Извадок од дневните настани 05.11.2017

На 04.11.2017 година околу 04,30 часот на регионалниот пат Струмица-с.Банско, на излез од с.Куклиш, се случила сообраќајна незгода во која непознато возило управувано од засега непознат возач удрило во пешакот А.А.(72) од с.Куклиш, кој од здобиените повреди починал, а возачот го напуштил лице местото. Увид на лице место извршила екипа од Секторот за внатрешни работи -Струмица, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција.
На 04.11.2017 година во 22,15 часот во Скопје на бул.„Никола Карев“  на крстосница со ул.„362“ се случила сообраќајна незгода помеѓу возило „БМВ 530Д“ управувано од Џ.М.(24) од Скопје, возило „Пежо“ управувано од В.Л.(37) од Скопје, возило „Ауди А6“ управувано од М.Т.(46) од Скопје и возило „Фиат Добло“ управувано од С.С.(48) од Скопје. Од незгодата со телесни повреди се задобиле, возачот на „БМВ“ Џ.М. и сопатничката во истото возило Џ.М.(20) од Скопје, кои биле пренесени во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, а по укажаната лекарска помош се пуштени на домашно лекување. Увид на лице место извршила екипа од Секторот за внатрешни работи -Скопје.
На 04.11.2017 година во 23,40 часот во Скопје во Градски парк, од страна на четири засега непознати машки лица извршено е разбојништво над Н.Б., при што му се одземени 500 денари. Имено, сторителите со закана со нож му побарале пари, по што оштетениот извадил од џебот 500 денари и им ги дал по што сторителите заминале во непознат правец. Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
На 04.11.2017 година околу 07,00 часот на патниот правец Ресен-Битола, на паркинг во близина на техничкиот преглед на излез од градот, во сопственото возило „Поло“ починат бил пронајден М.П.(34) од Ресен со прострелна рана во пределот на главата. Во внатрешноста на возилото пронајден бил пиштол марка „ХС“ калибар 9мм и најверојатно станува збор за самоубиство. Смртта е констатирана од итна медицинска помош и увид е извршен од екипа на Секторот за внатрешни работи Битола, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција.
На 05.11.2017 година во 05,18 часот, Ф.А. пријавил дека на ул.„Антон Попов“, населба Кисела Вода, од страна на непознат/и сторител/и, од возило во движење биле испукани проектили од огнено оружје, по што возилото со голема брзина го напуштило лице местото и се упатило во непознат правец. Од страна на полициски службеници излезено е на лице место, извршен е увид и подигнати се предмети за вештачење.  Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 04.11.2017 година околу 21,00 часот во с.Зубовце-Гостивар, во куќата на неговиот дедо, 10 годишен малолетник додека бил сам во една од собите, со леткум загревал куршум од гасен пиштол во пределот на капислата, при што истиот пукнал и му нанел повреда во пределот на показалецот на левата рака. Повреденото дете е пренесено во Медицински центар -Гостивар и по укажаната лекарска помош е пренесено во Медицински центар -Скопје. Увид на лице место извршила екипа од Полициска станица -Гостивар.
На 04.11.2017 година во 15.20 часот на Граничен премин „Табановце“ на излез од Р.Македонија, од страна на полициски службеници од слобода е лишен А.Н.(24) од  с.Батинци, бидејќи по извршена пасошка контрола констатирано е дека евидира во СТОП-листа, односно е предмет на потрага за издржување затворска казна во траење од еден месец и 20 дена за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“.
На 04.11.2017 година во Полициска станица Драчево, Б.Б., А.Ј. и С.П., пријавиле дека од месец Јули 2017 година до денот на пријавувањето, на гробиштата во с.Драчево, од страна на непознато/и лице/а извршено е оштетување на три надгробни плочи. Увид на местото на настанот извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Скопје.