Извадок од дневните настани 25.10.2017

На 24.10.2017 година околу 12,00 часот било пријавено дека при искачување на карпи во Демиркаписка клисура, од висина од околу 20 метри паднал чешкиот државјанин Ш.П. (71). Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ПС-Неготино. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.

На 24.10.2017 година во 12,15 часот во СВР-Скопје, Б.М. пријавил дека во Скопје на ул.„Кочанска“, во собата под него каде живеел како потстанар, почувствувал непријатна миризба, и кога се симнал долу, преку прозорот забележал дека Н.Т. (70) (кој исто така живеел како потстанар), бил починат. Од страна на лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт. Телото кое било во фаза на распаѓање по наредба на Јавен обвинител било дадено за обдукција.


Во врска со собирот на една политичка партија на 24.10.2017 во с. Облешево, во 17,30 часот во ПС Кочани телефонски било пријавено дека во с.Облешево, во пицерија, Т.Ј. (44) од с.Облешево во разговор со присутни гости рекол дека ќе го спречи најавениот митинг на политичката партија во с.Облешево, заканувајќи се дека ќе фрли бомба, и на тој начин ќе го спречи говорот на претседателот на таа партија и на кандидатот за градоначалник на општина Чешиново-Облешево. Т.Ј. бил повикан во ПС-Кочани на разговор и по извршениот разговор во 19,10 часот си заминал.

На 24.10.2017 година околу 06,15 часот било пријавено дека во Демир Капија на ул.„Партизанска“ се случила сообраќајна незгода при што М.Н. (47) од с.Чифлик–Демир Капија, управувајќи патничко возило „Опел Астра“ со кавадаречки регистерски таблици удрила во пешакот Б.Т.(73) од Велес кој починал на самото место. Од страна на лекар од Итна медицинска помош Неготино била констатирана смрт. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ПС-Неготино. Се работи на целосно расчистување на случајот.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против И.С.(34) од Новален-Косово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство во обид“по чл.123 в.в. чл. 19 од КЗ на Р.Македонија и “напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 22.10.2017 година околу 04,50  часот на ул. „Титовелешка“, во Скопје, во хотел, пријавениот се обидел да ја лиши од живот неговата сопруга Н.Х.(39) од Рига-Латвија, при што со нож и нанел повеќе расекотини во пределот на главата и телота, како и  убодна рана во пределот на левата страна на вратот. При тоа во собата влегол Ф.З. (26) од Скопје, вработен во агенција за обезбедување имоти и лица „НИКОБ“ повик од вработените во хотелот, кој откако пробал да го оттргне пријавениот од Н.Х., бил нападнат од негова страна, и притоа се здобил со расекотина со нож во пределот на десната дланка. На пријавениот му е  изречена мерка притвор во траење од 30 дена.
СВР Скопје поднесе кривична пријава  против Ф.Ќ.(19)  и двајца малолетници на возраст од 17 години сите од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “разбојништво“. На 30.09.2017 година околу 02,40 часот на улица „Кемал Сејфула“, пријавените го пресретнале М.В.(18) од Скопје, при што откако едното малолетно лице вербално му се заканило, другото малолетно лице му ја одзело чантата во која имал: 120 евра, 800 денари и патна исправа, а Ф.Ќ. го удрил со пластичниот дел од штрафцигер, при што му скршил два заба и му нанел расекотина на устата.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Х.А. (28) од  с.Боговиње, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “насилство“. На  12.07.2017 година околу 03,30 часот во село Жеровјане-тетовско, во угостителски објект, откако Н.И.(34) од с.Чегране-гостиварско, побарал да ја плати сметката наредниот ден, зошто немал пари, пријавениот вработен во угостителскиот објект, со четири непознати лица, физички го нападнале Н.И. и неговите пријатели Х.Б.(20) и З.С. (28),  двајцата од  с. Чегране, а потоа насилно ги исфрлиле од објектот.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Ж.Г. (33) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда при семејно насилство“ На 17.10.2017 година околу 21,00 часот на ул.“Каирска“ пред семејниот дом, пријавениот го ставил во возило и физички го нападнал неговиот татко, З.Г.(67) од Скопје. Исто така наредниот ден (18.10.) околу 03,00 часот додека З.Г. одел кон тоалетот пријавениот станал и повторно физички го нападнал,  со раце и метална шипка, по што му се заканил да не кажува никому и да не излегува од дома. На 20.10.2017 година З.Г. успеал да излезе и случајот го пријавил во полициска станица. На пријавениот му е изречена мерка куќен притвор во траење од осум дена.
НК КР Дебар  поднесе кривична пријава против А.Б.(38) од Струга, З.Ф. (47) од с.Коњари-дебарско поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “изнуда“. Пријавените на 15.06.2017 година во Дебар, со упатување сериозни закана по животот кон М.Т. од Охрид и неговото семејство, го присилувале да им исплати 30.000 евра, што наводно М.Т. му ги должел на првопријавениот, но откако неуспеале да ги земаат бараните пари, го присилиле да потпише три договори за заем на пари, според коишто М.Т. им зел на заем 29.750 евра, а требало да им ги врати најдоцна до 01.08.2017 година.     
НК КР Кавадарци поднесе кривична пријава против Ќ.Ч. (35) и Б.Б.(21) и двајцата од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 03.07.2017 година околу 21,20 часот во Кавадарци, на раскрсницата на улиците „Ресавска“ и „Пионерска“, првопријавениот му продал 2.25 грама „хероин“, на второпријавениот за износ од 3.000 денари.

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “поднесување лажни докази“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.Т.(36) од Охрид. Пријавената, во бракоразводна постапка во Основен Суд Охрид како доказ употребила исправа за која знаела дека е невистинита со цел да и биде изречена помала сума за издршка на малолетната ќерка. Таа пред судот приложила лажен доказ односно невистинити исплатни листи за месечна нето плата од вкупно 13.000 денари во првите три месеци од оваа година иако знаела дека за истиот период, нејзината плата изнесувала 18.000 денари, Тоа било суштинско во бракоразводната постапка и во пресудата на Основниот суд во Охрид да биде задолжена да исплаќа помал износ за издршка на малолетно дете.