез во РМ, од Цирих, допатувал М.А.(32) од с.Мокрино-Струмица. По извршената проверка констатирано е дека истиот евидира со мерка „Апси“. Во 10,45 часот, лицето е предадено на полициски службеници за понатамошна постапка.
На 16.10.2017 година во 05,00 часот во ПС-Центар задржан е Х.Ч.(1989) од Босна и Херцеговина, поради основано сомнение за извршено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. Имено, истиот околу 04,10 часот во ноќен клуб „Салун“ го нападнал П.П., кој работел на обезбедување на клубот. Лицето е задржано во ПС-Центар за понатамошна постапка.    


Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Х.А.(47), Х.Р.(28), А.Е.(26), А.М.(51)  и Х.Џ.(24), сите од  Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “насилство“. На 13.07.2017 година околу 22,30 часот, пријавените насилно влегле во станот на А.Х.(46) во Гостивар, и  физички го нападнале, а откако А.Х. паднал на подот пријавените продолжиле да го удираат. Потоа, пријавените физички ги нападнале и неговата сопруга, синот, ќерката и нивните роднини Ш.Р. и Е.Р., коишто се наоѓале во станот.


Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против К.В.(18) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда”. Пријавениот на 28.08.2017 година околу 20,45 часот на улица  „Самоилова” во Македонска Каменица, со Д.Ч. од  с. Крупиште, физички го нападнале Д.С.(19) од с.Аргулица, при што пријавениот  му нанел тешка телесна повреда
.


Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против М.Ш.(29) од Делчево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба наркотични дроги и психотропни супстанции“. Пријавениот во текот на  Мај 2017 година,  а последен пат на 05.05.2017 година ги ставил на располагање просториите од неговата куќа во Делчево за уживање марихуана на четири лица од Делчево. При претрес во неговиот дом на 05.05.2017 година биле пронајдени пет опушоци од рачно изработени џоинти со мешавина од марихуана и  тутун.


Полициската станица Валандово поднесе кривична пријава против Д.З. (31) од Валандово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 17.03.2017 година, при претрес во домот и помошни простории на Т.Е. во Валандово, кадешто живее и пријавениот,  пронајдени се 44,4 грама марихуана и вага.


Секторот за внатрешни работи Битола  поднесе кривична пријава против Ф.С.(66) од Битола, поранешен ВД Секретар на Оштинска организација на Црвен крст-Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 в.в член 45 од Кривичен Законик на РМ. Пријавената од 01.05.2014 до 12.10.2016 година во својство на Вршител на должноста Секретар на Општинска организација на Црвен крст-Битола, не ја исплатила сумата по извршно решение, со што направила имотна штета од 49.673 денари. Пријавената подигнала и готовински парични средства од благајната на Општинска организација на Црвен крст-Битола, со што за себе прибавила материјална имотна корист од 21.993 денари. Во истиот период без одлука на извршниот одбор на Општинска организација на Црвен крст-Битола од сметка во Охридска банка АД Скопје (наменска сметка за хуманитарна помош, на која се собирале парични средства за настраданите од поплавите во Р.Србија), ненаменски потрошила пари за плаќање на фактури, сметки, камати, материјални трошоци за потребите на Оштинска организација на Црвен крст  Битола во вкупен износ од 302.396 денари. Вкупната материјална штета којашто пријавената и ја нанела на Општинска организација на Црвен крст-Битола изнесува 374.062 денари.