Извадок од дневните настани 22.10.2017

 На 21.10.2017 година во 12.30 часот на некатегоризиран пат во атар на с.Калањево, неготинско, кај место викано „Орајот“, се случила сообраќајна незгода во која трактор „Крамер“ без регистарски ознаки, управуван од Ќ.Т.  (29) од Неготино, излетал надвор од патот, се превртел и паднал во провалија. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатникот П.П. (25) од Неготино, кои со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Клинички центар Скопје. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Неготино.

 

На 21.10.2017 година во 08.45 часот на крстосницата од ул. „Черења“ и ул. „Косовска“ во Штип се случила сообраќајна незгода во која патничко возило „Рено“ со штипски регистарски ознаки, управувано од К.Т. (32) од Штип, удрило во шестгодишно девојче. Во незгодата, девојчето се здобило со тешки телесни повреди, по што било пренесена во Медицински центар Штип. По укажаната лекарска помош била пренесена и задржана во Клинички центар Скопје. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Штип.

 

На 22.10.2017  година околу 02.30 часот  на крстосницата од бул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“ и ул. „9-ти Мај“  се случила сообраќајна незгода во која патничко возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Б. (26) од Скопје, изгубил контрола над возилото, излетал надвор од коловозот и удрил во повеќе заштитни метални столпчиња и метална капија од објект на карате клуб „Работнички“. Во незгодата, со повреди се здобил сопатникот Х.Ч. (29) од Скопје, кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Градска општа болница „Св. Наум Охридски“. Без да му биде извршен комплетен лекарски преглед, Х.Ч. самоволно ја напуштил болницата и затоа не му биле констатирани повредите. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

           

На 21.10.2017 година во Полициското одделение Петровец, М.М. пријавил дека истиот ден околу 20.30 часот додека се движел со неговото патничко возило „Фолксваген Пасат“ со скопски регистарски ознаки, во кое била и неговата сопруга, на локалниот пат с.Ржаничино-с.Таор, скопско, присилно бил застанат од четири патнички возила, сите со непознати регистарски ознаки.  Од еднотo возило излегло непознато лице кое извадило пиштол и го доближило до неговата уста, а од друго возило излегло друго непознато лице со безбол палка и почнале да му упатуваат закани. Тие го прашале „Кој си ти да не пратиш нас, до кога ќе се расправаме со тебе“, по што заминале во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на настанот.  

 

На 21.10.2017 година во 17.50 часот во Единицата за информации и команда Скопје, П.К. (54) од Скопје пријавил дека околу 17.10 часот бил физички нападнат од страна на лицето А.К. (54) од Скопје. А.К. го удрил со тупаница во главата, при што му нанел видлива повреда. Причина за физичкиот напад била тоа што истиот ден околу 15.00 часот П.К. не му дозволил на синот на А.К. да остава флаери од една политичка партија пред влезната врата од неговата куќа. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 21.10.2017 година околу 15.35 часот ул. „39“ во населба Карпош Куманово, во паркирано товарно возило „ТАМ“ со кумановски регистарски ознаки влегле две малолетни деца на возраст од 10 години. Едно од децата го притиснало квачилото и возилото почнало да се движи. Во тој момент,  О.Д. (38) од Куманово, кој седел во соседниот двор, забележал дека возилото со децата се движи и почнал да трча по возилото со намера да го сопре. О.Д. ја отворил предната лева врата и притоа удрил во бетонски столб, паднал и се повредил, а возилото застанало. О.Д. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Општа болница Куманово каде му биле констатирани тешки телесни повреди опасни по живот. Како итен случај бил пренесен во Клинички центар Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

 

На 21.10.2017 година во 14.05 часот во Единицата за информации и команда Скопје, Х.С. пријавил  дека на ул. „Ордан Чопела“  во Скопје, од страна на малолетници била пронајдена рачна бомба. На местото на настанот излегла екипа од Одделот за антитеротизам кои ја подигнале рачната бомба. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

 

На 21.10.2017 година во 13.00 часот во Единицата информации и команда Скопје, граѓанин пријавил дека при вадење на картичка од банкомат на банка на бул. „Видое Смилевски Бато“ во Скопје забележал дека на банкоматот се вградени двојна тастатура и двоен скенинг детектор. Од претставник на банката било потврдено дека се работи за додатоци кои се нелегално поставени.  Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 21.10.2017 година во 19.35 часот во Полициската станица Центар било пријавено дека истиот ден околу 16.30 часот на ул. „Живко Чинго“ во Скопје, двајца непознати сторители извршиле разбојништво врз 17-годишно момче од Скопје. Сторителите со закана со нож од 17-годишникот одзеле 200 денари и побегнале во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.   

 

На 21.10.2017 година во 21.30 часот во Единицата за информации и команда Скопје било пријавено дека во обложувалница на ул. „Лука Геров“  во Скопје две нпознати маскирани  лица извршиле разбојништво над вработените. Сторителите со закана со пиштол од вработените го одзеле дневниот промет. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.   

                                         

На 20.10.2017 година во Полициската станица Карпош  било пријавено дека околу 17.50 часот, Г.К.(46) од Куманово, кој бил сместен во Јавната здравствена установа - Психијатриска болница Скопје, самоволно ја напуштил болницата. Се преземаат мерки за пронаѓање на лицето.

 

На 21.10.2017 година во 09.15 часот во близина на напуштената караула „Николиќ“, на местото викано „Метална конструкција“, од страна на полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин и Граничен надзор „Стар Дојран“  бил приведен Л.А. (27) од Република Албанија, кој нелегално ја преминал државната граница. Тој бил однесен во Полициската станица за Граничен премин „Богородица“ за понатамошна постапка.

 

На 21.10.2017 година во 11.15 часот на Граничен премин Аеродром „Александар Велики“ Скопје, од слобода бил лишен Ф.М. (23) од Република Италија. Тој бил лишен од слобода поради сомнение за фалсификувана  италијанска лична карта и возачка дозвола. Потоа тој бил предаден на полициски службеници од СВР Скопје за понатамошна за понатамошна постапка.