Извадок од дневните настани 07.11.2017

На 06.11.2017 година во 12.30 часот во Полициската станица Кисела Вода, пријавено е дека при изведување градежни работи на локацијата „Сончев град“, во с.Сопиште, скопско, во канализациска шахта, било откриено човечко тело  во напредна фаза на распаѓање. Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Скопје. По наредба на Јавен обвинител телото било предадено на обдукција. Се работи на идентификација на телото и целосно расчистување на случајот.    

На 06.11.2017 година околу 08.50 часот било пријавено дека на ул. „Гевгелиски партизански одреди“ во Гевгелија, при изведување на градежни работи, С.А. (61) од Гевгелија паднал од  голема висина при што од здобиените повреди починал на местото на настанот. Смрт без траги на насилство била констатирана од страна на лекар од Итна медицинска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гевгелија. По наредба на Јавен обвинител телото било пренесено во Институтот за судска медицина Скопје за обдукција.     

На 06.11.2017 година околу 19.00 часот на ул. „Илинденска“ во Тетово, поради нарушени меѓусебни односи, настанала тепачка помеѓу два малолетника на возраст од 16 и 17 години, двајцата од Тетово. Во тепачката, 16 -годишникот со нож му нанел убодна рана во пределот на стомакот на 17-годишникот. Потоа напаѓачот побегнал, а повредениот бил пренесен во Медицински центар Тетово, каде му била укажана лекарска помош и се наоѓа надвор од животна опасност. Во присуство на родител, 16- годишникот подоцна се пријавил во Полициската станица Тетово, каде што го предал ножот. СВР Тетово презема мерки за целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.     

На 06.11.2017 година во 17.20 часот, А.Ј. (28) од Скопје пријавил дека истиот ден во основното училиште „26-ти Јули“ лицето З.К. (50) од Скопје, наставник  во училиштето, физички го нападнал неговиот 12- годишен син. Според пријавата, тој го удрил детето во пределот на лицето, со што му нанел видлива повреда во вид на црвенило од левата страна на образот.  Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

На 06.11.2017 година во 15.30 часот, поради постоење основи на сомнение дека е сторител на кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, по член 215 од КЗ на Р.М., полициски службеници од Полициска станица Гостивар, привеле 17-годишник од Гостивар. Кога пристигнале во Полициската станица, Н.Н. (36) од Гостивар, мајка на малолетникот, почнала да ги омаловажува и да им се заканува на полициските службеници, а во еден момент се обидела да удри еден од нив. Таа била лишена од слобода и задржана во Полициска станица за понатамошна постапка. За настанот бил известен Јавен обвинител.

На 06.11.2017 година во 11.17 часот било пријавено дека на ул. „Радишанска“ во Скопје избувнал пожар во куќа сопственост на П.С. (72). Во пожарот биле зафатени  две простории од долниот кат на куќата. Повредени лица нема. Пожарот бил изгаснат во 12.30 часот од екипа од Бригадата за противпожарна заштита. Се преземаат мерки за утврдување на причините за настанување на пожарот.

На 06.11.2017 година околу 04.00 часот било пријавено дека во с.Одри, тетовско, од засега непознати причини избувнал пожар  во  плевна  сопственост на Н.Н. (57). Во пожарот целосно изгорела плевната во која имало 150 бали сено и 100 килограми јачмен. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Тетово. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово. Се преземат мерки за утврдување на причините за настанување на пожарот.  

На 06.11.2017 година во 23.00 часот на Граничен премин „Деве Баир“, при пасошка контрола било констатирано дека од пасошот на Т.Џ. (29) од Република Албанија биле отстранети неколку страници.  Поради постоење основи на сомнение дека е сторител на кривично дело „фалсификување на исправа“, Т.Џ. бил лишен од слобода и предаден во Полициска станица  Крива Паланка за понатамошна постапка.   

Полициската станица Дебар поднесе кривична пријава против Н.Р. (51) од с. Раковец, општина Боговиње поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “приредување на игри на среќа без лиценца, односно дозвола од надлежен орган“. Тој, во периодот од 15.10 до 19.10.2017 година, во деловен објект во Дебар неовластено организирал и приредувал игри на среќа-спортската обложувалница. Тоа го направил без да поседува лиценца, односно дозвола издадена од Министертсво за финансии и на тој начин ги прекршил одредбите на Законот за игри на среќа и забавни игри.  

Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против Ш.К. (33)  и Ш.К. (41), двајцата од с.Черкези, кумановско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “насилство”. Ш.К. (33) на 26.09.2017 година околу 15.00 часот, во кафе бар на улица „Илинденска“ во Куманово со клуч за одвртување на тркала на возило го нападнал А.М.(39) од с.Черкези, а  Ш.К. (41) го удирал со тупаници и клоци во пределот на главата и телото.  

Секторот за внатрешни работи Тетово поднесе кривична пријава против А.В. (38) од с. Доброште поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“.  Тој на 02.10.2017 година околу 18.15 часот  во с. Доброште физички го нападнал  З.С. (32) од истото село. Притоа, З.С. паднал во бесознание и бил пренесен во Клинички центар Тетово каде што  му биле констатирани тешки телесни повреди.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против М.И. (29) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „приредување на игри на среќа без лиценца“. М.И. во текот на  септември 2017 година, во објект на ул. „Беличица“ во Гостивар,  организирал и приредувал игри на среќа без издадена лиценца од надлежен орган.  На 04.09.2017 година, при контрола од полициски службеници, во објектот биле затекнати лицето М.И. и вработени, при што биле одемени шест телевизори, четири компјутери, четири монитори, четири „глувчиња”, еден печатар за  тикети, четири билтени, девет одиграни ливчиња, како и  39.220 денари.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава  против О.Б. (27) од с. Видуше, Маврово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на исправа“. На 17.09.2012 година во Одделот за возачки дозволи при СВР Тетово, во прилог на барањето за замена на возачка дозвола, приложил фалсификувана потврда за престој во Република Албанија за период од декември 2011 година до октомври 2012 година и возачка дозвола издадена од Република Албанија, за која што од  Секторот за меѓународна полициска соработка, било доставено известување дека била фалсификувана и заменета за оригинална возачка дозвола издадена од Република Македонија.

Во врска со сообраќајната незгода која се случи на 05.11.2017 година околу 21,00 часот (објавена во Билтенот на 06.11.2017) на магистралниот пат Велес-Штип-Кочани утврден е идентитетот на починатото лице-пешак, се работи за  Н.С.(47) од Скопје. По дадени насоки на Основното јавно обвинителство Штип и по извршената обдукција и препознавање, телото е предадено на семејството.