Извадок на дел од дневните настани 02.11.2017

На 01.11.2017 година околу 08,50 часот на регионалниот пат Велес–с.Извор, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило„Фиат Пунто“ со велешки регистерски таблици, управувано од Т.М. (33) од с.Горно Јаболчиште, и патничко возило„Митсибуши Л-200“ со скопски регистерски таблици, управувано од М.С. (26) од Велес. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобило четири годишно дете кое било сопатник во возилото „Фиат Пунто“, по што било пренесено во Општата Болница во Велес, но поради сериозноста на повредите било префрлено во Ургентниот Центар во Скопје на понатамошно лекување. Увид на  местото на настанот извршила увидна екипа од СВР- Велес. Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

На 01.11.2017 година околу 09,30 часот во СВР-Скопје било пријавено дека на ул.„Благоја Стефковски“, во населбата Маџари во експозитура на “Македонски Пошти“, три непознати маскирани лица со закана со пиштол од вработените одзеле засега неутврдена сума на пари по што го напуштиле местото на настанот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно расчистување на случајот.

На 01.11.2017 година околу 20,40 часот во СВР-Скопје, Ј.Ш. (37) пријавила дека на ул.„Радишанска“ во Трговскиот центар “Радишани“, во аптека непознато маскирано лице со закана со нож извршил обид за разбојништво, ги побарал парите од вработената, но таа почнала да бара помош и го вклучила алармот, по што сторителот избегал од местото на настанот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на кривичното дело.

На 01.11.2017 година во ПС-Центар, од амбасадата на Р.Хрватска во Р.Македонија, е пријавено дека на ул.„Тодор Александров“, во Хрватската резиденција била извршена  тешка кражба, односно со употреба на подесен клуч, калауз, била отворена влезната врата на резиденцијата, при што било влезено внатре и било извршено претурање, но не се знае што било одземено. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на случајот.

На 01.11.2017 година ПС-Струга М.С. (58) пријавил дека во периодот од 29.10 до 01.11.2017 година во црквата „Св.Илија“ (атар на село Радожда) била извршена тешка кражба од страна на непознат сторител, на тој начин што насилно ја отворил влезната врата од задната страна на црквата, се упатил кон иконостасот од каде одзел две табли изработени од резбано дрво и уште три резбани дела, по што го напуштил местото на настанот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на случајот.

На 01.11.2017 година околу 15,40 часот било пријавено дека во Битола на ул„Широк сокак“, на објектот каде што бил сместен Конзулатот на Русија, Н.С. (68) од Битола со бетонска плочка извршил оштетување, односно го искршил излогното стакло на конзулатот, при што бил оштетен и еден телевизор. Од страна на полициски службеници Н.С. бил приведен и по извршениот разговор истиот бил пуштен. По целосното расчистување на настанот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

На 01.11.2017 година околу 23.00 часот, Е.М. (67) од Република Хрватска пријавил дека непознати сторители, во периодот од 17 до 20.00 часот, во згодна прилика му го одзеле паричник во кој имал 2500 евра, 800 хрватски куни, 11.100 српски динари, неколку хрватски банкарски картички, како и други лични документи.. Во наведениот период тој бил на состанок со деловни партнери и пријатели во еден угостителски објект во Тетово, а паричникот го ставил во јакна. По завршување на состанокот забележал дека паричникот му го нема.  Поради сомнение дека ја извршило кражбата, по кратко време, едно лице било приведено. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

На 01.11.2017 година во ПО-Арачиново, Д.М. од с.Арачиново-скопско, пријавил дека од страна на градежна фирма која изведувала ископ за канализација била извадена камена плоча со непознат натпис, при што истите ја извадиле плочата, а дупката по поставување на цевките ја затрупале со земја. Увид на  местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје. На 02.11.2017 година во ПС-Чаир, У.Ф.(46) од Скопје, пријавил дека предходниот ен околу 13,00 часот 11 годишно девојче на која и бил старател излегла од домот да оди на курс по што се оддалечила во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 02.11.2017 година во ПС-Чаир, М.Р.(40) од Скопје, пријавил дека предходниот ден околу 13,00 часот 11 годишно девојче на која и бил старател излегла од домот да оди на курс по што се оддалечила во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

СВР Велес поднесе кривична пријава против М.К.(35) од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични  дела: „фалсификување или уништување деловни книги“ и „несовесно работење во службата“. Од 24.04. до 15.08. годинава, пријавената, како медицинска сестра на интерно одделение во болницата во Велес, преку нејзиното корисничко име за влез во компјутерската евиденција за раздолжување со лекарства и други медицински материјали, извршила преправка во компјутерската евиденција од болничката аптека и во задолжението со медицинските материјали, кај пет пациенти. При тоа, пријавената, преку нејзиното корисничко име за влез во компјутерската евиденција, раздолжила лекарства и други медицински материјали  во вредност од 499.189 денари. Со ваквото несовесно работење пријавената му нанела штета од 499.189 денари на Медицински центар – Велес.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривична пријава против Н.Р.(51)  од с.Раковец-Боговиње поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “приредување на игри на среќа без лиценца односно дозвола од надлежен орган“. Пријавениот од 15.10. до 19.10. годинава во деловен објект во Дебар, неовластено организирал и  приредувал игри на среќа-спортската обложувалница, без да поседува лиценца, односно дозвола издадена од Министерство за финансии – Скопје.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи  Виница   поднесе кривична пријава  против правното лице “ЈОВАНОВ ТРАНС“ ДООЕЛ с. Јакимово, Виница и и против И.Ј. (30) од с. Јакимово-Виница, управител  во правното лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „незаконита експлоатација на минерални суровини“. На 25.07.2017 година, фирмата вршела незаконски ископ на минерални суровини од место викано „Чифличко Поле“ во  близина на реката Осојница, атар на Виница, од катастерска  парцела,  за којашто, друго правно лице, односно фирма ид Виница, поседувала дозвола за експлоатација, со што е причинета материјална штета  од 216.450 денари.