Извадок на дел од дневните настани11.11.2017

На 10.11. 2017 година во Полициската станица Гостивар 18 годишно лице од с. Добри Дол, гостиварско, пријавила случај на уцена од страна на лице од Тетово. Според пријавата пријавителката подолг период (три недели) се соочувала со закани и уцени од дваесетгодишно лице од Тетово којшто преку телефонски пораки и повици барал од неа 400 евра, за да необјави, јавно, нејзини компромитирачки фотографии. По пријавата СВР Тетово презеде мерки и активности и го индетификуваше лицето што наводно ја уценувало пријавителката. Се работи на целосно расчистување на случајот.

На 10.11.2017 година во 20,00 часот од страна на патрола од униформирани полициски службеници од Полициската станица за гранично преминување и граничен надзор “Богородица“ и униформирани полициски службеници од Република Хрватска на автопатот Гевгелија - Скопје во близина на бензинската  пумпа од правец кон с.Удово биле забележани две сомнителни патнички моторни возила,  „Опел Вектра“ со штипски регистарски ознаки и „Форд Мондео“ со гевгелиски регистарски ознаки. Патролата им дала светлосен и звучен знак на возилата да застанат, но истите со зголемена брзина се упатиле по регионалниот пат кон Струмица. На раскрсницата кај с.Раборци го промениле правецот на движење по што се упатиле кон с.Попчево. Во 20,45 часот на шумскиот пат во близина на браната во с.Водоча, возачот  на “Форд Мондео-то“ излегол од возилото додека истото било во движење и се качил во Опелот, кој бил во близина, и со голема брзина се упатиле кон с. Водоча-Струмица. При претресот на возилото Форд Мондео пронајдени се 10 мигранти и уште тројца мигранти кои биле  во непосредната околина. Тие се однесени во Полициската станица за граничен надзор и граничен премин Богородица за понатамошна постапка.

На 10.11.2017 година во 21.00 часот во Полициската станица Карпош, А.Г. вработен во домот „Здравко Цветковски“ - Скопје, пријавил  дека  во 18.05 часот во Скопје на бул.„Партизански одреди“ кај автобуската постојка извршено е разбојништво врз две малолетни лица  А.М. од Ресен и М.Б. од с. Другово-Кичево, штитеници на домот  „Здравко Цветковски“. Според пријавата, додека А.М. и М.Б. чекале автобус, им пришле три непознати лица на возраст од околу 20 години, двајца од нив извадиле ножеви и со  закана им побарале да им дадат се што имаат во себе, по што А.М. извадил 300 денари кои ги имал во себе и им ги дал, а М.Б. го фатиле за врат и го удриле со тупаници во пределот на главата, по што избегале. Секторот за внатрешни работи Скопје презема мерки за пронаоѓање на сторителите и расчистување на случајот.

На 10.11.2017 година во 21.45 часот во Полициската станица Центар, Ј.Г пријавила дека околу 18.15 часот во Скопје  во непосредна близина на Универзална сала, три непознати лица со закана со нож извршиле разбојништво врз нејзинот седумнаесет годишен син Д.Г. и му одзеле 300 денари. Секторот за внатрешни работи Скопје презема мерки за пронаоѓање на сторителите и расчистување на случајот.

На 10.11.2017 година во 15.00 часот во нива на влезот во с. Арачиново-Скопје, пронајдено е напуштено патничко моторно возило “Фолксваген Голф“ со велешки регистарски ознаки, во кое била пронајдена и скопска регистарска таблица. Од извршените проверки утврдено е дека пронајдената табличка во возилото е оригиналната табличка  сопственост на лице со иницијали П.С. од Скопје и дека истото е предмет на кривично дело “разбојништво“ случено во с.Агино Село на 03.11.2017 година, а додека другата регистарска табличка е од патничко моторно возило “Застава Југо“, сопственост на Р.Р. од Неготино. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело “насилство “, СВР Охрид поднесе кривична пријава против О.М.(23) од Охрид. Пријавениот, казненото дело го сторил на 22-ри минатиот месец во 23,40 часот на булевар „Туристичка” во Охрид. Тој, со употреба на звучни сигнали успеал да сопре патнички автомобил марка „Форд Фокус“ со охридски регистарски таблици управувано од М.У. од Охрид. Пријавениот, со раце и нозе започнал да удира по каросеријата од “форд фокус-от“ а потоа го скршил стаклото од задната шофершајбна. Пријавениот О.М. ја отворил предната лева врата од возилото и физички го нападнал возачот М.У. удирајќи го со тупаници во пределот на главата и стомакот.

На 10.11.2017 година во 17 часот во Скопје И.Т. (44) пријавила дека во нејзината продавница во населбата Ќерамидница дошле две непознати лица на возраст од околу 50 години со патничко моторно возило „Мерцедес“. Според пријавеното, едно од лицата ја побарало З.Т. (26) - ќерка на И.Т., за, како што рекло, според пријавеното, да се договори со неа за гласање во Советот во општина Гази Баба, а за тоа понудил помош околу семејниот бизнис и поубаво работно место за З.Т. Во спротивно, според пријавеното, лицето се заканило дека ќе фрлело молотов коктел во продавницата. На лице место се упатени полициски службеници од ПС-Гази Баба и известен е јавен обвинител. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.