Извадок од дневните настани 29.10.2017

 

На 29.10.2017 година во 04,00 часот на автопатот Градско-Велес, на околу 500 метри после наплатната станица Градско, се случила сообраќајна незгода во која патничко моторно возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки управувано од Л.И.(26), изгубило контрола на движење, преминало на левата страна на коловозот и се превртело. Во возилото како сопатници биле лицата Е.Е.(24) од Гостивар, кој починал на место на настанот, додека А.О.(20) од Гостивар и едно непознато женско лице, се здобиле со повреди и се пренесени во Медицински центар Велес.
 

На 27.10.2017 година околу 22,20 часот на булевар "Крсте Мисирков" патничко моторно возило со скопски регистарски ознаки управувано од Р.А.(51) од Скопје удрило во пешакот К.Г.(19) од Р. Косово, кој живее во Скопје. Р.А. го напуштил местото на настанот и во 23,30 часот сам се пријавил во Полициската станица Центар. Од сообраќајната незгода со повреди се здобил пешакот и истиот со возило на брза помош е пренесен во Градска општа болница "Св. Наум Охридски", каде му се констатирани тешки телесни повреди (фрактура на лева потколеница и повреда на лево рамо), по што е однесен во Ургентен Центар на трауматологија, каде е задржан на понатамошно лекување . Извршен е увид на местото на настанот.
 

На 28.10.2017 година околу 08,30 часот на регионалниот пат Македонски Брод–Кичево, на место викано „Ижички Анови“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Волксваген Каравеле“ со кичевски регистарски ознаки управувано од С.З.(49) од Кичево, и автобус „Сетра С315“ со прилепски регистарски ознаки управуван од Р.Д.(53) од с.Дебреште, прилепско. По незгодата, С.З. со возило на Итна медицинска помош е префрлен во Јавна здравствена установа Македонски Брод од каде е препратен во Јавна здравствена установа Прилеп каде што му се констатирани тешки телесни повреди (скршеница на двете нозе, десна рака и граден кош), и поради сериозноста на истите е препратен во Ургентен центар Скопје на понатамошно лекување. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Македонски Брод.
 

На 28.10.2017 година во 23.30 часот лицето В.Н.(45) од Скопје, пријавило дека истиот ден во времето од 20.00 до 23.45 часот на улица Пехчевска од страна на двајца непознати сторители извршена е тешка кражба при што одземен е разновиден златен накит и 50.000 денари со што сторителите се стекнале со противправна имотна корист од околу 270.000 денари. Кражбата сторителите ја извршиле на тој начин што влегле преку терасата. При напуштањето на куќата, тие се сретнале со сопственикот на куќата, кој во меѓувреме се вратил дома. Тој се обидел да ги спречи, но двете лица успеале да избегаат.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
 

На 29.10.2017 година околу 06,40 часот полициски службеник пријавил дека во текот на ноќта на ул. "Алија Авдовиќ" во населба Ченто во Скопје на фасадата на Основно училиште "25-ти мај" имало испишан графит со политичка содржина.

На 28.10.2017 година во 12,17 часот во Полициска станица Кисела Вода се јавил претседателот на Општинската изборна комисија Кисела Вода и пријавил дека истиот ден околу 11,00 часот на улица „Јабланица“ кај лице кое е старо и изнемоштено и затоа гласало во својот дом во присуство на Избирачка комисија во состав од претседател и тројца членови, откако лицето гласало, еден член на комисијата го сликал неговото гласачко ливче.

На 28.10.2017 година во 13,15 часот претседател на Избирачки одбор на Избирачко место број 2743, пријави дека при разнесување на гласачките матријали на гласачко место лоцирано во Основно училиште "Невена Ѓорѓиева Дуња" од страна на претставник на политичка партија сликан е кочан со гласачки ливчиња (горна корица на кочан со број на гласачко место и сериски број на прво и последно гласачко ливче) со мобилен телефон.
 

На 28.10.2017 година во 14,20 часот член на Општинска избирачка комисија Кисела Вода, пријави дека при разнесување на гласачки материјали на гласачко место број 2746 лоцирано во Месна заедница "11-ти Октомври" од страна на претседател на Избирачкиот одбор сликан е кочан со гласачки ливчиња со број на избирачко место.
 

На 28.10.2017 околу 09,00 часот пријавено е дека во село Градец во семејната куќа на Ј.Ш. дошло до злоупотреба на избирачко право на тој начин што откако два члена од Општинска изборна комисија Врапчиште дошле во наведената куќа со цел изнемоштеното лице Ѓ.Ш., да оствари право на глас и двајцата и зеле отисоци од прстот во регистарот на гласачи, а едниот од нив заокружил реден број на една политичка партија спротивно на волјата на гласачот. Од страна на нејзината снаа било побарано од членовите на изборната комисија да и се даде друго ливче на нејзината свекрва со цел сама да си го оствари правото на глас, на што истите и кажале дека нејзиното гласачко ливче ќе го направат неважечко и не и дале друго ливче односно и го оневозможиле правото да гласа. При тоа гласачко ливче го ставиле во плико и си заминале, иако од пријавителката им било укажано дека ќе бидат пријавени во полиција. Пријавителката посочила дека двете лица се од с.Градец. За време на целиот настан во дневната соба била и ќерката на пријавителката која изјавила дека не видела ништо. Се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот.
 
На 28.10.2017 година околу 21,40 часот вработен во спортска обложувалница „Спорт Лајф“ лоцирана на улица „Лондонска“, пријавил дека три маскирани лица со закана со пиштоли извршиле разбојништво при што ги одзеле парите од дневниот промет, а потоа го напуштиле местото на настанот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.
 

