Извадок од дневните настани 09.11.2017


  На 08.11.2017 година во 15,30 часот на регионалниот пат Маврови Анови-Дебар, во близина на бензинската пумпа на “Макпетрол“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки управувано од Ј.Џ.(46) од с.Голема Речица, тетовско, и товарно моторно возило „МАН“ со полуприколка, со тетовски регистарски ознаки сопственост на правно лице а управувано од М.Б.(33) од с.Челопек-Тетово.    Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците во “мерцедесот“ Е.Џ.(37), и осумгодишно дете додека, пак, уште две деца на возраст од 10 и три години, како и новороденче, се здобиле со телесни повреди. Сите повредени лица се пренесени во Медицинскиот центар во Дебар, а по укажаната лекарска помош се пренесени во Клинички центар Скопје. Увид на лице место извршила екипа од Полициската станица Гостивар.
На 08.11.2017 година околу  13,30  часот на автопатот Скопје- Велес се случила сообраќајна незгода во која М.Н. (67) од Штип управувавајќи патничко возило „Санјонг“ со штипски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и удрил во карпа. По ударот, возилото излетало од патот. Во несреќата М.Н. се здобил со телесни повреди а неговата сопатничка Н.Н. (62) се здобила со тешки телесни повреди. Двајцата со возило на итната медицинска помош се префлени во Ургентниот центар во Скопје каде им е укажана лекарска помош.
На 08.11.2017 година околу 18,30 часот во с.Дебреште-Прилеп, се случила сообраќајна незгода во која И.А.(51) од с.Дебреште, управувајќи возило „Голф“ со прилепски регистарски ознаки, удрил во пешакот А.М.(80) од с.Дебреште. А.М кој се здобил со тешки телесни повреди е пренесен во Медицински центар-Прилеп, каде во 22,00 часот починал. Увид на лице место извршила увидна екипа од Полициска станица-Прилеп.
На 08.11.2017 год. во 13,30 часот на автопат Скопје - Велес на место викано „Фазенерија“, се случила сообраќајна незгода во која Т.К. (64) управувајќи патничко возило “Мерцедес  Ц180“ со прилепски регистарски ознаки изгубил контрола над управувачот и со возилото удрил во патоказна табла и се здобил со тешки телесни повреди. Од незгодата со телесни повреди се здобил и неговиот сопатник С.И.(56) од Прилеп, Двајцата со возило на брза помош биле пренесени во Градската општа болница Св. Наум Охридски во Скопје.
На 09.11.2017 година околу 02,20 часот во Скопје на ул.„Ангел Динев“, во такси возило „Мерцедес“, управувано од В.М. од Скопје, влегле три машки лица на возраст од околу 20 до 25 години и му рекле на возачот да вози во правец на населбата Ѓорче Петров- 2. Кога стигнале кај бензинската на “Макпетрол“, лицата побарале од В.М. да сврти десно на ул.„Панајот Гиновски“, а потоа застанале пред локален маркет. Го прашале В.М. колку треба да платат, но во наредниот момент лицето што седело зад возачкото седиште извадило нож и му го ставило ножот под грлото со сериозна закана по неговиот живот. Притоа, му го побарале прометот, а второто лице кое седело на задното седиште зад совозачкото го удрило В.М. со тупаница во пределот на лицето, додека третото лице кое било на совозачкото седиште од десниот џеп му одзело околу 9.840 денари, а од левата рака му го одзел рачниот часовник марка “Касио Едифис“. По ова трите лица излегле од возилото и побегнале. Секторот за внатрешни работи Скопје превзема мерки за пронаоѓање на сторителите.
На 08.11.2017 околу 14,00 часот од страна на полициски службеници на ПС Центар констатирано е нарушување на јавен ред и мир од страна на две лица А.Х. (17) и К.А. (18) кои што во Средното училиште “Јосип Броз Тито“ по претходна вербална расправа се степале разменувајќи си по неколку удари во пределот на главата и телото, со што се здобиле со телесни повреди во вид на модринки и црвенило. Од страна на полициски службеници сочинети се два записника за констатиран прекршок по член 11 од ЗПП ЈР. Во врска со истиот настан примени се и две дополнителни пријави. Првата од страна на К.А. (18) кој пријавил дека околу 13,30 часот физички бил нападнат од Б.Х. (49) (родител на А.Х.), кој откако видел дека неговиот син А.Х. физички се пресметува, почнал со тупанци да го удира К.А. нанесувајќи му повреди по главата. Втората пријава е од Е.И. (38) која пријавила дека нејзиниот син К.И. (17) кој се обидел да ги раздвои А.Х. и К.А. физички бил нападнат од Б.Х. (49) со неколку удари по главата. Се работи на расчистување и на овие пријави.
На 08.11.2017 година во 13,40 часот во с.Николич, кај м.в.„Црква“, од страна на патролен тим од Полициска станица за граничен надзор Стар Дојран, при обид за илегален премин на македонско-грчката граница биле лоцирани и приведени Б.В.(35), Б.К.(25) и Ф.Г.(26), сите државјани на Република Албанија. Приведените потоа се предадени на полициски службеници при Регионалниот центар за гранични работи „Југ“ за понатамошна постапка.
На 08.11.2017 година во 00.30 часот Ј.Е.(51) од Скопје пријавил дека претходниот ден  (07.11.) околу 22.00 часот на ул. „Драган Ѓаконовски Шпато“ во угостителски објект, негова сопственост, од страна на В.К. бил физички нападнат. Имено В.К. поради незадоволство од постоечката музика во објектот, физички го нападнал пријавителот удирајќи го со тупаници по главата од кои Ј.Е. паднал на подот и се стекнал со видливи повреди, црвенило и оток на челото, посекотина на носот и гребаница и подлив на тилот. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Секторот за внатрешни работи Битола поднесе кривична пријава против Ф.С.(34) и З.Н.(36), двајцата од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “разбојништво“. Пријавените на 05.11.2017 година околу 20,30 часот, во Битола, на улица “Втора Бригада“ во близина на домот на Н.Т. и А.Т., по вербална расправија, физички ги нападнале оштетените, при што второпријавениот, насилно од  Н.Т. одзел 3.000 денари.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава  против Г.М.(44) од Гостивар, полициски службеник во Полициска станица Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “употреба на исправа со невистинита содржина“, и И.У.(54) од село Беловиште, Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “помагање“ во врска со “употреба на исправа со невистинита содржина“. Првопријавениот во текот на 2015 година, извршил регистрација на моторно возило “Мерцедес Бенз МЛ 320“, сопственост на второпријавениот, и покрај тоа што возилото не ги исполнувало пропишаните нормите и стандарди. Притоа,  првопријавениот направил договор за купопродажба на  возилото, склучен во Р. Швајцарија, помеѓу второпријавениот  како купувач и лицето Е.М. како продавач, иако знаел дека второпријавениот  не бил во Р. Швајцарија. По ова Г.М. договорот го приложил како доказ во  Одделот за управни работи при Полициска станица Гостивар. И.У. на првопријавениот му приложил и Потврда за пријавен престој во Р. Косово, во којашто било наведено дека тој престојувал во странство од 09.12.2014 година до 18.12.2014 година. Потоа Г.М. ја изменил потврдата, и навел дека се однесува на временскиот период од 09.12.2013 година до 18.12.2014 година, по што потврдата ја приложил во Бирото за метеорологија при Министерство за економија на Р.Македонија.