Извадок од дневните настани 30.10.2017

На 29.10.2017 година околу 14,00 часот, на магистралниот пат Ресен-Битола, на место викано “Дервен“ се случила сообраќајна незгода во која А.Б.(36) од Битола, управувајќи моторцикл „сузуки“ со битолски регистерски таблици, излетал од патот. Истиот во незгодата се здобил со тешки телесни повреди по што со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Клиничката Болница во Битола каде од страна на лекар била констатирана смрт. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од ПС Ресен. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција. Се работи на целосно расчистување на случајот.

На 29.10.2017 година околу 20,45 часот било пријавено дека во Скопје на ул.„Петар Манџуков“,во обложувалницата „Златна Копачка“ непознат сторител маскиран и вооружен со пиштол извршил разбојништво над вработените и го одзел дневниот промет по што го напуштил местото на настанот. Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
                                          
На 30.10.2017 година околу 04,45 часот било пријавено дека во Струмица на бул.„Гоце Делчев“, во „Тобако“, непознат сторител со закана со пиштол извршил разбојништво над вработената и одзел околу 19.500 денари, по што го напуштил местото на настанот. Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
                                         
На  29.10.2017  година било пријавено дека во времето од 12,30 до 13,30 часот во Скопје на бул.„Гоце Делчев“ на паркинг, непознат сторител извршил тешка кражба од патничко моторно возило „Волво XC60“ со  естонски национални ознаки, при што одзел ранец во кој имало документи од K.J. (46) од Естонија, а од багажникот биле одземени три патни торби во кои имало женска спортска облека и женска козметика и две патни торби во кои имало машка гардероба и машка козметика, со што била причинета материјална штета од околу 30.000 денари. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

На 29/30.10.2017 година било пријавено дека во временскиот период од 18,45 до 00,30 часот во Прилеп на ул.“Тале Христов“ во куќата сопственост на Р.М. (65), непознат сторител извршил тешка кражба со што се стекнал со противправна имотна корист од околу 400.000 денари. Имено, сторителот го скршил цилиндарот од бравата од влезната дрвена врата од куќата, влегол внатре и одзел еден лап топ компјутер и 373.000 денари по што го напуштил местото на настанот. Увид извршила увидна екипа од ПС Прилеп. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
                                          
На 29.10.2017 година во 10,20 часот во ПС Кисела Вода, Ж.П. (50) пријавила семејно насилство. Имено додека таа била во кујната од семејната куќа, нејзиниот сопруг Л.П. (57), кој бил во видно алкохолизирана состојба и со кој била во брако-разводна постапка, физички ја нападнал удирајќи ја со тупаници и клоци во пределот на главата и телото, при што и нанел расекотини, црвенило и модринки. Исто така и нивниот син Д.П. (22) обидувајќи се да ги раздели бил нападнат од неговиот татко кој го удирал со тупаници, го фатил за врат и почнал да го дави, нанесувајќи му видливи повреди. За кратко време Л.П. повторно ја нападнал Ж.П. и при тоа ја искршил целата покуќнина од кујната и останатиот дел од куќата. Околу 12,30 часот од Ургентниот Центар во Скопје пријавено било дека Л.П. има убодна рана од остар предмет во пределот на грбот над бубрезите, односно констатирани му биле тешки телесни повреди (повреда на пршлен, прободена слезина и прободен бубрег). Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.  

На 29.10.2017 година во 16,40 часот во СВР-Скопје, Р.И. пријавил дека во с. Брњарци-скопско, непознати сторители извршиле сквернавење на надгробни плочи и споменици на локалните гробишта. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
                                                             
На 29.10 2017 година на Ургентното одделение во гостиварската болница била донесена 58-годишната гостиварка В.З, која претходно испила, односно се затрула со 30 до 40 различни видови таблети. По укажаната лекарска помош, во неконтактибилна состојба, префрлена е на скопските клиники. Се работи на целосно расчистување на случајот. 