На 28.10.2017 година околу 21,30 часот, пријавено е дека во спортска обложувалница „Спорт Лајф“ лоцирана на улица „Франц Прешерн“ во населба Влае, три маскирани лица, вооружени со пиштоли, извршиле разбојништво при што од вработените ги одзеле парите од дневниот промет, а потоа го напуштиле местото на настанот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.

На 28.10.2017 година околу 21,05 часот С.С., пријавила дека истиот ден околу 20,30 часот во маркет „Стокомак“ лоциран на булевар „Мајка Тереза“, забележала две непознати лица како одземаат производи, при што се обидела да задржи едно од лицата, но била физички нападната, а потоа двете лица го напуштиле местото на настанот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.
На 27/28.10.2017 година во село Свето Тодори, битолско, од летната кујна лоцирана во дворот од куќата сопственост на Р.Т.(48), непознат сторител извршил тешка кражба на тој начин што преку необезбедената врата од гаражата влегол во истата и одзел акумулатор од трактор, а потоа влегол во летната кујна која се наоѓа во дворот пред куќата и одзел една воздушна пушка „Крал Магнум“ калибар 4,5мм, која Р.Т. ја поседувал со дозвола и го напуштил местото на настанот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.
 

На 28.10.2017 година околу 12,00 часот во Скопје, додека С.М. од Јапонија се движел по Камениот мост во правец кон Старата чаршија, го пресретнале неколку непознати машки лица, од кои едно од нив му рекло да им покаже јапонски пари. С.М. го извадил паричникот во кој имал 25.000 денари и 5.000 јапонски јени, а едно од лицата му го грабнал паричникот и избегало. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.
 

На 28.10.2017 година во 23,15 часот во Полициска станица Струмица, пријавено е дека на улица „Панче Пешев“ во куќа сопственост на Д.А.(69), настанал пожар, во кој бил опожарен кровот и поткровјето, како и еден спрат од куќата. На 29.10.2017 година околу 02,00 часот од екипа на Противпожарна единица Струмица пожарот е локализиран. Увид ќе се врши во текот на денешниот ден.
 

На 28.10.2017 година околу 14,00 часот во село Амзибегово, светиниколско, дошло до несреќен случај во кој додека Т.Р.(50) во дворното место од својот дом, ја чистел земјоделската косачка, која била приклучена на трактор и подигната од земја, во еден момент косачката го потиснала Т.Р. (кој бил легнат на земја), во пределот на главата. Истиот се здобил со тешки телесни повреди и е пренесен во Здравствен дом Свети Николе, но поради сериозноста на повредите бил препратен во Клиничка болница Штип, каде починал. Увид на место на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициска станица Свети Николе. Со согласност на Јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на фамилијата за погреб.
 

На 29.10.2017 година во 00,20 часот на патниот правец Градско-Прилеп, во непосредна близина на чешмата на Дреновска клисура, од страна на полициски службеници од Полициска станица за Граничен надзор Михајлово, била пронајдена неексплодирана артилериска граната со димензии 200мм должина и кал.60мм. За настанот известена е Дирекција за заштита и спасување, од чија страна ќе бидат преземени мерки за подигнување на експлозивната направа.
 

На 27.10.2017 година околу 19,15 часот во просторијата на дежурната служба на полициската станица Драчево, по претходна расправија, двајца вработени во полициската станица физички се пресметале. Веднаш е известен Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР и се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот.
 

На 28.10.2017 година во 21,50 часот во с.Мислешево, струшко, поточно на неколку места до самиот пат и во близина на раскрсницата за селото, од страна на полициски службеници биле пронајдени расфрлени летоци со содржина за еден кандидат за градоначалник на Струга. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 26/27.10.2017 година непознати лица извршиле тешка кражба на трафостаница тешка околу 700 килограми, која била поставена во атарот на село Дуф, гостиварско. Откако ја спуштиле од столбот висок десетина метри, тие ја демонтирале трафостаницата, сопсвеност на „ЕВН Македонија“ и одзеле околу 100 килограми бакарни елементи (намотки), додека другиот дел го оставиле и избегале, противправно стекнувајќи се со имотна корист од околу 180.000 денари. Причинетата материјална штета дополнително ќе се утврдува. Се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот  и пронаоѓање на сторителите.

На 28.10.2017 година околу 21,00 часот, на крстосницата на улиците „Благоја Тоска“ и „Љубо Божиновски-Пиш“ во Тетово, патничко моторно возило „Фолксфаген поло“ со тетовски регистерски ознаки, управувано од А.Џ.(18) од Тетово удрило во пешакот К.П.(29) од Берово. Во несреќата, К.П. се задобила со телесни повреди и со истото возило пренесена е во тетовската клиничка болница и по укажаната лекарска помош, по нејзино барање, префрлена е на скопските клиники.

На 28.10.2017 година околу 13,00 часот на регионалниот пат Тетово-Јажинце, на влезот во Теарце, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале две патнички моторни возила „БМВ“ со германски регистарски ознаки управувано од С.М.(50) од Теарце  и „Ауди“ со тетовски регистарски ознаки управувано од М.С.(39) од Џепчиште. Во несреќата, возачот и сопатникот од „Аудито“ А.А.(39) од Џепчиште се задобиле со тешки и телесни повреди и со медицинско возило пренесени се во тетовската клиничка болница. По укажаната помош, сопатникот е пуштен дома, а возачот задржан за натамошно лекување. Извршен е увид на местото на настанот.