Извадок од дневните настани 03.11.2017

На 02.11.2017 година во 13.30 часот на бул. „Крсте Мисирков“, во близина на Врховен Суд во Скопје, од страна на полициски службеници во Полициска станица Центар бил приведен Е.И. (57) од с.Арачиново. Тој бил приведен затоа што кај него биле пронајдени прачки што наликуваат на експлозивна направа. По вештачењето констатирано е дека се работи за пиротехнички средства (петарди), а исто така утврдено е, со графолошко вештачење, дека тој е автор на анонимно писмо со заканувачка содржина. По целосно документирање на случајот, против Е.И. ќе биде поднесена соодветна пријава.  

 
На 02.11.2017 година во 14.00 часот  во Полициската станица Кисела Вода, поради неовластено снимање пред објектот на Судот, биле приведени М. И. (29) од Скопје - снимател од една македонска телевизија и Б.У. (35) од Косово - снимател на телевизија од Косово. Во координација и по насоки на Јавен обвинител, по извршениот разговор - лицата се пуштени. Од страна на СВР-Скопје ќе биде доставено известување до Основното Јавно Обвинителство за досегашните превземени мерки.


На 02.11.2017 година во 11.45 часот, Т.Т. (47) од с.Јурумлери, скопско, пријавил дека на 01.11.2017 година околу 19.00 часот на автобуска станица на бул. „Александар Македонски“, од страна на три непознати лица физички бил нападнат неговиот 15-годишен син. Непознатите лица го удриле неколку пати со тупаници и клоци во пределот на главата и телото и му нанеле видливи повреди. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.


На 03.11.2017 година во 03.30 часот, Н.Б. (33) од с.Негорци, гевгелиско, пријавил дека на 02.11.2017 година околу 23.30 часот на бул. „Јане Сандански“ во Скопје заедно со неговиот чичко К.Б. (53) и неговиот брат Г.Б. (56), двајцата од с.Негорци, физички биле нападнати од седум-осум непознати лица. Според пријавеното, напаѓачите ги удирале со  тврди предмети , боксови  и  клоци во пределот на  телото и главата, со што им нанеле видливи повреди. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.


На 02.11.2017 година во 10.45 часот на место викано „Шарковец“, во нива во с.Добри Дол, скопско, од членови на неговото семејство, бил пронајден починат М.А. (57) од с.Добри Дол. Тој на 31.10.2017 година од На 02.11.2017 година во 13.30 часот на бул. „Крсте Мисирков“, во близина на Врховен Суд во Скопје, од страна на полициски службеници во Полициска станица Центар бил приведен Е.И. (57) од с.Арачиново. Тој бил приведен затоа што кај него биле пронајдени прачки што наликуваат на експлозивна направа. По вештачењето констатирано е дека се работи за пиротехнички средства (петарди), а исто така утврдено е, со графолошко вештачење, дека тој е автор на анонимно писмо со заканувачка содржина. По целосно документирање на случајот, против Е.И. ќе биде поднесена соодветна пријава.    


На 02.11.2017 година во 14.00 часот  во Полициската станица Кисела Вода, поради неовластено снимање пред објектот на Судот, биле приведени М. И. (29) од Скопје - снимател од една македонска телевизија и Б.У. (35) од Косово - снимател на телевизија од Косово. Во координација и по насоки на Јавен обвинител, по извршениот разговор - лицата се пуштени. Од страна на СВР-Скопје ќе биде доставено известување до Основното Јавно Обвинителство за досегашните превземени мерки.


На 02.11.2017 година во 11.45 часот, Т.Т. (47) од с.Јурумлери, скопско, пријавил дека на 01.11.2017 година околу 19.00 часот на автобуска станица на бул. „Александар Македонски“, од страна на три непознати лица физички бил нападнат неговиот 15-годишен син. Непознатите лица го удриле неколку пати со тупаници и клоци во пределот на главата и телото и му нанеле видливи повреди. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.


На 03.11.2017 година во 03.30 часот, Н.Б. (33) од с.Негорци, гевгелиско, пријавил дека на 02.11.2017 година околу 23.30 часот на бул. „Јане Сандански“ во Скопје заедно со неговиот чичко К.Б. (53) и неговиот брат Г.Б. (56), двајцата од с.Негорци, физички биле нападнати од седум-осум непознати лица. Според пријавеното, напаѓачите ги удирале со  тврди предмети , боксови  и  клоци во пределот на  телото и главата, со што им нанеле видливи повреди. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.


На 02.11.2017 година во 10.45 часот на место викано „Шарковец“, во нива во с.Добри Дол, скопско, од членови на неговото семејство, бил пронајден починат М.А. (57) од с.Добри Дол. Тој на 31.10.2017 година од дома заминал да изведува земјоделски работи. Тракторот со кој орал бил на околу 10 метри оддалеченост од телото. Смрт без траги на насилство била констатирана од страна на лекар. Со одобрение на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на семејството.