СВР Охрид  поднесе кривична пријава против Д.К.(25) од Скопје, А.В. (24) од Скопје, С.К. (23)  и уште едно засега непознато лице поради постоење основи на сомнение за сторени пет кривични дела “тешка кражба“.  Во август годинава, на подрачјето на Охрид, пријавените со употреба на подесен алат и со кршење извршиле тешки кражби во два дисконти и два маркети и една продавница, со што се стекнале со противправна имотна корист од околу 423.000 денари.
РЦ   за ГР- Исток   поднесе  кривична  пријава    против    Е.М. (21) од с.Радање, Карбинци поради постоење основи на сомнение за сторено  кривично дело „криумчарење  на  мигранти“. На  11.09.2017 година, после два обиди за запирање на возило „Алфа Ромео“ од страна на сообраќајна патрола,  возилото  застанало кај фабриката  за гуми,  во близина на стрелиштетото  кај с. Пенуш- штипско,  при што, од возилото излегле  девет лица,  коишто почнале да бегаат. Полициските службеници успеале да  фатат осум лица (пакистански државјани), додека возачот избегал. По превземаени мерки бил утврден идентитетот на осомничениот.                    
НК КР Гостивар  поднесе кривична пријава  против  Х.Н.(52),  Х.Р. (30) двајцата од с.Врапчиште, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела “соизвршителство“ во врска со  “фалсификување исправа“, и  “употреба на исправа со невистинита содржина“. Потоа против Г.М. (59) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “злоупотреба на службена положба“, и М.Г. (62) од  с.Долна Бањица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “несовесно работење во служба“. Во период од 2009 па се до 2015 година, првопријавениот и второпријавената, при поднесување и обновување на документација за право на родителски додаток за четврто дете, употребиле извод од матична книга на родени на име на девојче родено 20.09.2009 година, којашто била родена 20.09.2008 година, со цел користење на правото на родителски додаток за четврто дете што стапил на сила од 01.01.2009 година. Со ваквите дејствија првопријавениот и второпријавената го оштетиле буџетот на Р.Македонија за  879.524 денари. Третопријавената, Г.М. како одговорно лице во Приватната здравствена установа „Гинеко-мед“ на  22.12.2009 година  и  11.05.2012 година,  пополнила, потпишала, издала и заверила специјалистички извештај, во кој што било наведено дека  второпријавената се породила со четврто дете на  20.09.2009 година, и дека ги извршила сите контроли во текот на бременоста во 2009 година. Пријавената М.Г. пак од 2009 година до 2015 година, како социјален работник во Меѓуопштински Центар за социјална работа–Гостивар, при прием на документација од прво и второ пријавените, во наведениот период, за право на родителски додаток за четврто дете, без да изврши увид и детална контрола на регуларноста на примената документација им изготвувала решение за остварување на родителски додаток за четврто дете.


НК КР Кратово поднесе кривична пријава  против Ј.С. (52) и Г.Б. (55)  двајцата од Кратово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “соизвршителство“ во врска со „злоупотреба на службена положба и овластување“. Првопријавениот, на работно место рефрент за сеча, дотур и превоз во приватни шуми, и второпријавениот на работно место-шумочувар, двајцата вработени во ЈП ,,Македонски шуми“ - ПШС Кратово овозможиле Г.З. од Велес и Е.А. од Радовиш да извршат бесправна сеча на 42,5 метри кубни буково огревно дрво во катастарските општини Којково и Мушково, во Кратово, и при тоа да се стекнат со имотна корист од 297.451 денари.


СВР Охрид  поднесе кривична пријава против  С.И. (33) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “фалсикикување на пари“. Пријавената на 01.08. и на 02.08. годинава во Охрид, во пекара, во бутик и во градскиот трговски центар, пуштила во оптек три фалсификувани банкноти од 1000 денари со идентичен сериски број, со што се стекнала со противправна имотна корист од 3.000 денари.