На 02.11.2017 година околу 17.10 часот во изнајмен апартман на ул. „Томе Арсовски“ во Скопје бил пронајден починат М.М. (44) од Италија. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител, телото било предадено на судска медицина за обдукција. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.   
На 02.11.2017 година околу 11.00 часот на место викано „Перево Трло“ во с.Агино Село, кумановско, пред викендица сопственост на Љ.С. (72) од Скопје, непознат сторител извршил разбојништво над Љ.С. и неговиот пријател Д.Т. (70) од Скопје. Сторителот со закана со пиштол од Љ.С. одзел 330 денари и мобилен телефон, а од Д.Т. одзел 1.600 денари, мобилен телефон и прстен. После тоа ги заклучил во викендицата и побегнал со патничко возило „Фолксваген Голф“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на зетот на Љ.С. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето и за целосно расчистување на случајот.


На 02.11.2017 година околу 20.40 часот во спортска обложувалница на ул. „Теодосиј Гологанов“ во Скопје непознат сторител извршил разбојништво над вработените. Сторителот со закана со пиштол го одзел дневниот промет и побегнал во непознат правец. СВР Скопје презема мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.


На 02.11.2017 година околу 23.00 часот во спортска обложувалница на ул. „Тодор Ципоски Мерџан“ во Тетово непознат сторител извршил разбојништво над вработениот. Сторителот со закана од нож од вработениот одзел околу 25.000 денари и побегнал во непознат правец. СВР Тетово презема мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.


На 02.11.2017 година околу 13.30 часот во менувачница на ул. „Московска“ во Скопје непознат сторител извршил разбојништво во обид.  Сторителот се претставил како вработен во Управата за јавни приходи и побарал да влезе позади пултот, но вработената не му дозволила. Потоа излегол надвор и со камен почнал да удира во шалтерското стакло. Во тој момент вработената го вклучила алармот, а сторителот избегал. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.  


На 02.11.2017 година околу 12.00 часот на ул. „Бутелска“ во Скопје, од непознати причини, во движење се запалило патничко возило „Пежо 406“ со скопски регистарски ознаки, сопственост  на општина Бутел. Возилото било опожарено во пределот на моторот, а било изгаснато од случајни минувачи. Повредени лица нема. Се преземаат мерки за утврдување на причините за настанување на пожарот.  


На 27.10.2017 година, од засега непознати причини, од својот дом во непознат правец се оддалечил С.И. (38)  од с.Требош. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.


На 02.11.2017 година во 14.15 часот на регионалниот пат Дебар – Маврово, поради илегално преминување на државната граница и нелегален престој, од страна на полициски службеници биле приведени Д.Ц. (30) и А.В. (22), двајцата од Република Албанија. На двајцата им била изречена мерка – протерување на странец со забрана за влез во траење од шест месеци.


СВР Тетово  поднесе кривична пријава против И.А. (28) и М.М. (26), двајцата од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.  На 30.07.2017 година околу 02.10 часот на паркинг простор во Тетово полициски службеници на пријавените им наредиле да ги извадат предметите од нивните џебови. М.М. ја одбил наредбата и започнал вербално да се расправа, по што физички нападнал еден полициски службеник.
 
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против  Б.И. (34) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено  кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 08.02.2017 година во 14.00 часот во Струга, при преглед, полициски службеници кај пријавениот пронашле  0,84 грама хероин и 10 ампули од два милилитри „Diazepam“.
                                
СВР Велес поднесе кривична пријава против Б.С. (46) од с.Бегниште, кавадаречко, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“  и   „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. Пријавениот во текот на 2017 година во близина на река Блашница, од викендици, украл експлозив, фитил, муниција и полуавтоматска пушка. Во текот на 2017 година, пријавениот  посадил два корена од растението канабис сатива и откако созреало го набрал и произвел марихуана.             
 
СВР Куманово поднесе кривична пријава против И.П. (23) од Република Украина поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправи“. Пријавениот на  30.10.2017 година во 08.30 часот, при влез во Република Македонија, за товарното возило „Волво“, кое го управувал прикажал фалсификуван зелен картон и возачка дозвола.
 
Полициската станица Радовиш поднесе  кривична пријава против  Џ.Д. (22), Б.Б. (18), С.Д. (28)  и И.Д. (32), сите од Радовиш, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба на шума“. На 17.10.2017 година околу 10.00 часот  на место викано „Јорданина Чешма“, на планина Плачковица,  пријавените исекле и одзеле  18,62 метри кубни буково техничко дрво. Дрвата ги однеле во дворот на Џ.Д.. Дел од дрвата ги продале и се стекнале со противправна  имотна корист од околу 195.500 денари.